Свет Случувања

На фестивал падна платформа и повреди стотици луѓе (ВИДЕО)

Стар бетон и дрвена платформа се распаднале на музички фестивал во северозападна Шпанија во недела вечерта, при што стотици луѓе се повредени, а девет сериозно.

Платформата се наоѓала на брегот на морето и била полна со луѓе кои дошле да го посетат фестивалот О Марискино во градот Виго, во Галиција. Некои луѓе паднале во морето.

Градоначалникот на Вига Абел Кабалеро рече дека платформата, долга 30 метри и широка 10 метри, се срушила непосредно пред полноќ.

„Луѓето паднаа во вода, врз карпи, едни врз други, луѓето крвавеа. Беше ужасно. Луѓето врескаа и трчаа“- вели Маркос Родригез за радиото СЕР.

Луѓето се повлекувале едни со други за да стасаат до брегот што е можно побрзо.

Брза помош ги згрижувала повредените, додека нуркачите го пребарувале морето за да проверат дека никој не останал „заробен“ под  платформата.

Загинати нема, потврдија од полицијата.

Close