Тренерот на Милан Стефано Пиоли го коментираше поразот на Јувентус (0:1) доживеан синоќа во натпреварот од 12. коло на италијанскиот шампионат.

– Бевме барем рамноправни со нашиот противник, ако не и подобри. Но, ако не ги реализирате своите шанси, тогаш мора да платите. На секој натпревар се обидуваме да создадеме шанси, да оствариме предност. Овој пат решивме цврсто да играме, сепак на крајот загубивме.

Ние мора да продолжиме да работиме и да се подобриме. Нашата сегашна позиција е недостојна за Милан, ова треба да нè задржи напнати и фокусирани. Гледам подобрувања секој ден, ги видов на неодамнешните натпревари, бидејќи ние во никој случај не бевме инфериорни во однос на Лацио или Јувентус. Мора да разбереме дека на ова ниво секоја топка може да биде пресудна, изјави Пиоли.

Милан по 12 кола во Серија А се наоѓа на 14.место со само 13 бода.