Кошаркарот на Оклахома, Хамиду Диало победи на натпреварот во забивање на Ол-стар викендот откако го прескокна Шекил Онил и монструозно заби.

И овој натпревар во забивање не донесе нешто иновативно, веќе видени идеи од минатото. Најдобар беше Диало од Оклахома.

20-годишниот кошаркар изведе три добри забивања а победи со она во кое го прелета Шекил Онил.

Покрај него учествуваа Џон Колинс од Атланта, Мајлс Бриџс од Шарлот и Денис Смит Џуниор од Њујорк.

Во финалето Диало за осум бодови го победи Смит Џуниор.