Следете не

Дом и уредување

ПЕРЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ,ЧИСТЕЊЕ: Што троши најмногу калории

Објавено пред

на

Погледнете ја листата и одберете што сакате да завршите утре

Не постои некој што ги сака домашните работи. Миење садови, пеглање, чистење прашина, гланцање прозори. Но, со овие работи можете и да ослабнете ако ги практикувате барем десетина минити дневно. Добивката е двојна, ем домот ќе биде чист ем вашата линија ќе биде витка.

Погледнете ја листата и одберете што сакате да завршите утре.

Чистење на кадата (за 15 минути 100 калории)

Перење садови (15 минути 560 калории)

Бришење прашина (15 минути 25 калории)

Пеглање ( 3 часа 420 калории)

Чистење прозори (30 минути 145 калории)

Дом и уредување

Облеката како да е пеглана после перење: Треба да ставите само едно нешто во машината за перење

Објавено пред

на

Додека некои сметаат дека пеглањето е терапевтско, многумина сметаат дека е исклучително здодевна активност.

Но, верувале или не, можете да ја олесните оваа задача или дури и да се ослободите од неа.

Еден генијален трик за кој се зборува на интернет ќе ви помогне целосно да заборавите на пеглата, а најдобро од сè, не треба да вложувате никаков труд и време.

Имено, доволно е да направите две-три топчиња од алуминиумска фолија и да ги ставите во машина за перење или сушење, пренесува RadioS.

Трикот со топката од фолија во машината функционира затоа што топчињата ќе ви помогнат подобро да се вртат и перат вашите алишта и да го спречат таложењето статички електрицитет во машината за сушење. Велат дека нема да ви треба ни омекнувач.

/RadioS

Прочитај повеќе...

Дом и уредување

Во одводите демнат невидливи материи кои можат да бидат опасни

Објавено пред

на

Одводите, одводите и канализационите цевки генерално не се многу пријатни места, барем од човечка перспектива. Да бевте габа, од друга страна, ќе бевте воодушевени.

Една од причините зошто одводите се толку одбивни, исто како валканите сунѓери и други слични прибори, е токму тоа што тие се одлично живеалиште за непријатни и штетни микроби.

Во новото истражување, научниците од Универзитетот во Рединг длабоко нурнаа во матниот екосистем со испитување на повеќе од 250 канали за тоалети на универзитетскиот кампус. Примероците биле земени со помош на стерилни памучни брисеви, а со екстракција на ДНК од нив, ги откриле микробите кои живеат во одводите.

Резултатите откриле мувлосана џунгла од разни габи, нешто како прашума во одвод.

Иако на такво место се очекуваше богат микробен живот, научниците беа изненадени од количината на габи. Тие се различни, а сепак многу слични едни на други.

Во одводот се пронајдени 375 видови габи. И покрај таквата разновидност, габичните заедници покажаа извонредна сличност во научните профили – видовите и изобилството не се разликуваа многу во примероците земени од сите локации. Научниците забележале дека не можат да објаснат што ја предизвикува сличноста, но претпоставуваат дека станува збор за сличност во користењето на тоалетите во таа конкретна заедница. Имено, повеќето мијалници се користат за миење раце.

Студијата покажа дека мијалниците не се само добро место за живеење на микробите, туку и место за размножување на мувла и други габи, преку кои болестите потоа полесно се пренесуваат меѓу луѓето, пишува Science Alert.

Научниците веруваат дека нивното откривање на опасностите во одводите може да им помогне на луѓето со намален имунитет да ја намалат можноста за инфекција.

Високата содржина на влага, брзите температурни промени, високата pH вредност во детергентите и акумулацијата на органска материја се идеални живеалишта за габите. Тие се многу отпорни, особено затоа што мора да се навикнат на промени, како топла и ладна вода.

/n1info

Прочитај повеќе...

Дом и уредување

Миризите од овие 8 застапени нешта во вашата соба ќе ви помогнат да се опуштите

Објавено пред

на

Некои мириси предизвикуваат хемиска реакција во мозокот, која ќе ви помогне да се опуштите. Збогатете ја куќата со овие мириси и препуштете му се на уживањето…

  • „Baby pоwder“
  • „Baby powder“ ќе ви помогне да се чувствувате смирено, бидејќи потсетува на детството, во кое сте се чувствувале многу сигурно.
  • Ванила
  • Освен што смирува, мирисот на ванила поттикнува и брз сон. Свеќите со мирис на ванила во спалната соба се идеално решение за одличен сон.
  • Лаванда
  • И маслото од лаванда докажано влијае на мозокот така што ја зголемува поспаноста. Токму затоа, одлучете се да капнете неколку капки етерично масло од лаванда на перницата.
  • Краставици
  • Оваа арома ја намалува анксиозноста и го поттикнува опуштањето, бидејќи исто така потсетува на детството, кое било исполнето со пикник забави и чести дружења.
  • Мирис на драго лице
  • Мирисот кој му припаѓа на вашиот партнер може да делува многу смирувачки, бидејќи ви дава чувство на нешто познато.
  • Камилица
  • Чајот од камилица има смирувачки ефект на многу лица, па затоа и самиот мирис на камилица смирува, бидејќи тогаш се потсетуваме на прекрасното чувство по испиениот топол чај од камилица.
  • Лонсион за сончање
  • Овој мирис го поврзуваме со годишниот одмор и патувањата, и благодарение на него се навраќаме на одморите исполнети со уживањето и лежењето на плажа заедно со одличната книга.
  • Торти и колачи
  • О, да. Нема поубав мирис, кој докажано релаксира, бидејќи знаеме дека следува нешто познато и многу вкусно.
Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт4 часа

ФФМ денес одржува редовно генерално собрание, каде свое обраќање имаа претставници на УЕФА кои ја пофалија досегашната работа и залагање за фудбалскиот развој

Фудбалската федерација на Македонија го одржува своето Редовно генерално Собрание. На Собранието пред присутните 58 од вкупно делегати, свое обраќање...

Спорт7 часа

Олимписките федерации против паричните награди за освојувачите на златни медали на „ОИ“ во Париз

Олимписките спортски организации вчера ја критикуваа Светската атлетика која на спортистите им вети по 50.000 долари за секој освоен златен...

Спорт14 часа

Бугарскиот тениски судија Павел Атанасов трајно суспендиран да суди и да присуствува на тениски настани организирани од ИТИА

Бугарскиот тениски судија Павел Атанасов е доживотно суспендиран поради 21 прекршувања на тениската антикорупциска програма (TACP), извести вчера Меѓународната агенција...

Временска прогноза14 часа

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за сабота (20 април)

ОВЕН Се чувствувате одлично и ќе треба да го споделите вашиот оптимизам со другите, но исто така и финансиите. Само...

Балкан17 часа

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во нејзиниот стан, жалната вест силно одекна во Србија, колегите и блиските се простуваат од неа

Водителката Бојана Јанковиќ (поранешен Николиќ), која се прослави како водителка на култното шоу на Пинк „Град“, е пронајдена мртва во...

Кичево18 часа

(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..

После солистичкиот концерт на 22.12.2023 со мотото „Stars without a Sky“, тимот на Лука Лазарески продолжува со макотрпна работа, сега...

Спорт1 ден

Во недела град Велес е домаќин на футсал финале во рамките на „Купот на Македонија“, за трофејот ќе се борат „Клими“ и „Форца 2015“

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македонија. Финалната пресметка...

Гејминг1 ден

World of Warcraft доаѓа на конзоли?

Идејата дека World of Warcraft би можел да дојде до конзолите е пуштена безброј пати, а изгледа дека Blizzard конечно...

Култура1 ден

Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above

Неговиот седми музички проект „Fly Above“ штотуку е објавен на Youtube, зад себе има уште шест музички проекти наречени “The...

НАЈЧИТАНИ