Следете не

Здравје и убавина

Оваа зима стоплете се со масажа со масло од сусам

Avatar

Објавено пред

на

Маслото од сусам ќе ве загрее и е идеално за зимски масажи.

Маслото од сусам се покажа како одличен природен лек за третирање на сите состојби на кожата, првенствено за сувата и чувствителна кожа, која е склона кон воспаление.

Ова масло е природен антиоксиданс кој го забавува стареењето и ја намалува видливоста на лузните. За разлика од кокосовото масло кое има ефект на ладење, маслото од сусам загрева и е идеално за зимски масажи.

Ја лекува иритацијата на кожата, разни неправилности и болести како што се егзема и псоријаза и помага во проблемот со ослабената микроциркулација. Овозможува побрзо заздравување на гребнатини, рани и други оштетувања на кожата и придонесува за намалување на видливоста на лузните.

Маслото од сусам ги сврзува за себе токсините, па затоа е идеално за чистење на кожата и отстранување на нечистотиите од порите.

Високата количина на витамин Е ги спречува предвремените брчки и стареењето на кожата. Цинкот лекува осип, акни и мозолчиња. Маслото од сусам делува антибактериски и неговата примена на кожата помага при габични и бактериски инфекции.

Нанесете го маслото врз целото тело, почекајте 15 минути за да се апсорбира во кожата, а потоа може да се истуширате.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Здравје и убавина

Овој витамин најмногу му одговара на телото во заштита од вируси

Avatar

Објавено пред

на

Спроведеното истражување дојде до нови заклучоци

Заштитата на имунолошкиот систем е од витално значење во овој период. Силен имунолошки систем го штити организмот од вируси и бактерии и е клучот за спречување на сите болести.

Изборот на здрав начин на живот е наважен, како и земањето суплементи по потреба. Кога станува збор за суплменти, витамин Д е неопходен за да се одржи телото здраво, но исто така да може да се справи со респираторна инфекција во случај на инфекција на коронарна вирус.

Витаминот Д ги подобрува ефектите на моноцитите и макрофагите во борбата против патогените микроорганизми, кои се важен дел од имунолошката одбрана и исто така помага во намалувањето на воспалението.

Особено за време на постудените денови, кога нема многу сончева светлина, многу луѓе се соочуваат со недостаток на овој витамин.

Истражувањето покажало дека може да помогне и во заштитата на дишните патишта, пишува британскиот весник „Експрес“.

Недостатокот на витамин Д може да влијае на имунолошкиот систем затоа што витаминот Д го зајакнува вродениот имунитет со регулирање на секрецијата на антимикробни пептиди кои ја подобруваат одбраната на организмот.„Неодамнешната мета-анализа покажа дека витаминот Д има смирувачки ефект врз инфекции на респираторниот тракт“, велат од Светската здравствена организација.

Се проценува дека витаминот Д доколку се користи како додаток во исхраната би се намалиле заболените случаи. Во студијата се наведува: „Витаминот Д се чини дека е способен да ги инхибира белодробните воспалителни реакции додека ги зајакнува вродените одбранбени механизми против респираторните патогени“.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Народен лек против холестерол и висок крвен притисок

Avatar

Објавено пред

на

Добро ни се познати благодетите од билките и нивните лековити својства. Различни билки вилјаат на различни состојби, а во прилог ви даваме рецепт за подобро здравје.

АНТИОКСАДНТ, ПРВ ВО РЕДОТ НА БОРБАТА ПРОТИВ ХОЛЕСТЕРОЛ И ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК

Потребно:

1 супена лажица шипинки, цел плод, исушен или свеж

1 супена лажица трнинки (плод од трнот) исушен или свеж

Заедно двете растенија се потопуваат во 1 литар ладна вода. Се варат 5 минути или додека водата не зоврие. Се лади напитокот и се конзумира по 250 грама дневно. Во комбинација со претходниот рецепт, вие заборавате на грип, настинка, вирус, па дури и на потешки заболувања.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Колку треба да се движиме за да го собориме вишокот килограми?

Avatar

Објавено пред

на

Губењето килограми не секогаш мора да се состои од исцрпувачкото трчање или поминување на голем број часови во теретана.

Пешачењето може да да биде подеднакво ефективно доколку поминете доволно време во движење.

На пример, доколку пешачите со брзина од четири километри на час ќе потрошите 400 калории. Направите за мерење на чекорите може да ви бидат од голема корист при ова.

Со поминување на еден километар, што изнесува некаде околу 2.000 чекори, ќе согорите 100 калории. Еден килограм е еднаков на 3.500 калории.

За да изгубите еден килограм неделно, потребно е да согорувате по 500 калории дневно.

За почеток, пешачете по 15-20 минути дневно, трипати во неделата.

Со текот на времето можете да го зголемувате времето на пешачење, како што ќе почувствувате дека телото ви се навикнува на оваа активност.

Важно е на себе да имате удобни обувки кои во никој случај нема да ви нанесуваат болка и да го прават движењето непријатно.

Со текот на времето, ќе видите дека движењето ќе ви стане навика во која воопшто нема да вложувате труд, па килограмите самите ќе се намалуваат, а вие ќе се чувствувате повитални и полни со енергија.

Друг позитивен ефект од пешачењето, особено користен за бремените жени, е што времето поминато во движење, особено навечер, го подобрува квалитетот на сонот, па наутро ќе се чувствувате наспани дури и доколку сте спиеле помалку часови.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 12 минути

Поскапи и течниот нафтен гас „плин“, ова е новата цена од денес

По ноќешното мало зголемување на цените од течните горива, од денес на повеќето малопродажни објекти плинот е со покачена цена...

МакедонијаПред 41 минута

И денес над 60 нови случаи регистрирани заразени од Ковид-19 во нашата држава, најавен прес во 15:00 часот

Повеќе од 60 нови случаи со Ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа во државава, а еден пациент е починат....

ХороскопПред 15 часа

Денешен Хороскоп (02.06) вторник

ОВЕН Подготвени сте да работите прекувремено и максимално да се посветите на работата за да остварите напредок. Доколку ви се...

МакедонијаПред 1 ден

РКЕ одлучи: Од ноќеска по оваа цена ќе точиме гориво

Регулаторната комисија за енергетика си објави новите цени на нафтените деривати кои ќе стапат на сила од полноќ. Малопродажните цени...

МакедонијаПред 1 ден

Денес 89 нови случаи на Корона вирус во нашата држава

Во последното деноноќие бројот на заразени повторно се зголеми. Бројот на нови позитивни случаи на Ковид-19 изнесува 89 случаи и...

КичевоПред 1 ден

Случаи со кучиња скитници како и 186 решенија за изолација, 585 казни за заштитни маски

Во текот на изминатото деноноќие (31.05/01.06.2020 година) на територијата на Македонија на 186 лица им се издадени решенија за изолација,...

МакедонијаПред 1 ден

Од денес започнува уписот на првачињата

Во период од денес, 1 јуни, до 30 јуни, во основните училишта во земјава ќе се запишуваат ученици во прво...

Временска прогнозаПред 2 дена

И денес слично како и вчера, краткотрајни локални врнежи од дожд можна е и ретка појава на грмежи, од четврток стабилизација на времето

Времето денес ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Можна е и ретка појава...

ХороскопПред 2 дена

Дневен Хороскоп (01.06) понеделник

ОВЕН Доаѓате до нови идеи, креативноста ви е денес нагласена и посветете се на тоа. Го променивте мислењето за саканата...

Живот и стилПред 2 дена

Ослободете се од целулитот за само 30 дена

Благодарение на овој рецепт за природен лосион, резултатите ќе ги забележите веќе за 30 дена. Не трошете пари на креми...

НАЈЧИТАНИ