Следете не

Здравје и убавина

Овој витамин најмногу му одговара на телото во заштита од вируси

Avatar

Објавено пред

на

Спроведеното истражување дојде до нови заклучоци

Заштитата на имунолошкиот систем е од витално значење во овој период. Силен имунолошки систем го штити организмот од вируси и бактерии и е клучот за спречување на сите болести.

Изборот на здрав начин на живот е наважен, како и земањето суплементи по потреба. Кога станува збор за суплменти, витамин Д е неопходен за да се одржи телото здраво, но исто така да може да се справи со респираторна инфекција во случај на инфекција на коронарна вирус.

Витаминот Д ги подобрува ефектите на моноцитите и макрофагите во борбата против патогените микроорганизми, кои се важен дел од имунолошката одбрана и исто така помага во намалувањето на воспалението.

Особено за време на постудените денови, кога нема многу сончева светлина, многу луѓе се соочуваат со недостаток на овој витамин.

Истражувањето покажало дека може да помогне и во заштитата на дишните патишта, пишува британскиот весник „Експрес“.

Недостатокот на витамин Д може да влијае на имунолошкиот систем затоа што витаминот Д го зајакнува вродениот имунитет со регулирање на секрецијата на антимикробни пептиди кои ја подобруваат одбраната на организмот.„Неодамнешната мета-анализа покажа дека витаминот Д има смирувачки ефект врз инфекции на респираторниот тракт“, велат од Светската здравствена организација.

Се проценува дека витаминот Д доколку се користи како додаток во исхраната би се намалиле заболените случаи. Во студијата се наведува: „Витаминот Д се чини дека е способен да ги инхибира белодробните воспалителни реакции додека ги зајакнува вродените одбранбени механизми против респираторните патогени“.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Здравје и убавина

Имате грчеви на нозете преку ноќ, еве начин како да ги спречите

Avatar

Објавено пред

на

Ноќните грчеви во нозете може да ве разбудат од сон со остра болка среде ноќ, а некогаш се јавуваат додека се будите наутро. Овие грчеви се прилично болни и предизвикуваат стегнување на мускулот што може да трае и откако ќе помине болката.

Ноќните грчеви се почести кај возрасни над 50 години, но може да се јават и кај помлади луѓе и кај деца. И мажите и жените се подеднакво засегнати.

Што предизвикува ноќни грчеви во нозете?

Седење подолго време

Интензивен напор

Стоење или работење на бетонски под

Неправилно седење

Што можате да направите да се спречат овие грчеви?

Хидратација: Пијте шест до осум чаши вода секој ден

Нежно ги истегнете ги мускулите на нозете пред спиење

Носете удобни обувки

Опуштете се во топла купка пред спиење.

Не седете со скрстени нозе или стапала

Што да направите кога ќе ве фати грч на ногата?

Силно истегнување на згрчениот мускул е најефикасен начин за ублажување на грчот и болката. Може да се обидете со нежно масирање или лесно одење.

Дали постојат лекови како терапија за ноќните грчеви во нозете?

Пробајте со редовно земање витамински додатоци. Витамин Е или Б комплекс во форма на суплементи може да бидат корисни. Магнезиумот исто така помага многу, особено кај бремени жени.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Престојот во затворен простор ги зголемува шансите за настинка

Avatar

Објавено пред

на

Временските прилики не се фактор за настинка, туку реакцијата на ниски температури, а затворениот простор и стресот се поопасни од студот.

„Традиционалните“ совети дека за време на ниски температури треба да се седи дома, во топло – освен тоа што не се точни, се и опасни! – изјавил за ДејлиМеил професорот Питер Колигнон, шеф на одделот за заразни болести во Канбера.

Иако луѓето мислат дека причина за нивните настинки се ниските температури – грешат. Всушност, прекумерниот престој во затворен простор е фактор за болест.

Во време на ниски температури, кога внатре е топло и ретко се проветруваат просториите – тие стануваат извор на зарази. Поради долгиот престој во затворен простор, на луѓето им недостасува витамин Д, зошто не се изложуваат на сонце – без разлика на фактот што во зимскиот период и го нема многу – истакнува докторот.

Тоа што ви е ладно не значи дека ќе се разболите. Стресот и престојот во затворена просторија многу повеќе ви штетат од студот – изјавил д-р. Дејвид Ајзак од Сиднеј, човекот кој учествувал во проектот со волонтери кои се бањале во отворен базен во зима – а не се разболеле.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Оставањето на цигарите нема да Ве направи понервозни

Avatar

Објавено пред

на

Оние пушачи кои се загрижени дека ако ги остават цигарите ќе бидат повознемирени и нема да можат да се смират без цигара, треба да престанат да се залажуваат себе си, бидејќи едно ново истражување покажало дека оние кои ги оставиле цигарите се справуваат со стресот подеднакво како и кога биле пушачи.

Истражувачите од универзитетот Висконсин го истражувале психолошкиот удар од оставањето на цигарите, откако забележале дека многу пушачи претпоставуваат дека прекинувањето со пушење ќе им го намали квалитетот на животот. Односно, пушачите се загрижени дека без цигари нивната способност да се справат со стресот и негативните ефекти ќе се намали, дека ќе бидат социјално отуѓени, дека ќе изгубат едно задоволство и дека ќе искусуваат силна желба за цигари или пак силна желба за грицкање и храна.

Научниците велат дека иако е потврдено дека престанувањето со пушење го подобрува задрвјето и спасува животи, многу малку е истражуван субјективниот ефект врз пушачите. За таа цел тимот предводен од д-р Меган Пајпер извршил контролирано плацебо тестирање врз повеќе од 1500 мажи и жени пушачи кои биле замолени да се обидат да ја прекинат таа нивна штетна навика.

Врз секој учесник била направена целосна проценка и биохемиски тест за да се утврди нивнит пушачки статус на почетокот од тестирањето, со контроли на една и на три години. Споредено со оние кои продолжиле да пушат, оние кои престанале на долг рок забележале подобрување, а не намалување на квалитетот на животот. Квалитетот на животот пак бил мерен според здравјето, самопочитта, фолозофијата на живеење, стандардот, работата, рекреирањето, учењето, креативноста, љубовните врски, пријателствата, односите со семејството, во домот и со заедницата во која живеат.

Имајќи ги предвид сите овие фактори, оние кои престанале дапушат имале подобри оценки во секоја категорија и поради тоа чувствувале попозитивни чувства по една и по три години. На крајот од третата година дури и ијавиле дека сега имаат помалку работи поради кои се грижат и стресуваат.

„Ова истражување обезбедува докази дека престанувањето со пушење придонесува кон добросостојбата на поединецот во споредба со продолжувањето со пушење. Пушачите можеби веруваат дека откажувањето ќе им го намали задоволството од животот, но нашите наоди сугерираат дека на долг рок, поединците ќе бидат посреќни и позадоволни со своите животи доколку престанат да пушат, отколку ако продолжат“ – велат истражувачите.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КултураПред 4 часа

Денес е „Иванден“ денот на раѓањето на Св. Јован Крстител, за многу години!

Иванден е еден од големите христијански празници од летниот циклус каде се слави раѓањето на Свети Јован Претеча и Крстител...

ХороскопПред 5 часа

Хороскоп за денес (07.07) вторник

ОВЕН Ви се укажува нова можност на работно поле која може да биде добра за вас. Во периодот кој ви...

МакедонијаПред 11 час

До сега вкупно 7124 македонци се заразени од Ковид-19, бројката во Кичево достигна 48, по градови дистрибуцијата изгледа вака

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199,...

МагазинПред 12 часа

(ВИДЕО) Фчерашни Новости: Колку е тешко да се избере вистинскиот кандидат!? 

Во последната последна епизода на „Фчерашни Новости“, за ова последно лето од 2020 година, решивме да посветиме малку време и...

МакедонијаПред 13 часа

Денес 78 нови случаи на заболени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 26 -Куманово...

ХороскопПред 1 ден

Хороскоп за денес (06.07) понеделник

Овен Чувствувате дека дел од колачот, кој ви припаѓа не го добивате во вистинска смисла на зборот. Морате да бидете...

Здравје и убавинаПред 1 ден

Имате грчеви на нозете преку ноќ, еве начин како да ги спречите

Ноќните грчеви во нозете може да ве разбудат од сон со остра болка среде ноќ, а некогаш се јавуваат додека...

МакедонијаПред 1 ден

(ВИДЕО) Шило Магазин од Охрид: Во стара чаршија, ни маска носат, ни бутур

Колегите од Шило Магазин се вклучија во Живо од Старата Чаршија од Охрид.. Според видеото кое го постираа јасно се...

СкопјеПред 1 ден

Вашата омилена урбана Зона М1 мрежа со вашите музички желби

Убав ден со Зона М1 и вашите музички желби преку смс 141344 од овој момент во следните неколку часа, а ги...

МакедонијаПред 2 дена

Ковид-19 не запира: Денес 115 новозаразени од кој 4 од Кичево

Во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19. – Скопје 53 –...

НАЈЧИТАНИ