Следете не

Видео

(ВИДЕО) Пандев „мета“ на италијанска скриена камера, агентот го известува дека трансферот е направен од Џенова во Индија?!

Објавено пред

на

Во „местенката“ за Пандев учествувал агентот на Џенова Доменико Кришито и агентот на Пандев Леонардо Корси.

Корси му се јавува на Пандев и му кажува дека клубот решил да го продаде во Индија, така што Горан не му реагира и мисли дека е тоа уште една препознатлива шег

Потоа му било соопштено дека ќе заработи 72 милиони евра за три сезони плус 10 како бонуси ако се оствари одреден резултат.

– „Каков Ченаијн „клубот за кој му кажуваат дека е продаден“ каква Индија! Попрво ќе си пукам во уста“, додава Пандев.

Целосното урнебесно видео погледнете го ТУКА

 

Македонија

Посебно внимание во сообраќајот поради појава на голомразица „подледена површина“ на асфалтот

Објавено пред

на

Нашиот сообраќаен сервис апелира за поголемо внимание во патниот сообраќај поради појава на голомразица (подледена површина) на коловозот во нашиот регион, поготово во доцните и раните утрински часови на превој Пресека, Стража и Кичево.

Имајте пријатно и безбедно патување, проследено со законски поставената патна и сообраќајна сигнализација

Прочитај повеќе...

Македонија

„Dacia Duster“ добива уште две верзии 4×4, на пазарот достапен ќе биде и новиот бензинец 1.2 турбо мотор со 130 коњски сили

Објавено пред

на

Кога пристигна новиот Dacia Duster, на клиентите не им беше понуден турбодизел моторот, кој беше столбот на погонот 4×4 во претходните две генерации на овој модел. Сега верзијата со погон на сите тркала е придвижувана од 1,2-литарски турбо бензинец со 130 КС, но тоа очигледно не е доволно.

Имено, Dacia Duster наскоро ќе биде достапен во хибридна верзија со автоматски менувач и погон на сите тркала, потврди извршниот директор Денис Ле Вот.

„Имаше нешто што недостасуваше во нашиот опсег. Работевме напорно на тоа бидејќи мораме да ги направиме овие системи достапни. Ле Вот изјави дека погонот на 4 тркала ќе биде поврзан со хибриден погонски систем TCe 140, а на некои пазари и систем Bi-Fuel LPG. Во хибридниот систем задната оска ќе се движи од електричен мотор, пренесува Autocar.

Новите модели се очекуваат на крајот на годината. Очигледно е дека ова е обид на Dacia да понуди поекономични мотори/погонски системи на своите верзии 4×4 како адекватна замена за дизел моторите.

Извор: AutoCar

Прочитај повеќе...

Македонија

(ФОТО) Петта футсал шампионска титула за „Лукоил Македонија“ во „Бизнис Лигата“

Објавено пред

на

Многу публика и со позитивна атмосфера заврши финалниот меч во Бизнис Лигата на Македонија, одигран во СЦ Борис Трајковски.

Во големото финале од Бизнис Лигата на Македонија кое водеше до шампионската титула вчера силите ги одмерија екипите на бранителот на титулата Лукоил и Ван Хоол.

Екипата на Ван Хоол уште во раната фаза од натпреварот во 7та минута дојде до водство од 0-1 со погодокот на Даниел Стаменковски.

По овој погодок Ван Хоол играше повлечено со целосен акцент на играта во одбраната, со ваква поставеност зададе големи проблеми во нападот на Лукоил кој не можеше да најде решение за ваквата одбрана на Ван Хоол. Од ова и предноста на Ван Хоол од 0-1 на полувремето.

Второто полувреме Лукоил го отвори со офанзивна игра и пресинг по целиот терен, со ваква игра успеваше да развие контра напад кој преку Стојанов во 23та минута успеа да го претвори во гол и израмни на 1-1.

Во понатамошниот дел од натпреварот кај Лукоил проработи и Иван Стојчев кој со два гола во низа успеа да му донесе на Лукоил водство од 3-1. Екипата на Ван Хоол беше упорна и со чести измени се обидуваше да се врати во натпреварот, но искуството на Лукоил дојде до израз во самиот финиш кога играа смирено со долги напади.

Во ваквата игра Александар Ѓоргиевски успеа да постигне гол и да ја запечати победата.

Лукоил со оваа победа од 4-1 стана старо-нов шамипон по 5-ти пат на Бизнис Лигата на Македонија, додека задоволството и среќните моменти за освоеното прво место не ги криеше и првиот човек на Лукоил Македонија, г-дин Андреј М. Куку, кој дава огромна поддршка за спортот, па може често да се забележи неговото присуство каде настапуваат луѓе од компанијата.

Со официјални награди се закитија и неколку фудбалери од Лукоил во повеќе категории.

Стрелци на погодоците:

Лукоил: Горан Стојанов 23’ Иван Стојчев 29’ 33’ Александар Георгиевски 39’

Ван Хоол: Даниел Стаменковски 7’

Нашиот медиум упатува срдечни честитки за екипата на Лукоил Македонија, целата организацијата на Бизнис Лигата и сите учесниците кои се закитија со награди.

Повеќе фотографии ќе најдете ТУКА

Дел инфо текст: Бизнис лига

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево2 минути

В сабота во нашиот храм Св.Петар и Павле – Кичево, ќе се богослужи Заупокоена Литургија, поради смртта на трагично загинатите во Кочани

Поради смртта на трагично загинатите во пожарот во Кочани, во сабота ќе се богослужи Заупокоена Литургија со почеток од 08:00...

Хроника15 минути

Ана Костадиновска за прв пат се огласи на фејсбук и прости од своето второ семејство

За прв пат после катастрофата во Кочани се огласи Ана Костадиновска, која е на домашно лекување, член на бендот и...

Скопје2 часа

МВР експресно ги лиши од слобода лицата кои правеа огномет синоќа во Скопје

На 19.03.2025 околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не...

Спорт11 часа

Младата репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари со Албанија во гости

Репрезентацијата на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Албанија. Контролните средби ќе бидат...

Македонија12 часа

Приведен раководител во општина Маврово Ростуше за примање поткуп, ветил да одобри урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети

Денеска (19.03.2025), полициски службеници го лишиле од слобода С.Е. раководител на Одделението на урбанизам и комунални дејности при општина Маврово...

Спорт13 часа

ФФМ истакна соопштение со реакција упатено кон ФК Гостивар

Фудбалската федерација на Македонија, соодветно на моментот, во денови на жалост, се воздржува од активности кои не се во склад...

Кичево14 часа

ТППЕ Кичево го стави под контрола пожарот кој вечерва избувна во с.Лазоровци кичевско, причинета била материјална штета

Предмалку спречена поголема огнена катастрофа во кичевското село Лазоровци. Имено од за сега нејасни причини избувнал пожар во плевна и...

Македонија15 часа

ЗНМ: Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани

Владата на Република Македонија, во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР) и во консултација со Здружението на новинари на...

Македонија16 часа

Предмалку земјотрес почуствуван во источна Македонија

Предмалку земјотрес почувствуван во источна Македонија. Истиот според ЕМСЦ е регистриран во 18:33 часот, со длабочина од 10км, неговата дистанца...

Спорт16 часа

Јован Манев: „Минуваме низ тежок период, изгубивме блиски пријатели, ќе го дадеме нашиот максимум на квалификациските натпревари во спомен на сите загинати“

Во пресрет на натпреварот Македонија – Лихтенштајн (22. март, Вадуц), воведен од квалификациите за Светското првенство 2026, македонскиот репрезентативец Јован...

НАЈЧИТАНИ