Следете не

Без категорија

До Недела: Есенски панаѓур по шести пат во Кичево

Објавено пред

на

Од петок па се до недела на платото кај железничката станица во Кичево, ќе се одржи шестиот есенски панаѓур на кој учествуваат трговци од целата земја.

На штандовите се нуди од кожна галантерија, обувки, облека, постелнини, завеси, техничка стока, алат, до секаков вид дребулии. Иако панаѓурот е посетен од голем број на граѓани, сепак забележливо е дека само мал број пазарат, тоа го потврдија и сопствениците на овие штандови.

-Од година во година бројот на купувачи на овој панаѓур е во опаѓање и повеќето граѓани само разгледуваат, а мал е бројот на вистински купувачи. Иако нудиме производи по багателна цена, сепак и со овој попуст на повеќето посетители им е скапо. По малку станува неисплатливо учеството на истиот – вели трговец на текстил од Штип, кој се пожали на малиот промет.

Граѓаните сепак се задоволни што можат по доста ниски цени да најдат работи како за себе така и за своите деца и за домаќинството.

-Благодарение на пониските цени на панаѓурот, можеме да се снабдиме со обувки, тренерки и долен веш како за нас така и за нашите деца. Во нашите продавници цените се многу повисоки и тоа е главната причина зошто тука пазариме веќе неколку години – посочија Горан и Јован, родители, кои на панаѓурот купуваа за своите малолетни деца.

Зоран Антоски

Без категорија

АТВА Маркети со нова акција на производи по екстра намалени цени

Објавено пред

на

Производи на акција по супер неодоливи цени, само во АТВА маркети – Кичево

Прочитај повеќе...

Без категорија

Денес е големиот празник „Александрија“, со векови чествуван во кичевска Белица

Објавено пред

на

Кичевска Белица, денес 26 мај го празнува празникот Александрија кој е посветен на светецот-маченик Свети Александар.

Празнувањето кога не би била ситуацијата со пандемијата од Ковид-19 би започнало најпрво со одењето на жените ден порано во малото црквиче кое го носи името на светецот, ќе одржат молитва за своите најблиски и ќе се дружат.

На денот на празнувањето 26 мај, во црквичето се одржува утринска литургија, па крштевка, па венчавка и во 14 часот ќе започнеше долго очекуваната народна веселба со музичка група.

За оваа веселба секогаш била обезбедена храна и пијалоци. Поканети се сите, особено оние кои го носат името Александар и Александра.

Свети Александар е светец-маченик од Македонија кој служел како војник во војската на римскиот император Максимијан. Пострадал како христијанин кратко пред да биде озаконето христијанството во римското царство. Неговата мајка го зела телото и го погребала.

Празникот Свети Александар (Александрија) се празнува во Белица со векови, а над селото постои мала црквичка, сега обновена, изградена во поново време врз темели на постара базилика која датира од доцноримско време.

Постои претпоставка дека токму таа да ги крие моштите на светецот, а самиот светец да потекнува од ова село кое е доста старо.

Нека ви е честит и вековит празникот наши пријатели беличани и кичевчани!

ФОТО: Архива / porta.mk

Прочитај повеќе...

Без категорија

25. коло во 2. МФЛ ќе се одигра в сабота. ФФМ ги покрива трошоците за тестирање

Објавено пред

на

Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука сите натпревари од 25. коло од Втора МФЛ – Исток и Запад да бидат одиграни на 01. мај 2021 (сабота) со почеток во 13:00 часот.

Фудбалската федерација на Македонија согласно одлуката од Владата на Република С. Македонија за изменување и дополнување на одлуката за превентивни препораки, член 1, објавена во СЛУЖБЕН ВЕСНИК ќе спроведе ТЕСТИРАЊЕ – Молекуларна RT – PCR Детекција на SARS-CoV-2 (Covid-19) во лабораторијата БИОТЕК во Скопје.

ФФМ го подмирува тестирањето за 25 лица по екипа (18 фудбалери и членови на стручен штаб) и официјални лица на натпревар се додека е на сила мерката за задолжително тестирање пред секој натпревар со Молекуларна RT – PCR Детекција на SARS-CoV-2 (Covid-19).

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен денПред 6 часа

На денешен ден (28 септември)

48 п.н.е. – Гнај Помпеј Велики, еден од најголемите римски државници и воени водачи, е убиен во Египет, кој го...

ХороскопПред 7 часа

Денешен Хороскоп (28 септември) вторник

ОВЕН Дејствувате многу претпазливо и не сакате да преземате премногу ризици во деловните и финансиските преговори. Сепак, ќе мора да...

СветПред 8 часа

„Фајзер“ објави дека започнува големо истражување кое тестира орален лек за спречување ковид инфекција на прележани од Ковид-19

Фајзер објави дека започна големо истражување во кое тестира орален антивирусен лек за да спречи инфекција со ковид кај оние...

МакедонијаПред 17 часа

РКЕ донесе одлука, од ноќеска дизелот поскапува, додека цената на бензинот се намалува

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

СкопјеПред 17 часа

МВР по распишана потерница, приведе двајца измамници од Скопје

Денеска (27.09.2021) од 09.15 до 10.20 часот на ул.„Виктор Иго” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим Потраги, по распишана...

Временска прогнозаПред 23 часа

Сончево и топло уште денес, од утре попладне и следните денови врнежи од дожд и пониски температури, ова се деталите..

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен...

На денешен денПред 23 часа

На денешен ден (27 септември)

1601.- Роден е францускиот крал Луј XIII, еден од најмоќните европски монарси. За време на неговото владеење (1610-43), тој воведе...

ХороскопПред 1 ден

Хороскоп за денес (27 септември) понеделник

ОВЕН Бидете внимателни ако планирате да ги правите работите поинаку или едноставно денес одлучите да промените нешто во вашиот секојдневен...

КичевоПред 1 ден

Редици пред Крнинската икона на Пресвета Богородица во Пречиста поради нејзините чудеса

И оваа година, на празникот Рождество на Пресвета Богородица, кој воедно е манастирска слава на Манастирот Пречиста Кичевска, редици верници...

КултураПред 1 ден

Денес е Крстовден, од народните верувања се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува

Во народните верувања, на денот кој се нарекува Крстовден, се смета дека сите молитви ќе се остварат. На Крстовден се...

НАЈЧИТАНИ