Временска прогноза
Период на стабилно време со ниски утрински температури, од недела следува промена на времето

Под влијание на стабилна и сува воздушна маса, и во текот на следните неколку денови времето ќе биде стабилно, суво и сончево со сосема мала локална облачност. Ќе биде и претежно тивко па токму поради ова, по одделни котлини ќе има појава на магла и на ниска облачност.
За време на викендот ќе има зголемување на облачноста, а одсега гледано условите за врнежи ќе започнат да растат во недела попладне и навечер.
Максималните дневни температури ќе бидат над просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16, 17 степени, додека во местата со магла ќе се задржи постудено.
Минималните температури пак на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, додека на некои места истите ќе се спуштаат и под -5 степени.
Подготви: Славчо Попоски
© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.
Временска прогноза
Најава за нови снежни врнежи од понеделник, ова се деталите..

Под влијание на циклонска активност утре и за време на викендот времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кој најпрвин ќе ги има на запад и со полсаб интензитет, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.
Повеќе врнежи ќе има за време на викендот кога истите ќе се прожират насекаде а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.
Најинтензивни врнежи за време на викендот ќе има во западните предели каде локално ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог, додека на планините со надморска височина од над 1500 метри снежната покривка значително ќе се зголеми (над 40 сантиметри), и тоа особено во западните предели .
Во понеделник ќе дува засилен западен ветер, меѓутоа доцна попладне и во вечерните часови од север ќе започне да се спушта СТУДЕН ВОЗДУХ кој ќе услови ново заладување на времето и врнежи од снег и формирање на снежна покривка на повисоките населени места.
Од понеделник навечер врнежи од снег ќе има понекаде и на ниските места (градовите), со што ќе дојде до формирање на нова снежна покривка. Од вторник максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од -3 до 6 степени во најтоплите предели од државава, додека наутро понекаде температурите ќе се спуштат и под -10 степени.
За време на ова заладување, повторно и во Скопскиот регион се очекуваат снежни врнежи.
Автор: Славчо Попоски
© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.
Временска прогноза
Нов циклон кој носи промена на времето се приближува кон нашата држава

Циклон ќе влијае на времето во нашата држава во текот на следниот период и истиот ќе условува повремени врнежи од дожд и тоа поради јужното воздушно струење, кое ќе услови значително потопло време и забрзано топење на снегот. Врнежи од снег ќе има само на планините со надморска височина од над 1500 метри, особено на запад и на северозапад.
Најпрвин врнежите ќе ги има на запад и со послаб интензитет, додека за време на викендот како и на почетокот од следната недела истите ќе се прошират насекаде и ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, но сепак најинтензивни ќе бидат на запад каде локално се очекува да наврнат над 40 л/м2 воден талог. Температурите на воздухот ќе бележат значителен пораст, како минималните така и максималните и за време на викендот истите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.
Исто така за време на викендот, како ина почетокот од следната недела ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата држава ќе се изврши транспорт на прашина и на песок па така и дождот кој ќе паѓа ќе биде помешан со Сахарската прашина и песок.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради очекуваните поинтензивни врнежи, но и поради забрзаното топење на снегот поради релативно високите температури на воздухот се очекува повторно покачување на нувоата на реките и на езерата низ државава. Иако условите се мали, но сепак постои можност за локално излевање на помалите реки низ државава, особено на запад. Токму поради ова на возачите им препорачуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ доколку возат покрај помалите реки кој се наоѓаат во близина на патиштата.
Да напоменеме дека за време на овој циклон локално ќе има услови и за појава на нестабилност проследена со грмежи.
Според сегашните анализи, нов студен бран и нови врнежи од снег понекаде и на пониските места кај нас треба да стигне во понеделник попладне и навечер.
Автор: Славчо Попоски
© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.
Временска прогноза
Ноќеска во Берово измерени -16°С, од утре температурите ќе бидат во пораст

Поларниот бран продолжи да влијае на времето и во текот на изминатата ноќ, па така до утринава најстудено беше во Битола и во Берово каде температурите се спуштија на -16 степени.
Потоа следуваат Крива Паланка каде се измерени -13 степени, во Скопје – Петровец, Прилеп и во Пожаране се измерени -11 степени, во Ѓуриште, Виница, Тетово и во Охрид се измерени -10 степени, -8 степени Скопје – Зајчев рид, во Струмица и во Гевгелија се измерени -4 степени и во Дојран беше најтопло каде се измерени -3 степени.
Доста студено ќе биде уште утре наутро, додека во текот на денот како што најавивме студот полека но сигурно ќе попушта, а температурите на воздухот ќе бидат во пораст.
Исто така ќе започне да дува јужен и југозападен ветер кој од петок повремено ќе биде и засилен по интензитет.
Автор: Славчо Попоски
© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.
-
Временска прогноза2 дена
Нов циклон кој носи промена на времето се приближува кон нашата држава
-
Култура2 дена
Денес се традиционалните „Женски Водици“, додека именден слават Јован, Јована, Јана, Јоана.. за многу години!
-
Кичево3 дена
(ВИДЕО) Потсетување на „Водици 2020“ во Кичево, како и најсреќните скокачи кои го извадија светиот Крст до сега
-
Временска прогноза11 час
Најава за нови снежни врнежи од понеделник, ова се деталите..
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за денес [21.01] четврток
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп [20.01] среда
-
Мобилни уреди2 дена
НЕ КЛИКАЈТЕ на оваа порака, опасен вирус кружи по „Viber“
-
Случувања2 дена
Прогноза: Како ќе изгледа ковид 19 во иднина