Следете не

Спорт

Петар Чех се приклучи како четврт голман на Челси!?

Објавено пред

на

Чех го шокираше кам-бекот во Челзи по вклучувањето во 25-члениот тим на Премиер лигата како „покритие за итни случаи“

Челси го вклучи 38 годишниот Петр Чех во својот состав од 25 луѓе во Премиер лигата како „покритие на итни голмани“, и покрај претходното повлекување од фудбалот во 2019 година.  Тој ќе фигурира како четврт голман во англискиот тим во друштво со Кепа Аризабалага, Едуард Менди и Вили Кабалеро.

Инаку Чех се приклучи како дел од стручниот штаб на Челси минатата година како технички советник и перформанси по неговото пензионирање, а тренираше со „сините“ во последните месеци.

Спорт

Македонската репрезентација до 17 години поразена од Србија, додека повозрасните одиграа нерешено со Унгарија

Објавено пред

на

Репрезентацијата на Македонија до 18 години и на вториот контролен натпревар против Унгарија во Ѓер одигра нерешено 2:2.

Двете селекции отворено го започнаа натпреварот, тоа резултираше со брз гол на домашните фудбалери уште во шестата минута од средбата. Стрелец на погодокот беше Даниел Наџи Колозвари.

Македонија успеа да погоди за израмнување во 33. минута со голот што го постигна Бесар Гуџуфи. Две минути подоцна нов погодок за нашата млада селекција. Никола Павлевски погоди за пресврт и предност од 2:1. Одигравме одлично прво полувреме, бевме подобар противник и заслужено имавме предност.

Во продолжението, унгарците одиграа многу подобро, нашата репрезентација се повлече, но не успеа да го одбрани водството. Репрезентацијата на Унгарија со погодок во 80. минута успеа да го изедначи резултатот преку Бенце Фабиан и да ги постави конечните 2:2.

Најдобрата можност за нас во вториот дел ја имаше Бесар Гуџуфи, но за жал не беше прецизен.

Унгарија до 18 години – Македонија до 18 години 2:2 (1:2)

МакедонијаВаско Василев, Никола Павлески, Марко Ристов (Христијан Поп – Антовски 65’), Борјан Попоски (Давид Љусев 73’), Енис Буќи, Матеј Ангелов (к), Матеј Ѓорѓиев (Давид Дебрешиловски 53’), Бесар Гуџуфи, Игор Јаневски (Марко Тренески 65’), Максим Милошевски, Атдхе Кадриу (Ерион Шуку 53’);

Резерви: Ерион Шуку, Марко Тренески, Марко Софијаноски, Наум Ангелов (Г), Христијан Поп – Антоски, Хамза Меметриза, Арбнор Мурати, Давид Љусев, Давид Дебрешлиовски;

Првиот меч заврши со резултат 1:1.

Што се однесува до репрезентацијата до 17 години, таа загуби со 5:0 од селекцијата на Србија во рамки на последниот натпревар од турнирот што се ораганизираше во Скопје за фудбалери до 17 години.

Високиот пораз е нереален и не ја отсликува вистинската слика за играта на двата тима.

Промашивме пенал, досуден пенал за противникот од сомнителна ситуација при 0:0, погодивме пречка и статива, а не реализиравме уште неколку добри шанси.

Србија поведе со 1:0 во 24. минута преку Мирко Николашевиќ. Нашиот голман Стојановиќ го одбрани досудениот пенал, но одбиената топка Николашевиќ ја смести во мрежата. Истиот фудбалер стрелаше прецизно и во 60. минута за зголемување на предноста на 2:0.

Најдобрата шанса ја имавме кога Богдановски ја погоди пречката по центаршут на Јаневски, а во 68. минута статива на Ѓоргиевски по удар од 20-на метри. Во 70. минута, Ѓорѓиевски не успеа да реализира пенал.

Две минути подоцна Матеа Бубањ зголеми на 3:0. Во 84. минута пенал за Србија, Александар Станковиќ беше сигурен од белата точка и зголеми на 4:0. Конечните 5:0 ги постави Стефан Џоџиќ во последната минута од средбата.

Македонија до 17 години: Давид Стојановиќ, Андреј Аризанкоски, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Матеј Јаневски, Мартин Ѓорѓиевски (к), Адриан Зенделовски, Никола Манојлов, Кире Стојанов, Мухамед Елмас , Зани Назифи;

Резервни фудбалери: Самоил Талевски, Бехар Серани, Симеон Здравковски, Анес Мелиќи, Хадис Таири, Давид Саботковски, Амир Нухија, Азис Јамини, Александар Богдановски, Енес Фидани; Селектор: Тони Јакимовски

Македонија на првиот натпревар од подготвителниот турнир триумфираше со 2-1 против Кипар.

Прочитај повеќе...

Спорт

Кај македонските фудбалски репрезентативци до 17 години владее позитивна енергија пред мечот со Србија

Објавено пред

на

Македонската репрезентација до 17 години предводена од селекторот Тони Јакимовски денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” се подготвуваше за утрешниот натпревар против Србија во рамки на контролниот турнир што се одржува во Скопје.

Нашите млади фудбалери во воведното коло од турнирот славеа победа со 2:1 против Кипар. Марко Стојилевски и Зани Назифи беа стрелци на головите.

Даниел Марковски, фудбалерот на Хелсинборг и член на младата репрезентација на Македонија е задоволен од прикажаната игра против Кипар.

– „Одигравме одличен натпревар против Кипар, но секогаш има простор за напредок, секогаш може подобро. На теренот делувавме одлично како колеткив, бевме подобра екипа, сосема заслужено остваривме победа. Утре играме против Србија, репрезентација која има голем квалитет, очекувам тешка средба со многу борба и отворена игра. Се надевам дека ќе оствариме нова победа“.

Капитенот Марко Ѓорѓиев вели дека оваа репрезентација на Македонија посакува учество на Европско првенство.

– „Нашата желба и цел е да обезбедиме учество на Европско првенство. Играме долго време заедно и одлично се познаваме. Овој контролен турнир претставува подготовка за она што не очекува во октомври, а тоа се квалификациите за пласман во елитната фаза. Одигравме добар натпревар со Кипар, се надевам дека повторно ќе бидеме на посакуваното ниво и на утрешниот дуел со Србија“.

Нашите фудбалери во октомври ги очекуваат квалификации за пласман во елитната фаза за Европско првенство. Во нашата група се Република Ирска, Полска и Андора.

Прочитај повеќе...

Спорт

Андонова: Не очекуваат два тешки натпревари. Шансата ќе ја бараме против селекцијата на Австрија

Објавено пред

на

Женската А репрезентација на Македонија денеска го одработи последниот тренинг пред заминувањето за Англија за воведниот меч од квалификациите за Светското првенство 2023. Нашата женска селекција против Англија, топ фаворит во групата ги започнува европските квалификации за мундијалот во Австралија и Нов Зеланд.

Против англичанките играме на 17. септември во Саутемптон, а четири дена подоцна на Националната арена „Тодор Проески” ќе се спротиставиме на селекцијата на Австрија.

Капитенот на женската А репрезентација на Македонија и член на шпански Леванте, Наташа Андонова вели дека шансата за остварување на поволен резултат треба да ја бараме во дуелот со Австрија пред домашната публика.

– “Не очекуваат два натпревари против силни репрезенетации. Селекцијата на Англија е апсолутен фаворит во групата, ќе биде многу тешко да се игра против нив. Австрија не е на рамниште со квалитетот како Англија и сметам дека шансата за освојување на бодови треба да ја бараме на тој меч. 

– Секогаш се обидувам да гледам реално на работите, така и овој пат. Мислам дека не треба да очекуваме некакво чудо во овие квалификации, треба само да продолжиме напорно да работиме и да ги слушаме советите од нашиот селектор. Објективен проблем претставува фактот што во овој состав на Македонија има фудбалерки претежно од домашното првенство кои немаат големо маѓународно искуство за разлика од другите селекции. 

– Работевме напорно овие неколку дена, имаме одлична комуникација со селекторот, позитивни сме, владее одлична атмосфера и ќе пробаме сето тоа да го искористиме за што подобро да одиграме на овие два натпревари“. 

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 29 минути

Денес 561 нов случај на Ковид-19, починале 29 лица

Во последните 24 часа се направени 4.384 тестирање, а регистрирани се 561 нов случај на КОВИД-19: • Скопје – 249...

СветПред 7 часа

Третата доза на Фајзер значително ја зголемува заштитата кај оние над 60 години

Трета, засилувачка доза на вакцината против коронавирус Pfizer/BioNTech значително го зголемува заштитниот ефект кај луѓето постари од 60 години, покажа...

СветПред 8 часа

Италија воведува картички за ковид за сите вработени

Италија ќе воведе задолжителни „зелени пропусници“ за сите вработени, доказ за вакцинација, негативен тест или опоравување од вирусот, а новите...

LifestyleПред 8 часа

Руската филмска екипа подготвена да го сними првиот филм во вселената

Рускиот екипаж составен од двајца космонаути и двајца филмски професионалци треба да полета на Меѓународната вселенска станица (ISS) на почетокот...

МагазинПред 8 часа

Microsoft Office 2021 ќе биде достапен од 5 октомври

Microsoft ќе го објави Office 2021, следната потрошувачка верзија на својот деловен пакет, на 5 октомври. Истиот ден, компанијата исто...

МагазинПред 8 часа

iOS 15 ќе биде достапен за преземање на 20 септември

Ажурирањата на Apple за iOS 15, iPad OS 15 и watchOS 8 доаѓаат на 20 септември, неколку дена пред претставувањето...

Временска прогнозаПред 14 часа

Денеска спарно време со топол ветер, викендов дестабилизација

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и понатаму натпросечно топло со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено на некои...

На денешен денПред 19 часа

На денешен ден (17 септември)

1580 година – Роден е Франциско Гомез де Квеведо и Вилегас, голем писател на Златното доба на шпанската литература и...

ХороскопПред 21 час

Хороскоп за денес (17 септември) петок

ОВЕН Денот е идеален за воспоставување нови деловни партнерства и за работа во која учествуваат повеќе од две лица. Се...

МакедонијаПред 1 ден

Коронавирус денеска, вкупно 557 новозаболени, починале 28 пациенти

Во последните 24 часа се направени 3.885 тестирање, а регистрирани се 557 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 268...

НАЈЧИТАНИ