Следете не

Кичево

(ГАЛЕРИЈА) Денес во Кичево беше одбележан патронатот на касарната „Чеде Филипоски-Даме“

Објавено пред

на

Припадниците на 4. механизиран пешадиски баталјон денеска во Кичево го одбележаа денот на загинувањето на народниот херој Чеде Филипоски Даме, 29 јуни, чие име го носи касарната во Кичево.

На одбележувањето присуствуваа и командантот на 1. механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Драган Ковачки, командантите на единиците од составот на 1.единица мпбр, претставници на единици на локалната самоуправа во зоната на одговорност на единицата, претставници на Сојузот на борците од Кичево, Охрид и Струга, како и правни и физички лица со кои единицата има соработка.

Присутните на одбележувањето ги поздрави командантот на 4. механизиран пешадиски баталјон, потполковник Горан Трајаноски кој истакна дека се горди што ги продолжуваат светлите традиции на нашето историско минато.

– Во својот краток живот народниот херој Чеде Филипоски Даме имаше бурен животен пат и успешна воено-политичка кариера. Од ѕидарски работник во младите години и член на партиската ќелија од 1941 година, стана командант на дивизија, а потоа и член на АСНОМ, највисоко претставничко тело во тогашна Македонија. Срцето на големиот син, патриот, борец и херој на Македонија, престана да чука на 29 јуни 1945 година, рече Трајаноски.

Тој додаде дека овој ден ќе остане врежан во меморијата на сите и ова, како што рече, е „ден на загуба и црн ден за нашата татковина, за македонското битие“.

– Чеде загина, но остана да живее вечно во партизанските песни и легенди, во бронзата што молчи, во книгите и учебниците. Тој живее во нашите мисли и се уште постои како жива присутност меѓу сите нас, истакна меѓудругото командантот Трајаноски.

На денешната свеченост беа положени свежи цвеќиња пред споменикот на „Чеде Филипоски Даме“, а имаше и богата културно-уметничка програма во изведба на КУД „Бисер“ од Кичево.

На официјална покана од Министерството за Одбрана, бевме присутни и направивме своја галерија која може да ја погледнете подолу:

Кичево

Вчера двајца малолетници од Кичево нарушиле јавен ред и мир со физичка пресметка

Објавено пред

на

porta.mk

На 12.04.2024 година во 21.50 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во близина на угостителски објект на улицата „Рудничка“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од еден врз друг малолетник, двајцата од Кичево.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Кичево

Вчера во атарот на село Зајас се запалила ниско стеблеста дабова шума и грмушки, апелираме за поголемо внимание!

Објавено пред

на

porta.mk (архива)

На 09.04.2024 год во 15:55 часот, во полициското одделение во кичевското село Зајас, е пријавено дека, во месноста „Нова населба“, атар на истото село, настанал пожар на површина на отворен простор од околу 3 хектари ниско стеблеста дабова шума и грмушки.

Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Инаку, порта.мк како и секоја година, така и оваа апелира до неодговорните и несовесни граѓани дека пролетта но и летото е погоден период за движење и работа во шума, излетниците и сите посетители на шумата, да внимаваат кога работат со лесно запаллив материјал бидејќи е доволна само мала искра за да се потпали сувата трева и друга нискостеблеста вегетацијана, да не се фрлаат цигари и отпушоци од цигари и догорчиња.

Исто така посебно внимание и во разни култури по нивите и полињата, при што најчесто на неадекватен начин се чистат нивите и палат отпадоците и стрништа, да внимаваат на шумите како добро од општ интерес и така што работите во шума да ги работат совесно и со особено внимание.

Со таквото внимание ќе си помогнеме и самите себе си, додека граѓаните како главен фактор соодветно да известуваат за рано спречување на пожари со дојава до надлежните институции.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО+ВИДЕО) Величествена прослава на Акатистот кон Мајката Божја Пресвета Богородица во Кичево

Објавено пред

на

©bigorski.org.mk

Во манастирот Св.Богородица – Пречиста во Кичево се одржа третиот великопосен Акатист кон Пресвета Богородица, настан што со своето присуство го збогатија високопочитуваните Митрополити: г. Кирил Имвроски и г. Дамаскин Дидимотиски. Овој настан е одраз на длабоката духовна поврзаност и почит кон Родителката на Светлоста и вечниот пример на верност и благодарност кон Бога, Мајката Божја.

Свеченоста започна со традиционален пречек кој што беше приреден за високо-почитуваните гости, кон кои голема благодарност и почит за нивното присуство, во своето обраќање изрази владиката Партениј. Тој го истакна значењето на заедништвото во верата и благодарноста кон Пресвета Богородица за нејзината безусловна љубов и заштита.

Митрополитот на Имврос и Тенедос, г. Кирил, и Митрополитот на Дидимотика, Орестијада и Сулфи, г. Дамаскин, истакнаа дека нивното присуство во манастирот Пречиста е израз на единството меѓу православните христијани. Тие исто така зборуваа за значењето на жртвата и верноста кон Бога, како и за важноста на благодарноста и молитвата во секојдневниот христијански живот.

Настанот беше исклучителен пример на духовното единство и силата на православната вера, придружен со благодатна радост и заеднички молитви за мир. Тој ја утврди длабоката почит кон Пресвета Богородица, како извор на надеж и вечна утеха, но и историската и духовна важност на манастирот Пречиста, како место на молитва, подвиг и заедничарење, нагласувајќи ја неговата улога во одржувањето и промовирањето на православните христијански вредности.

Исто така со особена чест, преку нашиот медиум ве покануваме на сеноќното молитвено бдение во Манастирот на Светото Благовештение – Пречиста Кичевска, коешто ќе започне во денес, 6 април, во 20:30 часот. На наша голема чест и радост на бдението молитвено ќе присуствуваат Митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил од Вселенската Патријаршија, Митрополитот на Дидимотихо, Орестијада и Суфли г. Дамаскин од Црквата на Грција, како и Митрополитот Европски г. Пимен, Епископот Делчевско-каменички г. Марко и секако, нашиот Старец и Игумен, Епископ Антаниски г. Партениј, додека утре недела Света Архиерејска Литургија ќе биде отслужена одделно од бдението и ќе започне во 09:00 часот.

Благодатта на Пресветата Царица во нејзиниот Свештена Пречистанска Обител ги повикува сите да земат удел во радоста на манастирската слава.

Повеќе галерија погледнете на официјалниот линк ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт5 часа

Младата женска фудбалска репрезентација учествува на турнир во БиХ ќе одиграат мечеви со Словенија, Украина и домаќинот БиХ

Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 16 до 24 април учествува на меѓународниот Уефа развоен...

Спорт6 часа

Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“

По 3:3 дома и 1:1 во Манчестер, Кралскиот клуб играше продолженија со Сити на „Етихад“, но бидејќи и по 120...

Хороскоп7 часа

Хороскоп за четврток (18 април)

Овен Внимавајте што зборувате бидејќи јазикот денес лесно може да ве доведе во неволја, но може и да ве извлече...

Свет11 часа

Google подготвува големо изненадување на I/O 2024 – XR очила

Конференцијата на Google I/O Developer 2024 ќе се одржи во мај. Фокусот на настанот ќе биде ставен на вештачката интелигенција,...

Магазин19 часа

Samsung Galaxy Z Fold 6 ќе биде потенок и полесен од Fold 5

Преклопливиот телефон на Samsung Galaxy Z Fold 6 се очекува ова лето, а сега се појавија и првите (неофицијални) информации...

Магазин20 часа

Кинескиот одговор на ChatGPT достигна 200 милиони корисници

Кинескиот модел на вештачка интелигенција ERNIE Bot на технолошкиот гигант Baidu има повеќе од 200 милиони корисници, изјави денеска извршниот...

Магазин20 часа

Социјалната мрежа X воведува претплата за нови корисници

Новите корисници на социјалната мрежа Х, порано позната како Twitter, наводно ќе треба да платат скромна такса доколку сакаат да...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (17 април)

ОВЕН Вклучете се малку повеќе во настаните околу вас, особено ако се поврзани со луѓето кои ви значат. Помогнете му...

Спорт1 ден

Фудбалските федерации во регионот, вклучувајќи ја и нашата дадоа своја безусловна поддршка за актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусловно изразија поддршка за претседателот...

Спорт1 ден

Може ли Барса да го преживее Париз? Ќе му одолее ли Атлетико на „жолтиот ѕид“ ?

Каталонскиот тим успеа да дојде до предност на „Паркот на принцовите“ и може малку поудобно да влезе во мечот на...

НАЈЧИТАНИ