Балкан Случувања

Почина патник – авион слета принудно на аеродромот во Белград

Авион на турската компанија “Сан Експрес”, кој летал на линија Цирих-Австралија, вчера принудно слетал на Аеродромот „Никола Тесла” во Белград. Ова следело откако на еден од патниците нагло му се слошило, но за жал и покрај напорите на лекарите од Итната помош кои се обиделе да го реанимираат патникот, починал.

Со него во авионот патувала и неговата сопруга која по несреќниот случај останала во Белград.

Драмата се одвивала доцна синоќа, а повеќе детали за идентитетот и ситуацијата ќе бидат познати подоцна.

Leave a Comment

Close