Следете не

Здравје и убавина

Ова е најмоќниот лек против воспаление на синусите

Avatar

Објавено пред

на

Овој лек од рен и оцет е навистина моќен во борбата против воспаленија на синуси и главоболките кои се задолжителен симптом.

Се што треба да направите е да изрендате рен и да го прелиете со половина литар вински оцет.

Мешавината ставете ја во стаклено шише и добро затворете. Чувајте ја 10 дена на собна температура, со повремено мешање.

Кога ќе поминат овие 10 дена, неколку пати во текот на денот отворете го шишето и правете инхалации околу 5 минути.

Истата течност може да ја ставите на парче памук или ткаенина и да ја држите како облога.

Терапијата трае 5 дена, што е сосема доволно. Можете да ја повторувате најмногу 2 пати во месецот.

Уште еден рецепт против воспалени синуси е да изрендате 50 грама рен во половина литар вода и да ставите да зоврие. Потоа правете инхалации, покриени со пешкир

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.


Здравје и убавина

Кафе на празен стомак и не е баш добра идеја, еве зошто..

Avatar

Објавено пред

на

Прашањето дали кафето е здраво или не, се уште трае, но она што со сигурност може да го кажеме е тоа дека кафето на празен желудник не е ниту најмалку добра идеја. Шолја кафе на празен желудник претставува вистински удар за организмот.

Неоспорно е тоа дека кафето претставува значаен извор на антиоксиданси. Докажано е дека има ефект во превенцијата на некои малигни заболувања, како што е карциномот на дебелото црево. Но, влијанието на кафето врз нашиот организам може да биде и прилично негативно – особено ако се пие на празен желудник.

Шолја чисто црно кафе на празен желудник стимулира излачување на хлороводородна киселина во дигестивниот систем, а тоа многу брзо ќе го почувствуваат личностите кои се подложни на гастритис.

Во овој случај не се поштедени ниту оние кои немаат никакви здравствени проблеми, бидејќи хлороводородната киселина се користи за разградување на храната, а ако не сте појадувани, тогаш дефинитивно ќе имате проблеми во текот на останатите оброци. Особено тешко ќе се разградуваат протеините. А тоа е проблемот број два.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.


Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Направете домашен сируп за воспаление на грлото

Avatar

Објавено пред

на

Болки во грлото е нешто што го среќаваме во кое било време од годината, но најмногу за време на студените месеци.

Тешкотии при голтање, засипнатост, иритирано и болно грло придружено со чувство на печење се најчестите симптоми на воспаление, а може да ги ублажите со природни состојки.

Направете си едноставен сируп кој помага при воспаление на грлото.
Состојки за сируп од грло:

– 4 големи лажички мед
– 1 лажичка куркума во прав
– 1 лажичка ситно рендан ѓумбир
– 1 лажичка мелен лук
– ½ лажички цимет во прав
– ½ лажички лута пиперка во прав
– 4 лажици сок од лимон
– сок од 1 портокал

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.


Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Мажите кои се под стрес имаат негативно влијание врз плодноста

Avatar

Објавено пред

на

Резултатите од истражувањето објавени во списанието „Fertility and Sterility“ ги поврзуваат стресните настани со квалитетот, обликот и количината на спермата. По земањето предвид на репродуктивната здравствена состојба на испитаните поединци, истражувачите заклучуваат дека стресот е поврзан со квалитетот на спермата кај мажите.

– Мажите кои се често под стрес би можеле да бидат во група на оние кои во текот на ејакулацијата исфрлуваат мала количина сперма чија содржина и не е толку „квалитетна“.

Веројатно е дека сперматозоидите ќе бидат побавни и со неправилен облик, наведува др. Пам Фактор-Литвак, професор на Универзитетот Колумбија и додава дека се наведено може да биде и причина за неплодност.

Истражувањето вклучувало 193 мажи, од 38 до 49 години возраст, кои дале примерок на сперма на анализа.

Преку тестови се собрани податоци за количина на преживеан стрес и за тоа дали тој влијаел врз нив.

По анализата на сите собрани податоци, авторите заклучуваат дека стресот во голема мерка влијае на квалитетот на спермата и неплодноста.

Стресот поврзан со работното место немал преголемо влијание на наодите, а ефектот бил присутен без оглед на фактори како возраста, етничкото потекло или степенот на образование.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.


Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ЗанимливостиПред 8 часа

Вашите домашни животни не треба да се хранат со секаква храна, еве што не треба..

Бидејќи за нас е подеднакво важно кучето да биде здраво, како и во топ форма, ова е храната која треба...

АвтомобилиПред 8 часа

BMW планира до 2021 двојно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

БМВ објави дека има намера да ја дуплира продажбата на целосно електрични возила во 2021 година, пренесува Ројтерс. Вклучувајќи ги...

На денешен денПред 9 часа

На денешен ден – 17 јануари

1377 година – папата Григориј XI го врати папскиот престол во Рим, ставајќи крај на „заробеништвото“ на папата во Авињон....

ХороскопПред 10 часа

Денешен Хороскоп (17.01) недела

ОВЕН Нови пријатели, нови ставови и нови цели би можеле да излезат на сцената. Некои настани ќе ве поттикнат да...

АвтомобилиПред 11 час

(ФОТО) Револуционерниот концепт Mercedes F 100 го слави својот 30-ти роденден

Овој револуционерен концепт „Мерцедес-Бенц Ф100“ беше предвесник на многу иновативни решенија, кои некогаш беа третирани како „утопистички“, да станат вообичаени...

СпортПред 13 часа

(ВИДЕО) Коментаторот Стојановски со нов легендарен говор за одбојкарскиот успех

Коментаторот Стојановски со нова порака: Политичари, учете од овие момци што се борат за Македонија со целото свое срце Видеото...

КичевоПред 15 часа

(ФОТО) Кичевската перална „Виктор“ со топла вода на минусните температури

За прв пат во нашиот град покрај достапноста за самоуслужување на вашиот автомобил овозможено ќе биде перење со „топла вода“...

МакедонијаПред 17 часа

Денес 361 нови случаи на Ковид-19, 14 лица починале

Во последните 24 часа се направени 2176 тестирања, а регистрирани се 361 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 164 -Куманово...

Временска прогнозаПред 19 часа

Вечерва ќе биде најстудено до сега, ова се деталите..

Максимумот на поларниот бран кај нас доаѓа во текот на претстојната ноќ и ќе трае се до вторник, додека од...

КичевоПред 21 час

Кичевска парохија со важни информации по повод Богојавление Водици

Поради пропишаните владини мерки оваа година ќе изостане вообичаеното традиционално празнување на празникот Богојавление (Водици). Богослужбата на Водокрст (18. 01....

НАЈЧИТАНИ