Кичево
Печалбарите го живнаа Кичево традиционално за Католички Божик

Традиционално за католички Божик, во Кичево и кичевско се враќаат печалбарите кои живеат и работат во западно европските земји. Зголемената фрекфенција на луѓе му даде празничен лик на градот. Интензитетот на сообраќајот е зголемен, додека во локалите и маркетите видливо е зголемен бројот на потрошувачи. Најмногу гости има од Швајцарија, Австрија и Германија, каде се впрочем и најголемиот број на печалбари од овој крај.
– Како и претходните години така и годинава зимскиот одмор го искористивме да се вратиме во земјата, и тука меѓу своите да ја дочекаме Новата година. Времето не послужи, нема врнежи од снег, ниту ниски температури и тоа ни помогна по пат да поминеме без проблеми. Во земјава ќе останеме десетина дена, по што се враќаме назад на редовните обврски – вели Велија, гастрбајтер во Швајцарија.
Сопствениците на локалите во Кичево се задоволни што за празниците ќе имаат зголемен промет и поголема посета на гости.
– Благодарение на нашите печалбари и живоста во нашиот локал од завчера е зголемена. Печалбарите покрај што пијат кафе или сок, тие тука и ручаат или вечераат, што за нас е убава можност да го зголемиме прометот. Овој интензитет на промет ќе трае во наредните десетина дена, до кога печалбарите ќе останат во земјава. Сепак и овие десетина дена се значајни, ако се има во предвид просечниот промет во текот на есента- велат вработените во една пицерија во центарот на Кичево.
Зоран Антоски
Кичево
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети

Кичевскиот најснабден маркет АТВА повторно со акција на најбараните производи по екстра цени!
Акциската цена на производите ќе трае една седмица, односно до 2 февруари.
Кичево
Кичево: Вчера во стан на ул. „11 Септември“ настанал пожар, повредени лица нема..

На 23.01.2023 година во ОВР Кичево било пријавено дека на 22.01.2023 година во 18.30 часот во стан на улица „11 Септември“ во Кичево, сопственост на С.С. (48), настанал пожар.
Повредени лица за среќа нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
За порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Кичево
ЕВН КЕЦ Кичево: Најавени прекини на електрична енергија во следните кичевски локалитети

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 24.01 – вторник, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните кичевски локалитети:
- ТС Техника, бул. Илинден кратки прекини на почеток и крај на планираниот прекин: Жито Караорман, Лопушник, Комуналец, Македонски шуми (Од 09:00 до 13:00 часот)
- Дел од ул. 4-ти јули (Ламели), Жито маркет, пекара Сара и др. (Од 13:00 до 15:00 часот)
Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
За нашиот медиум известува ЕВН Македонија.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (30 јануари)
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за вторник (31 јануари)
-
Lifestyle18 часа
12 карактеристики на незрели луѓе! Ако забележите дека некој се однесува вака, знајте со кого си имате работа!
-
Автомобили1 ден
Истакнат списокот на автомобили од кој сопствениците биле најмногу задоволни, „Dacia“ високо на врвот…
-
Македонија2 дена
Викендов во акциска на СВР Охрид санкционирани 10 возачи кои возеле под дејство на алкохол
-
Здравје и убавина2 дена
Оваа намирница е една од најздравите во светот, таа го чисти организмот од отрови и масти..
-
Мобилни уреди2 дена
Новото чудовиште од Samsung, серијата Galaxy S23 ќе го добие првиот модел на издржливо стакло „Gorilla Glass Victus“
-
Временска прогноза8 часа
Снег послабо и за месец февруари, сув студ и силен ветер се она што треба сигурно да се очекува, ова се деталите…