Кичево
Перспектива и Рокенрол ретроспектива 2

Драги пријатели Ве покануваме на овогодинешната ретроспектива, која вроди плод со својот легендарен звук преку хитовите на Битлси, Дип Парпл, Лед Зепелин…Но пред се преку нивниот младешки дух кој оваа година ќе се реализира и преку оние кои сакаат да го продолжат патот кои им го трасираа постарите генерации.
Програма:
07.09.2018 (Петок): Fallin, Клара, Halfgod, Monumental, Каин и Inner Hate.
08.09.2018 (Сабота): Гвидони, Стил, Пацифик, Легенда и Медузи.
Кичевските легенди заедно со разгорениот оган на новата перспектива ќе направат две вечери за паметење.
Затоа бидете тука на 07,09,2018 и 08,09,2018 и нека ви бидат обележани со црвено, како секој празник бидејќи овие два дена ќе бидат празник на душата на градот.
Кичево
(ВИДЕО) Суспектниот кичевчанец на мајмунски сипаници денес бил тестиран, неговите резултати ќе се објават во текот на вечерта

Кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници кој неодамна се вратил од Австрија, конечно е тестиран и е во изолација, потврдија од Комисијата за заштита од заразни болести. По три дена брканица денеска или најдоцна утре Македонија конечно ќе донае дали во државата има мајмунски сипаници. Во меѓувреме, по наредба на Министерот за здравство веќе е испратен инспектор до неговиот дом за да му биде доставено и решение за здравствен надзор.
– „Пациентот од Кичево денеска беше исконтактиран, а потоа и тестиран од страна на Центарот за јавно здравје во Битола. Во моментов, тој е во изолација, а резултатите од тестот ги очекуваме до 20 часот.“ – изјави Мехмедовиќ
Видео од прилогот како и целиот натпис погледнете го на порталот од Алфа Телевизија ТУКА
Кичево
Алфа ТВ: Прв сомнителен случај со „мајмунски сипаници“ жител на град Кичево

Според извори од Алфа Телевизија пациент од Кичево е првиот сомнителен случај со „мајмунски сипаници“. Според информациите до кои дојде Алфа пациентот имал закажано термин на инфективна клиника во Скопје, така што го очекуваат да пристигне во секој момент.
Според истиот извор, кичевската брза помош одбила да го пренесе, па тој со сопствено возило се упатил кон клиниката во Скопје.
Дополнително како што наведуваат, врз пациентот најверојатно ќе му бидат извршени лабараториски испитувањa за да се потврди дали се работи за мајмунски сипаници.
Видео од прилогот на Алфа ТУКА
Извор и повеќе информации: Алфа Телевизија
Кичево
Кичево: Ноќеска избувнал пожар во с.Другово, нема повредени

На 08.08.2022 околу 20 часот, во полициска станица Кичево, пријавено е дека во кичевското село Другово, настанал пожар кој целосно опожарил плевна и куќа, сопственост на В.М.(62) од истото село. Интервенирала Територијалната противпожарна единица Кичево. Увид на местото на настанот изврши екипа од полициска станица Кичево. За Порта извести портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
-
Кичево2 дена
(ВИДЕО) Суспектниот кичевчанец на мајмунски сипаници денес бил тестиран, неговите резултати ќе се објават во текот на вечерта
-
Хороскоп1 ден
Викенд Хороскоп -(сабота 13 август)-
-
Македонија1 ден
Заврши испитувањето на брисот земен од кичевчанецот по сомнежот дека имал „Мајмунски сипаници“
-
Хороскоп9 часа
Дневен Хороскоп (14 август) – недела
-
Lifestyle1 ден
(ВИДЕО) Теа Таировиќ се оправда и распали со нашата „Македонско девојче“ – нема поубаво од Македонче!
-
Lifestyle6 часа
(ВИДЕО) Лозано: Дома си е дома, „Ја излези Ѓурѓо“ од многу грла во еден глас ❤️ Кичево!
-
Временска прогноза19 часа
Поизразено невреме проследено со интензивен пороен дожд – ова се најновите метео информации
-
Македонија18 часа
СВР Охрид со активности на г.п. Ќафасан – „На пат секогаш тргнувај одморен“