Следете не

Случувања

Почина Амди Бајрам

Avatar

Објавено пред

на

На 64-годишна возраст денеска почина Амди Бајрам. Жалната вест ја потврдија од болницата Жан Митрев, каде веќе бил донесен починат.

Бајрам имаше проблеми со срцето, а посмртно ќе му биде направен и тест за Ковид 19, за што му е земен брис.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Македонија

Радувај се народе, се собраа средствата за лекување на малата Илина, капа долу луѓе со големо срце!

Avatar

Објавено пред

на

Симона Пармачка Блажевска, мајката на Илина, на својот Фејсбук профил вчера објави дека се собрани потребните средства за лекување на 9-месечното дете.

„Со секое ваше споделување, донирање и искрена поддршка допринесовте средствата за лекувањето на нашата Илина да бидат собрани! Нашата Илина добива можност да се избори со болеста на најдобар можен начин, да биде нашиот херој, да биде здраво и безгрижно дете благодарение на вас“, стои во објавата.

На малечката Илина ѝ беше дијагностициран неуробластом (тумор на надбубрежната жлезда), а поради неговата големина, таа беше итно оперирана.

За среќа, операцијата помина успешно, но следува период на долго закрепнување и терапии во Турција.

 

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Македонија

СВР Охрид: Напишани 66 казни за неносење маски и 76 контроли врз угостителски објекти

Avatar

Објавено пред

на

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 66 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-08, Струга-12, Кичево-25, Дебар-21).

На нив им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.

Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 76 контроли врз угостителски и други објекти.

Извор: СВР Охрид / портпарол Стефан Димоски

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Кичево

Како последица на Ковид-19 почина кичевскиот новинар, наш ценет пријател и човек со големо срце!

Avatar

Објавено пред

на

Како последица на Ковид-19 денеска почина кичевскиот новинар Рефик Зенку, дописник на Медиумската информативна агенција, наш ценет пријател, колега и човек со големо срце!

Своевремено г-дин Рефик беше дописник за МИА од Кичево цели девет години. За настаните од нашиот град и околината известуваше речиси до последен момент, додека не му беше дијагностициран од коронавирусот.

По три недели борба со коронавирусот се лекуваше во болницата „8ми Септември“, каде вчера состојбата му се влошила, а лекарите не успеале да го спасат.

Рефик Зенку беше новинар со долгогодишен стаж со речиси три децении во новинарството. Неговиот последен новинарски ангажман беше во локалната кичевска телевизија ТВ Гура дописник на МИА од Кичевскиот регион.

Упатуваме сочувство до семејството и најблиските.
Почивај во мир г-дине Рефик!

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МузикаПред 3 часа

(ВИДЕО) „Балкан Румба“ е новото оро првенче на нашиот кичевчанец маестро Бојан Кузманоски

Маестро Бојан Кузманоски од Кичево вчера на ЈуТјуб етерот го издаде своето прво „видео и аудио“ музичко остварување насловено како...

МакедонијаПред 4 часа

Радувај се народе, се собраа средствата за лекување на малата Илина, капа долу луѓе со големо срце!

Симона Пармачка Блажевска, мајката на Илина, на својот Фејсбук профил вчера објави дека се собрани потребните средства за лекување на...

МакедонијаПред 6 часа

СВР Охрид: Напишани 66 казни за неносење маски и 76 контроли врз угостителски објекти

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 66 прекршоци за неносење...

ЗанимливостиПред 13 часа

(ВИДЕО) Летни гуми не се препорачани на снег, објаснување зошто ни се потребни зимските гуми во зима и нивно значење

Зимската гума не е наменета само за снег, туку и за температури на воздухот под 7-иот степен. Можете да имате...

ХороскопПред 20 часа

Денешен Хороскоп (24.11) вторник

ОВЕН Ќе направите сѐ што можете да ги подобрите околностите на вашето работно место. Може да очекувате интересно познанство во...

КичевоПред 22 часа

Како последица на Ковид-19 почина кичевскиот новинар, наш ценет пријател и човек со големо срце!

Како последица на Ковид-19 денеска почина кичевскиот новинар Рефик Зенку, дописник на Медиумската информативна агенција, наш ценет пријател, колега и...

Временска прогнозаПред 1 ден

Стабилно и суво време со ниски утрински температури

И понатаму нашата територија ќе се наоѓа под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса,...

МакедонијаПред 1 ден

Нови 387 случаи регистрирани од Ковид-19, починати 35, ова е денешниот биланс

Во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 174 -Куманово...

СпортПред 1 ден

Марк Гасол во Лејкерс

Шпанскиот кошаркар Марк Гасол ќе биде новиот играч на НБА шампионот Лос Анџелес Лејкерс. Според американските медиуми, помладиот брат на...

МакедонијаПред 1 ден

Бензините се намалуваат, додека дизелот се покачува

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за нови цени на горивата, која започнува од ноќеска на полноќ и ќе...

НАЈЧИТАНИ