Македонија
Петок дожд во нашите краеви, Сабота висока дневна проследена со дожд во вечерните часови
Од УХМР најавуваат дека во петок во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд.
Во сабота во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер што ќе предизвика значително повисоки дневни температури.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни проследени со грмежи.
Локално се можни поинтензивни процеси, врнежи со променлив интензитет ќе има и во наредните денови, а температурите ќе бидат во опаѓање..
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
Македонија
Од ноќеска дизелот ќе биде со намалена цена, додека бензинот минимално се покачува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 85,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа
малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,683 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот
М-1 НС изнесува 45,459 ден/кг, известува РКЕ.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (18 април)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за петок (19 април)
-
Кичево1 ден
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Култура8 часа
Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Хроника1 ден
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
-
Lifestyle8 часа
Дали витаминот Д може да го запре процесот на стареење?
-
Спорт2 дена
Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“