Кичево
Отворените сливници на магистралниот пат во Кичево закана за возачите (ФОТО)
Подолг период дел од сливниците на магистралниот пат низ Кичево се останати без решетки, кои се украдени од непознати лица и кои претставуваат постојана опасност за возилата кои во голем број секојдневно поминуваат по овој транзитен пат, но и закана за локалните жители, кои се движат по тротоарите.
Овој патен правец, од поширока важност е под надлежност на државата и таа е обврзана редовно да го сервисира и да ги санира сливниците без решетки, напоменуваат од локалната самоуправа.
– Со месеци па и години, дел од сливниците на магистралниот пат што поминува низ Кичево се без решетки, и тоа претставува постојана опасност за учесниците во сообраќајот, бидејќи може да се случи некое возило да помине низ овие отвори, загуби контрола и да се најде на тротоар, каде многу често поминуваат пешаци. Ништо помал проблем за нас кои тука често поминуваме се токму затнатите сливници, кои при врнежливо време се полнат со вода и често се случува кога возилата во голема брзина поминуваат крај полните сливници, да ве намократ до гола кожа- се жалат жителите од блиската населба, кои многу често се движат крај сливниците полни со вода, на кои неодложно треба да се стават решетки.
За да се избегнат поголеми последици, во празните сливници совесни граѓани поставуваат гранки, за да бидат видливи од далечина за возилата кои тука во голем број секојдневно поминуваат.
Фото и Текст: Зоран Антоски
Кичево
(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..
После солистичкиот концерт на 22.12.2023 со мотото „Stars without a Sky“, тимот на Лука Лазарески продолжува со макотрпна работа, сега со креирање на аудио и видео записи. Во агендата ова е прво видео, додека на плејадата се токму 8.
Овој млад виртуоз кој ја има поддршката речиси од сите, се разбира и од нас како медиумски покровители, додека неговата работа ја следат токму сите светски и реномирани компании кои следат многу млади таленти, а вредно е да се споменат „iStyle Premium, Atlantic Grupa, ATVA Residence, Маркети „АТВА“ и останати“
Сега, ве препуштаме да уживате во одличниот видео запис и прекрасната „Spring Waltz“, отсвирена на 8-ми мај 2022 година во чест на Владиката Партениј, Игумен на Бигорската обител, на големиот Велигденски концерт во Кичево – „На многаја лета, Владико на нашите срца!“
Повеќе за неговиот концерт ќе најдете на официјалниот линк ТУКА
Кичево
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
Мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи Кичево и Полициските одделенија Зајас и Осломеј кои се во негов состав.
Во рамки на посетите министерот Тошковски одржа состаноци со раководствата на организациските единици и беше запознаен со структурата, тековните активности, движењето на криминалитетот и состојбата со човечки ресурси и техничка опременост.
– „Генерално на територијата на ОВР Кичево каде живеат повеќе од 50 илјади жители има стабилна безбедносна состојба и има над 50% реализација на кривични дела и покрај фактот што има ниска пополнетост со полициски службеници и стари возила. Што се однесува до Полициските одделенија Зајас и Осломеј се забележува намалување во делот на евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, а во делот на човечки ресурси и материјално-технички средства состојбата е како и во најголемиот дел од организациските единици“, за медиумите истакна министерот Тошковски.
ФОТО:
Извор: Министерство за внатрешни работи
Кичево
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
Кичевското осново училиште Д-р „Владимир Полежиноски“ оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска во рамките на проектот „Размислувам, избирам, учествувам, Ученикот како активен граѓанин.“
Утре петок, 19.04.2024, со почеток од 11:00 до 13:00 часот во училиштето ке се одржи „Safe Spot Festival“ со тема – Интернет безбедност, така што колегиумот упатува покануваме до сите, да присуствуваат на овој настан, ќе биде забавно.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (19 април)
-
Кичево1 ден
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Култура12 часа
Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Балкан1 час
Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во нејзиниот стан, жалната вест силно одекна во Србија, колегите и блиските се простуваат од неа
-
Хороскоп36 минути
Хороскоп за сабота (20 април)
-
Кичево2 часа
(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..
-
Хроника1 ден
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.