Скопје
ТАЖНА ВЕСТ: Актерката Билјана Беличанец вечерва пронајдена мртва

Актерката и поранешна градоначалничка на Општина Кисела Водa Билјана Беличанец вечерва е пронајдена мртва, пренесува СДК. мк официјални онформации од МВР.
Смртта ја пријавил член на семејството околу 22.40.
Беличанец е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје.
Нејзин матичен театар е Драмскиот театар во Скопје.
Беличанец беше градоначалничка на Кисела Вода од 2013 до 2017.
Има две деца од првиот брак. Неодамна втор пат се омажи со режисерот Сашо Миленковски.
Скопје
Утре во Скопје на поширокото централно подрачје ќе има посебен режим на сообраќај поради посета на висок функционер на Република Црна Гора

СВР Скопје денес ги извести граѓаните дека денеска (27.01.), но и утре (четврток) (28.01.2025) во Скопје, односно во официјална посета на Република Македонија ќе присуствува Претседателот на Собранието на Република Црна Гора, г.Андрија Мандиќ и поради тоа Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, пренесува МВР.
Скопје
Скопјанка пријавила дека машко лице ја допирало по телото

На 14.01.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, 18 – годишна девојка од Скопје пријавила дека во влез од станбена зграда на подрачјето на Центар, едно машко лице ја допирало по телото.
СВР Скопје, истакна дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Скопје
МВР: Пронајдени над 13000 пиротехнички средства во Синѓелиќ, лишени од слобода две лица

На 31.12.2024 полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во с.Синѓелиќ ги лишија од слобода Џ.А.(29) од с. Синѓелиќ и Л.А. (33) од Скопје. Кај Џ.А., на импровизирана тезга, пронајдени се 8598 пиротехнички средства, а кај Л.А. 4641 пиротехнички средства.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат од МВР.
-
Кичево12 часа
Рекапитулар на сработеното во „ЈЗУ Општа Болница“ – Кичево, по првите шест месеци од новото раководство, кичевчани заслужуваат подобро!
-
Кичево9 часа
Од испукана петарда, малолетничка од Кичево се здобила со повреди констатирани во Општата Болница
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (6 февруари)
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Првиот човек на ФФМ се сретна со вработените задолжени за терените, нивниот труд конечно е вреднуван
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за петок (7 февруари)
-
Lifestyle1 ден
Истражувачите објаснуваат: Кои намирници навистина го зајакнуваат имунитетот?
-
Магазин1 ден
Apple плаќа 20 милиони долари за батеријата на Apple Watch
-
Магазин14 часа
Пребарувањето ChatGPT сега е бесплатно за сите – може ли да ја замени Google?