Следете не

Без категорија

Овој дрегер може да препознае Ковид-19 преку здив

Објавено пред

на

Болница во францускиот град Лион тестира нов апарат кој е во состојба, со анализирање на здивот на пациентот, за само неколку секунди да открие дали има коронавирус.

Во тек е втората фаза на тестирање на овој апарат, и, за разлика од стандардниот ПСР тест, овој метод на тестирање не е инвазивен и веднаш го покажува резултатот.

Објаснувајќи дека апаратот работи на принцип сличен на оној на кој се заснова класичниот тест за алкохол, првиот човек на истражувачкиот тим рече дека уредот открива молекули во здивот на субјектот на тестот кои укажуваат на присуство на коронавирус во организмот.

Потребно е само лицето кое се тестира да дивне во цевката на апаратот, информира лондонски „Гардијан“, наведувајќи дека целта на француските истражувачи е уредот да стане целосно функционален до крајот на годината.

Извор: Republika.mk

Без категорија

Microsoft ќе ја исклучи поддршката за Windows 10 20H2 во мај

Објавено пред

на

За само неколку недели, на 10 мај 2022 година, Microsoft ќе ја прекине поддршката за корисниците кои не го ажурираат оперативниот систем Виндоус. Имено, тогаш поддршката за Windows 10, верзија 20H2, ќе престане.

Сепак, треба да се има предвид дека ова не е крај на поддршката за Windows 10 воопшто, бидејќи ќе трае до 2025 година. Со овој потег Microsoft сака само да ги „направи“ корисниците, доколку не сакаат да се надоградат на Windows 11, барем да имаат ажурирана верзија на оперативниот систем Windows 10. Компанијата објави дека по тој датум, на корисниците кои ќе повикаат поддршка за верзијата 20H2 ќе им биде наложено да ја надградат до најновата верзија, 21H2. Инаку, Microsoft од почетокот на оваа година агресивно ги тера корисниците да инсталираат нова верзија на ОС на нивните системи.

Што се однесува до крајот на поддршката, таа ќе се однесува на четири варијанти на Windows 10 20H2 OS, кои беа претставени во октомври 2020 година:

  • Windows 10 Home, version 20H2
  • Windows 10 Pro, version 20H2
  • Windows 10 Pro Education, version 20H2
  • Windows 10 Pro for Workstations, version 20H2

Извор: Betanews

Прочитај повеќе...

Без категорија

Од сега споделувајте видеа директно од YouTube на SnapChat

Објавено пред

на

Корисниците повеќе нема да мора да копираат или на друг начин да се обидуваат да споделуваат видеа на YouTube преку Snapchat.

Сега корисниците на Android и iOS можат директно да споделуваат видеа на YouTube преку Snapchat камера, било на Stories или на поединечни Snaps. Исто така, можно е да се применат креативни слоеви, како што е текстот, додека автоматизираните налепници на Snapchat ќе ги одведат гледачите директно до видеото, било во апликацијата YouTube или во веб-прелистувачот.

Сè што треба да направите е да кликнете на „сподели“ во апликацијата YouTube и да изберете Snapchat кога ќе се појави како опција. Snap истакнува дека ова е прв пат линковите на YouTube да можат визуелно да се споделуваат.

Новата опција ќе биде од посебно значење за оние кои сакаат да споделуваат пократки клипови, а за тоа на YouTube има Shorts кои се соодветни за апликацијата Snapchat.

Прочитај повеќе...

Без категорија

Вечерва во „Куќа на Уметност“ концерт во живо на Ален Хасановиќ

Објавено пред

на

Повторно на ваше барање во „Куќа на Уметноста“ доаѓа Ален Хасановиќ. Сите кои сеуште не го испланирале викендот и вечерта, слободни уште неколку места.

Резервации: 071/321-166

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин15 секунди

Ажурирајте го WhatsApp за Android и iOS сега

WhatsApp ја објави најновата закрпа за популарната апликација на Android, која ги обезбедува уредите од многу опасна ранливост. WhatsApp објави...

Магазин2 минути

Ова се првите слики од телефоните Samsung Galaxy S23 и S23 Plus

Иако до официјалниот датум на претставување на новата серија мобилни телефони Samsung Galaxy се уште некаде пет месеци (актуелната серија...

На денешен ден10 часа

29 септември – На денешен ден

1399 – Кралот Ричард II (Ричард) стана првиот англиски монарх кој абдицирал. Тој беше принуден да абдицира од благородниците кои...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за четврток (29 септември)

ОВЕН Можно е во текот на денешниот ден да успеете да склопите нови деловни контакти кои ќе ви значат многу...

Скопје19 часа

МВР приведе жена од Скопје, бидејќи истата ги принудувала своите малолетни деца да питачат

На 27.09.2022 во 17.30 часот на подрачјето на Аеродром-Скопје,  полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево ја...

Временска прогноза19 часа

Дождлив викенд, додека температурите остануваат високи, заладување ќе имаме следната седмица – ова се најновите метео вести за претстојните денови

До крајот на оваа недела времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до...

Кичево20 часа

Fecky Faris, Milan & Ultimusa овој викенд во Република 96250!

За сите љубители на лудите ритми, Република 96250 подготви одличен викенд полн со возбудливи настапи. Петок (30.09.2022) за одлична забавна...

Магазин20 часа

Од оваа недела WhatsApp воведува нова функција која ќе израдува многумина

Марк Цукерберг ја објави оваа нова функција на Facebook. Апликацијата сега овозможува поедноставни повици до аудио разговори, а наскоро ќе...

Магазин20 часа

Meta брише лажни профили од Кина и Русија

Meta ги засилува безбедносните напори против дезинформации Meta отстрани голем број лажни профили од Кина кои ги таргетираа САД со...

Магазин20 часа

Samsung го претстави својот компјутер со лизгачки екран

За време на конференцијата Innovation 2022, Samsung претстави интересен уред кој вклучува хардвер на Intel. Прикажан е „лизгачки“ компјутер кој...

НАЈЧИТАНИ