Следете не

Спорт

Видете како Халдорсон „го прочита“ пенал ударот на Меси (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Во 63-та минута Аргентина имаше прилика за повторно водство против Исланд откако беше досуден пенал за Аргентинците, но исландскиот голман Халдорсон со епска одбрана го задржа нерешениот резултат. Ретко кога Меси промашува пенал, па оваа ситуација сигурно долго ќе се врти по интернет.

Спорт

Академија Пандев со „петарда“ на гости, Силекс ја изненади Шкендија, додека стружани победија во Штип

Објавено пред

на

Академија Пандев го декласира Работнички на арената „Тодор Проески“ со 0-5. Домашната одбрана беше очајна, посебно во првиот дел, а тоа прво го искористи Горан Томовски во десеттата минута. Иво Јанакиевски си постигна автогол по центаршутот на Најденов во 24.минута, а Ване Крстески во 44.минута со соло акција уште еднаш ја затресе мрежата на Игор Алексовски. Во второто полувреме, Ване Крстевски стигна до хет-трик. Вторпат погоди во 52.минута од мечот, а во судиското продолжение го постави и конечниот епилог.

Шкендија не успеа победнички да ја отвори новата сезона во Првата фудбалска лига. Силекс во Струга извлече еден бод играјќи 1-1. Тетовци кои поради суспензија не играат на Градскиот стадион во Тетово, повдоа со голот на Дашмир Елези во 17.минута од дуелот, но Силекс израмни во 90.минута преку Арсим Љамалари.

Тиквеш ја совлада Победа на гости во Прилеп со 0-1. Александар Мишов со удар со глава по корнерот од десната страна беше стрелец за гостите во 45.минута од натпреварот.

Интересен меч се одигра и во Штип меѓу Брегалница и Струга ТЛ. Во финишот од дуелот, Укпа Ефион Хоган успеа да ја затресе мрежата на Брегалница користејќи една одбиена топка.

Вчера, Шкупи ја победи Македонија ЃП со 2-1.

ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ВТОРО КОЛО

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 1:1

РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0:5

ПОБЕДА – ТИКВЕШ 0:1

БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ 0:1

ВЧЕРА: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:1

Извор: makfudbal.mk (Прочитајте повеќе за сите спортови)

Прочитај повеќе...

Спорт

Милан со победа ја почна новата сезона во одбрана на титулата, победа оствари и Аталанта

Објавено пред

на

Фудбалерите на Милан со победа ја започнаа одбраната на титулата во Серија А, кои денеска славеа против Удинезе со 4:2.

Бразилецот Родриго Бекао уште во втората минута го доведе Удинезе во водство, но Милан многу брзо го смени резултатот. Најпрвин Тео Ернандез беше сигурен од белата точка во 11. минута, а четири минути подоцна Анте Ребиќ донесе пресврт за домашните.

Во третата минута од судиското надополнување Адам Масина израмни на 2:2 и со тој резултат се замина на пауза, а во вториот дел Браим Диас во 46. минута и Ребиќ со вториот гол во 68. минута му донесоа победа на Милан.

Во следното коло фудбалерите на Удинезе ќе ја пречекаат Салернитана, додека Милан ќе и гостува на Аталанта која денеска со 2:0 славеше против Сампдорија.

Аталанта поведе со голот на Рафаел Толои во 26. минута, а победата на тимот од Бергамо ја потврди Адемола Лукман во 94. минута.

Фудбалерите на Сампдорија ги чека тешка задача во второто коло од италијанскиот шампионат бидејќи ќе го пречекаат Јувентус.

/danas.rs

Прочитај повеќе...

Спорт

Безбедност, заштита на интегритетот на натпреварувањата како и борба против местење фудбалски натпревари тема на денешниот семинар

Објавено пред

на

Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија, денеска во хотел „Хилтон”, во Скопје го одржа редовниот семинар со делегатите на натпреварите од Првата МФЛ и Втората МФЛ.

На денешниот редовен  работен состанок со делегатите, главни тема беа безбедноста, заштита на интегритетот на натпреварувањето, како и промената на одредени точки во Пропозициите на натпреварите во Прва и Втора МФЛ.

Исто така на состанокот беше одржано предавање од страна на одделот за безбедност и интегритет на ФФМ на тема „Борба против местење на фудбалски натпревари”. Делегатите беа запознаени со начинот на кој треба да го штитат интегритетот на фудбалската игра на територијата на државата.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за понеделник (15 август)

ОВЕН Постојат информации што ви се потребни и нема да ги добиете лесно, затоа имајте на ум дека ништо нема...

Македонија5 часа

„Се лета“ Тетово-Гостивар, дури 13 возачи движеле над 70 км/ч од дозволеното!

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (14 август) од 14 до 20 часот, спроведоа акциска контрола во која се изречени...

Спорт8 часа

Академија Пандев со „петарда“ на гости, Силекс ја изненади Шкендија, додека стружани победија во Штип

Академија Пандев го декласира Работнички на арената „Тодор Проески“ со 0-5. Домашната одбрана беше очајна, посебно во првиот дел, а...

Мобилни уреди8 часа

(ФОТО) Стигна првиот мобилен телефон со 200 мегапиксели камера, во Кина закажана деби презентацијата

Телефонот кој е украсен со споменатиот сензор е Motorola X30 Pro, а сензорот е Samsung ISOCELL HP1. Сензорот од 200...

Кичево14 часа

ОВР Кичево: Ноќеска 10 пијани возачи и 1 одземен нерегистриран мотор

Во текот на изминатата вечер (13/14.08.2022) во рамки на Оперативниот план „Безбедно лето 2022“, во периодот од 22.00 до 04.00...

Lifestyle1 ден

(ВИДЕО) Лозано: Дома си е дома, „Ја излези Ѓурѓо“ од многу грла во еден глас ❤️ Кичево!

Нашиот Лозано е секогаш добро решение за ноќниот живот во Кичево, баш како и што доликува, резервирано до последно место...

Хороскоп1 ден

Дневен Хороскоп (14 август) – недела

ОВЕН Поволен ден за комуникација со надредените како и за нови разговори за работа. Може да се надевате на убава...

Спорт1 ден

Милан со победа ја почна новата сезона во одбрана на титулата, победа оствари и Аталанта

Фудбалерите на Милан со победа ја започнаа одбраната на титулата во Серија А, кои денеска славеа против Удинезе со 4:2....

Македонија2 дена

СВР Охрид со активности на г.п. Ќафасан – „На пат секогаш тргнувај одморен“

Под мотото „На пат секогаш тргнувај одморен“, Одделението за превенција при СВР Охрид и РСБСП ја спроведуваат превентивната кампања „Безбедно лето...

Временска прогноза2 дена

Поизразено невреме проследено со интензивен пороен дожд – ова се најновите метео информации

За време на овој викенд бидете КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и тоа поради очекуваната нестабилност на повеќе места низ Македонија. Истата ќе...

НАЈЧИТАНИ