Следете не

Храна

Овој пијалок на утро е подобар од кафе

Објавено пред

на

Многу неможат да замислат да го започнат својот ден без кафе, но еден пијалок е навистина подобар и поздрав за вашето тело наутро.

Станува збор за лимонада. Веројатно сте веќе свесни колку е здрава за нашиот организам, а затоа што е идеална за витка линија, забрзување на метаболизмот и концентрацијата, добро е да го започнете денот со неа.

Меѓутоа, и лимонадата има свои непосакувани ефекти, како што се флеки на забите. Исто така, не е добро да ја внесувате во тек на целиот ден: „Лимонадата може да ги уништи забите, но за тоа е потребно време.

Меѓутоа, подобро е наутро да се внесе лимон отколку кафе или млеко. Лимонадата е добра само ако се пие во ограничени количини,“ објаснува стоматологот Кристина Скорделес.

Магазин

Дали знаете зошто швајцарските сирења имаат дупчиња?

Објавено пред

на

Швајцарското сирење секогаш се опишува како сирење со дупчиња. Има цврсто тело и орев, но сладок вкус. Исто така, има многу малку сол во споредба со другите сирења, вели др. Марк Џонсон, истакнат научник во Центарот за истражување на млечни производи на Универзитетот во Висконсин.

Првпат е направен во 14 век во Швајцарија, поточно на Алпите.

„Тоа беше тврдо сирење кое имаше долг рок на траење и лесно можеше да се транспортира по планините каде што се произведуваше. Денес, пак, терминот швајцарско сирење не се однесува на тоа од каде доаѓа сирењето, туку на видот на сирењето, на тоа како се произведува сирењето – објасни тој.

„Производителите на сирење додаваат посебна бактерија наречена Propionibacterium shermanii. Оваа бактерија ферментира млечна киселина и произведува јаглерод диоксид. Јаглерод диоксидот се собира на одредени места во сирењето и создава големи меурчиња. Ниту едно друго сирење не ја користи оваа култура, освен швајцарското и другите верзии на швајцарско сирење, како што се baby Swiss, Maasdam, Jarlsberg и Emmentaler“, објаснува др. Марк Џонсон.

Можете ли да купите швајцарско сирење без дупки?

„Швајцарското сирење без дупки се нарекува „слепо швајцарско“, но тоа се смета за недостаток. Ако видите сирење означено со швајцарско кое нема дупки, тоа не е вистинско швајцарско сирење и нема да го има вкусот или текстурата што ја барате“, објасни тоj

/rd.com.

Прочитај повеќе...

Магазин

Вкусна кремаста супа од домати

Објавено пред

на

Состојки:

  • 225 гр путер,
  • 225 гр кромид,
  • 60 гр мазно брашно,
  • 1,5 кг сечкани конзервирани домати,
  • 150 мл пилешки супа,
  • 25 гр шеќер,
  • 2 лажички сол,
  • 1/3 лажичка бибер,
  • 100 мл слатка павлака,
  • 100 мл млеко 2 лажици мед

Подготовка:

Загрејте го путерот во голема тава и додадете го исечканиот кромид. Пропржете го кромидот на средна топлина додека не стане мек и проѕирен. Додадете го брашното и мешајте неколку минути, додека смесата не добие златна боја. Додадете сечкани конзервирани домати, густин, шеќер, сол и бибер. Кога ќе зоврие, намалете ја топлината и варете околу половина час. Мешајте повремено за да не изгори супата на дното. Тргнете ја од оган, измешајте ги млекото, павлаката и медот и со миксер направете крем супа.

Прочитај повеќе...

Магазин

Рецепт за кремасто рижото кое ги исполнува сите критериуми за совршен ручек

Објавено пред

на

Брзо, здраво, вкусно и со разумна цена – ова се четири критериуми кои прават одлично јадење, а рижото со спанаќ ги задоволува сите. Постојат многу рецепти за овој специјалитет што ќе ги сакаат вегетаријанците, па дури и децата кои не сакаат зеленчук, а овој е покремаст и повкусен од сите нив.

Во продолжение прочитајте рецепт за рижото со спанаќ и сирење кое е толку вкусно што и најголемите љубители на месо нема да размислат два пати за тоа.

Рижото со спанаќ и сирење – состојки:

  • мала главица црвен кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1,5 чаши ориз
  • 150 – 200 гр замрзнат спанаќ
  • 500 мл вода
  • 1 коцка зеленчук за супа
  • 200 мл крем за готвење
  • 150 гр рендано сирење по желба
  • зачини по желба

Рижото со спанаќ и сирење – подготовка:

  1. Кромидот и лукот ситно исечкајте ги и кратко пропржете ги на маслиново масло.
  2. Додадете го претходно измиениот ориз и замрзнатиот спанаќ.
  3. Прелијте со водата во која е растворена коцката за супа и зачинете по желба.
  4. Гответе на тивок оган додека оризот не ја впие речиси целата течност и додека не стане мек. Доколку е потребно, додадете повеќе вода за време на готвењето.
  5. Кога ќе се свари оризот, додадете го кремот за готвење.
  6. По две-три минути исклучете го огнот и додадете рендано сирење.
  7. Послужете го топло.

/Dnevnik

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево2 часа

МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед

На 27.03.2024 на подрачјето на СВР Охрид извршена е контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници – автобуси...

Магазин3 часа

Рендерите на Google Pixel 9 откриваат промени во дизајнот на претстојниот телефон

Во новите CAD-слики или рендери, Google Pixel 9 има ново, ревидирано куќиште на камерата што сега има овална форма, без...

Магазин3 часа

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI доаѓа на избрани Galaxy уреди денес

Новото ажурирање One UI 6.1 ја носи револуционерната мобилна вештачка интелигенција Galaxy AI на уште повеќе корисници на уреди Samsung...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за четврток (28 март)

ОВЕН Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем....

Кичево18 часа

„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата

Граѓаните против корупцијата во рамките на програмата овој петок на 29-ти март во Кичево потточно пред Музеј на „НОБ Запад“...

Lifestyle1 ден

Дали знаете што значи WC?

Дали некогаш сте застанале да размислите за значењето на буквите „WC“ на знакот за јавен тоалет? Иако е вообичаена глетка...

Кичево1 ден

ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници организира работен состанок во Кичево кој ќе се одржи на 3-ти април (среда)...

Автомобили1 ден

Гигантот оди во заслужена „пензија“: Audi R8 повеќе нема да се произведува

Во ноември минатата година Audi го прекина производството на моделот ТТ по 26 години и произведени над 660.000 примероци, а...

Магазин1 ден

Драмата продолжува: TikTok под истрага, му се заканува тужба

Американската Федерална трговска комисија (FED) го истражува TikTok за наводно кршење на приватноста и безбедноста на податоците на корисниците. Доколку...

Магазин1 ден

iPhone конечно добива функција која Android ја има веќе 15 години

Иако иконите сè уште ќе бидат ограничени на мрежниот распоред, веќе нема да има автоматско пополнување празни места Во технолошките...

НАЈЧИТАНИ