Кичево
Пикник за децата со пречки во развојот од страна на здружението „Надеж“

Здружението на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“ од Кичево денес организираа пикник за овие деца во село Осој, каде децата во друштво со нивните придружници, направија прошетка во блиската околина, играа фудбал, се веселеа и дружеа, а на крајот пикникот заврши со заеднички ручек во дворот на црквата „Света Петка“ во село Осој, најстарата црква во ова село.
– За да им го разубавиме денот на децата со пречки во развојот, нашето здружение, денес организира пикник во кругот на црквата „Света Петка“ во село Осој. Најпрво децата ги прошетавме во блиската околина, игравме фудбал, ја посетивме и црквата„ Света Петка’, каде во нејзиниот двор организиравме и заеднички ручек, збогатен со скара, салати, јагнешко печено, убав муабет и се договоривме ваквите дружби да продолжат и на други локации во непосредна близина на Кичево и да станат традиционални.
Расположението на овие деца на разделбата, беше најдобра потврда дека од денешната дружба се презадоволни и среќни се вратија во своите домови- истакна Алексо Тришоски, хуманист и помагател на децата со пречки во развојот.
Дописник: Зоран Антоски
Кичево
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник

Вчера на 02.07.2022 година во 22:50 часот, во ОВР Кичево пријавена е физичка пресметка на улицата „Веле Змејкоски“ во Кичево, помеѓу две малолетни деца.
Притоа, едното се здобило со повреди и било пренесено во болница за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Истиот ден на 02.07.2022 година во 19:30 часот, С.К.(51) од Кичево, во полициска станица пријави дека, на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва

На 03.07.2022 во 01.30 часот во Плициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Д.(23) од кичевското село Горно Строгомиште, излетало од патот.
Возачот и сопатникот Л.Р.(24) од Кичево биле пренесени во Општата болница во Кичево, а потоа во приватна болница во Скопје, каде на здобиените повреди подлегнал сопатникот Л.Р., а возачот бил задржан на лекување со тешки телесни повреди.
Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
(ФОТО+ВИДЕО) Најавеното невреме носи сè пред себе, кон с.Извор се лее кал по регионалниот пат

Најавеното невреме за попладневните часови очигледно носи сè пред себе.
Пред неколку минути нашата екипа патуваше кон Кичево од Охрид, па во отежнати временски услови со ограничена брзина можеше да се забележат остатоци од кал и камења на регионалниот пат во близина на с.Извор – кичевско.
Апел до сите учесници во сообраќајот внимателно да движат преку овој патен правец, поради можни свлечишта и остатоци од карпи и камења, додека надлежните органи го санираат проблемот кој за сега не претставува пречка но може да биде од сериозен обем доколку невремето заземе поголем интензитет.
Видео од силен град охридско-кичевски регион предмалку:
-
Кичево1 ден
Се бара 52-годишник од кичевско, скоро една недела го нема
-
Кичево10 часа
Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва
-
Кичево1 ден
(ФОТО+ВИДЕО) Најавеното невреме носи сè пред себе, кон с.Извор се лее кал по регионалниот пат
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за недела (3 јули)
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп (2 јули) – сабота
-
Кичево7 часа
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник
-
Хроника1 ден
Трагедија ја потресе Македонија, се трага по телото, 14-годишник попладнево се удави во Беровско Езеро
-
Македонија1 ден
СВР Охрид: Внимавајте, дури 27 санкции за возила кои престигнувале на недозволени места