Кичево
„Car Club – Кичево“ и ПортаМК со последни подготовки за утрешниот Хуманитарен собир на возила „Од ❤ за Игор“
[sg_popup id=”25279″ event=”onLoad”][/sg_popup]Моментално се во тек последните подготовки во организацијата на овогодинешната автомобилска манифестација, со хуманитарна цел!
Како што веќе знаете, денес 11.08.2019 со почеток од 16:00 часот на платото од „Здружение на Возачи“ – Технички преглед на возила – Кичево се организира Хуманитарен Car Show „Од ❤ за Игор“, настан кој има за цел собраните финансии ќе ги донира на нашиот пријател Игор Петрески кој боледува од „Мултиплекс склероза“
Бидете дел, заедно, сплотено, да подадеме рака за Игор!
Голема благодарност до „Здружение на Возачи“, продавница за Авто-Делови и автомобилска галантерија „Auto Start“ – Кичево, како и сите добронамерни луѓе кои дадоа свој придонес!
Ве очекуваме! 💗
Кичево
„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата
Граѓаните против корупцијата во рамките на програмата овој петок на 29-ти март во Кичево потточно пред Музеј на „НОБ Запад“ на градскиот плоштад со почеток од 14:00 часот ќе продолжи со караванот со настани насловени „Преку глава ми е од корупцијата“ што се организираат и во Штип, Гостивар и Крива Паланка.
Граѓаните на овие средби ќе имаат можност да се информираат како активно да се вклучат во борбата против корупцијата преку различни активности. На настаните граѓаните ќе можат да разговараат и да се едуцираат за препознавање на злоупотреби и можностите за пријавување на корупција. Покрај претставниците од граѓанските организации МЦМС, ИДСЦС и ЦГК ќе присуствуваат и медиумските партнери од ИРЛ, 360 степени и БИРН Македонија.
За младите ќе бидат организирани отворени дискусии на тема корупција, а дел од нив ќе можат да го проследат форум театарот посветен на истата тема. Медиумските партнери од програмата исто така ќе ги информираат граѓаните за важноста на споделувањето информации и пријавувањето на потенцијалните случаи на корупција со цел да помогнат во медиумските истражувања, додека
Стопанската комора на Македонија ќе организира средби со локалните претставници од приватниот сектор.
/ПР
Кичево
ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници организира работен состанок во Кичево кој ќе се одржи на 3-ти април (среда) со почеток од 13 часот во кичевскиот кафе бар Check-In.
На состанокот свое учество ќе земат претставници на локални медиуми, онлајн медиуми (портали), новинари и медиумски работници од Кичево.
Инаку ова ќе биде прва средба на ССНМ и медиумските работници и новинари во Кичево, а ќе се разговара за актуелни случувања и проблеми со кои се соочуваат при извршување на своите работни задачи.
Кичево
„Отворени денови“ на Армијата на Република Македонија за граѓаните денес на градскиот плоштад во Кичево со почеток од 11 до 15 часот
Денес со почеток од 11:00 до 15:00 часот по повод 75 години од формирањето на „НАТО“ и четири години од членството на Македонија во Алијансата на градскиот плоштад во Кичево, односно во непосредна близина на НЦУК „Кочо Рацин“, Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија организираат отворен ден за граѓаните, каде присутните ќе имаат можност да проследат повеќе музички нумери во изведба на Воениот оркестар, да ги запознаат воените опреми и возилата, а презентација ќе има и на борбени вештини од баталјонот за специјални сили и алпинистички вештини од страна на Ренџерската единица.
Активноста ќе биде проследена од началникот на штаб во командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и претставници од локалната самоуправа. Со оваа организација практично се завршуваат отворените денови за граѓаните.
Нашата екипа ќе го проследи овој настан.
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за среда (27 март)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (26 март)
-
Култура1 ден
В сабота во Манастирот Св. Великомаченик Георгиј Победоносец во с. Рајчица ќе пристигне икона на Светиот Георгиј Победоносец, покана до сите верници да присуствуваат на духовното славје
-
Македонија16 часа
Викендов започнува летното сметање на време, ноќта во недела стрелките на часовникот ги поместуваме еден час по напред
-
Кичево10 часа
ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми
-
Спорт12 часа
Нова победа на македонската репрезентација до 18 години на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″
-
Lifestyle10 часа
Дали знаете што значи WC?
-
Автомобили1 ден
Директорот на BMW смета дека електричната автомобилска транзиција не може да им се наметне на клиентите