Временска прогноза
Периодот пред нас со екстремни температури до 42 степени и УВ индекс 11
Пеколниот бран проследен со ЕКСТРЕМНО висок УВ ИНДЕКС продолжува и во неделата која што ни претстои.
Нашата територија и понатаму ќе се наоѓа под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од јужните географски широчини (северните предели на Африка). Времето и во следните денови ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Од среда во попладневните часови ќе има услови за локална и краткотрајна нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.
Ќе дува слаб до умерен ветер и тоа во западните предели од југозападен и западен, а во останатите предели од северен и од североисточен правец. Од среда ветерот ќе го промени својот правец во западен речиси насекаде и повремено ќе биде засилен по интензитет.
Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени, додека во најтоплите предели, особено во средината на седмицата температурите се очекува да се искачат до околу 42 степени.
УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има коефициент некаде од 10 до 11, што значи дека ќе биде ЕКСТРЕМНО ВИСОК. Токму поради ова старите и изнемоштени лица во најтоплиот дел од денот да не се движат на отворено (поточно под директно влијание на сонцето), додека помладите доколку излегуваат ЗАДОЛЖИТЕЛНО со себе да понесат капа и наочари за сонце, како и шишенце со ладна вода со цел да се заштитат од ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ температури и ЕКСТРЕМНО високиот УВ ИНДЕКС.
Пишува: Славчо Попоски
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
Временска прогноза
Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (23 април)
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за среда (24 април)
-
Македонија2 дена
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
-
Lifestyle2 дена
Колку долго можеме да ја чуваме мократа облека во машината за перење?
-
Магазин2 дена
Netflix налути многу корисници со еден потег, но се покажа како одлична одлука
-
Магазин17 часа
iPhone 16 може да остане без физички копчиња
-
Магазин17 часа
Meta се затвора во Турција
-
Спорт11 часа
КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал