Занимливости Храна

За денес на нашата трпеза имаме пилешко со моцарела

За ова јадење потребни се:

700 грама пилешки гради, 170 грама моцарела сирење, една лажичка зачини за пилешко, домати, сол, масло. 

Пилешките гради прво се посолуваат, се зачинуваат и кратко се пржат на масло. Потоа се ставаат во тава, одозгора се редат парчињата сирење, доматите исецкани на тркалца и се додава босилек.

Печете десет минути во рерна загреана на 180 степени. Како прилог може да се сервира ориз или печени компири.

Close