Без категорија
Паричник кој ќе ве спречи да трошите премногу пари, некои го викаат „влашки“

На прв поглед сосема обичен, но овој паричник крие гениален изум способен да го спречи својот сопственик да потроши премногу пари. Овој паричник е создаден во Јапонија и има вграден механизам поврзан со апликација наречена Заим која е компатибилна со Епл и Андроид уредите.
Доколку сте “кратки“ со пари, овој паричник ќе се погрижи да не потрошите баш се што имате така што ќе се придвижи штом ја почувствува вашата рака во близина. Ако на овој начин не успее да го спречи својот сопственик и тој повторно посегне по пари, паметниот паричник во тој момент ја повикува неговата мајка или со мејл известува за кризни моменти.
Меѓутоа ако во паричникот има доволно пари тој од состојба на штедење преминува во режим на потрошувач и тогаш од него се слуша симфонија на Бетовен.
Без категорија
Наскоро преку камера ќе може да се измери пулсот и ритамот на дишење

Google додава две важни функции на апликацијата Fit на моделите Pixel – и наскоро ќе ги додаде и на другите телефони со Android.
Имено, со помош на оваа апликација, корисниците ќе можат да го измерат пулсот и да го следат ритамот на дишење во иднина. Овие функции, се разбира, треба да се користат само за следење на општата здравствена состојба и проверка на параметрите, и тие во никој случај не можат да го заменат лекарскиот преглед.
За да ја измерите брзината на дишење (број на вдишувања во минута), доволно е да ја насочите предната камера на телефонот кон главата и градите. За пулсот, треба да го ставите прстот над камерата каде што се наоѓаат сензорите, пренесува порталот The Verge.
– Лекарите го бројат бројот на вдишувања кај пациентите забележувајќи колку пати градите се зголемуваат и спуштаат, а апликацијата Fit треба да работи на сличен начин. Ние користиме вештачка интелигенција за да измериме различни параметри и да им помогнеме на луѓето да го одржат најдоброто можно здравје – пишуваат од Google Health.
ФОТО: researchgate.net
Без категорија
Eurosport 1 & 2 HD од понеделник на Total TV, вистинско спортско уживање за сите стари и нови корисници..

Нашите партнери од РиД Електроника Кичево ги известуваат своите ценети корисници на Тотал ТВ дека заклучно со ден 08.02.2021 понеделник дека позиција (170/171) ќе се емитуваат ултра популарните светски канали на ЕУРОСПОРТ 1 и 2 HD.
Бидете во тек со најактуелните спортски збиднувања само преку најквалитетниот ТВ стрим од Тотал ТВ.
Доколку немаш дома? .. За Кичево и околината информирај се на 070/855 540 или на фан страната РиД Електроника
Без категорија
(ФОТО) Кинеската сонда ја испрати првата фотографија од „Марс“ направена на 1,1 милиони километри од планетата

Кинескиот вселенски брод Тјанвен-1 ја испрати првата слика од Марс, соопшти денеска Кинеската вселенска агенција. Тијанвен-1 беше лансиран во јули и се очекува да влезе во орбитата на Марс околу 10 февруари, а планот на мисијата е да слета на површината на „црвената планета“, пренесува Гардијан.
Фотографијата е направена на 1,1 милиони километри од планетата.
Тијанвен-1 тежи пет тони и носи ровер кој треба да ја истражува површината на Марс.
Кина се надева дека ќе го спушти роверот во мај во областа Утопија, местото каде што некогаш погоди голем предмет.
Гардијан додава дека Кинезите инвестирале милијарди долари во вселенска програма, која е под надзор на армијата, а нивниот план е да се изгради вселенска станица во орбитата на Земјата до 2022 година.
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Дали сте знаеле дека кичевскиот тунел е најдолгиот на Балканот со свои 7062 м, во свое време бил и инженерски подвиг
-
Кичево2 дена
ЕВН КЕЦ Кичево: Времен прекин на електрична енергија – МВР Кичево, дел од ул. 11-ти Октомври, бул. Ослободување, детали повеќе..
-
Кичево10 часа
Кучиња скитници нападнале две малолетни внучиња и баба од Кичево
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за денес (24.02) среда
-
Хороскоп1 ден
Дневен Хороскоп -[ 25.02 ]- четврток
-
Кичево5 часа
(ВИДЕО) ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Кичево денес одбележа 60 години од своето постоење
-
Македонија2 дена
Скок на заболени од Ковид-19, денес 509, починале 9 лица
-
Македонија8 часа
Коронавирус не запира, денес 582 нови случаи, починале 13 лица