Следете не

Кичево

Последни подготовки во Кичево и Кичевско за Илинденското востание

Објавено пред

на

[sg_popup id=”25235″ event=”onLoad”][/sg_popup]

Илинден во Кичево и Кичевско

Кичевската каза била составен дел од Битолскиот вилает. Во Кичевската каза имало 118 села и градот Кичево. На оваа територија имало 5880 куќи, а за време на востанието живееле 39590 жители.

Од селата 81 село било христијанско, 21 село било муслиманско, а од жителите 21 800 биле христијани и 17790 муслимани. Во вакви околности и со многу неповолна ситуација која ја имале раководителите на организацијата се решиле да го кренат народот во Кичевско на оружен отпор.

Востанието во Кичевската околија започнало на 20 јули/1 август во вечерните часови. Востаниците делувале на два пункта во областите: Копачка и Рабетин-кол, додека другите населени места ангажирале востаници за помош на востаничките сили во овие подрачја.

Во Копачка на помош доаѓале помали групи на востаници од селата Галичник, Лазарополе и Тресонче. Голем дел од востаниците останале во Кичевско до крајот на востанието. Вечерта спроти верскиот празник Илинден 1903 година ( 2 август) во целата Кичевска околија се запалиле огнови како знак за дигање на востанието.

Населението било во исчекување на денот кога ќе се истераат ограбувачите и разбојниците. Народот бил буден. Никој не спиел. Одговорните ги привршувале последните договори кој каде треба да застане. Се одредувале задачи, се упатувале неискусните во се што може да се случи се храбреле поискусните од четите. Но, ова предвечерје се чинело вечност, особено кај помладите востаници, кај кои се гледала неизмерна радост и копнеж.

За последен пат се прегледувало оружјето, а пак четите, селските чети, предводени од своите војводи, по претходен договор тргнувале на своите одредишта. Подготовките за востанието во Кичевско ги направил Лука Џеров од Битола, кој бил избран на Смилевскиот конгрес за Кичевски околиски началник.

Во Кичевско доаѓа во мај 1903 година со мала чета од Битола носејќи со себе лекови, санитетски материјал и машинки за полнење на фишеци. Знаејќи ги односите на терен направил една средба со Албанците од Дебар, со кој договара да не им помагаат на османлиските сили.

На ваков начин Лука Џеров успеал да ги спаси мијачките села кои останале недопрени. За деталите од акцијата и планот на Организацијата Лука Џеров во своите спомени ќе каже: “ На 13 јули/26 јули вечерта, беше недела, случајно бев во манастирот Пречиста, кај што го добив писмото од Штабот, со кое се известуваше за востанието.

Веднаш пратив абер до поречкиот војвода Ванчо Србаков да дојде. На 18 јули се собравме ние двајца, Наќе, Арсо и секретарите и одлучивме: да направиме една демонстрација пред Кичево, а од Ванчо се бараше да ја нападне војската во

Ижишкиот ан, како и војската во Кичевското теќе. Но тоа не го направија, Ижиште не го нападнаа. Ние требаше да го нападнеме аскерот во кулата и во анот во месноста Извор за да се разбие таму војската. Пред тоа требаше да го нападнеме Кичево.

Во исто време му се нареди на Арсо војводата да ги извести четите за започнување на востанието.” Во Душегубица се направил посебен план според кој селата: Душегубица, Ехловец, Иванчишта, Попоец, Кленоец и Малкоец со селските војводи требало да ги опколат војската во Извор в зори на 21 јули/2 август. Лука Ѓеров требало Кичево да го нападне од две страни со чети од другите села од кичевскиот реон.

Автор на текст: г-дин Ѓорѓија Сајкоски

Кичево

(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас

Објавено пред

на

Министерство за внатрешни работи

Мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи Кичево и Полициските одделенија Зајас и Осломеј кои се во негов состав.

Во рамки на посетите министерот Тошковски одржа состаноци со раководствата на организациските единици и беше запознаен со структурата, тековните активности, движењето на криминалитетот и состојбата со човечки ресурси и техничка опременост.

– „Генерално на територијата на ОВР Кичево каде живеат повеќе од 50 илјади жители има стабилна безбедносна состојба и има над 50% реализација на кривични дела и покрај фактот што има ниска пополнетост со полициски службеници и стари возила. Што се однесува до Полициските одделенија Зајас и Осломеј се забележува намалување во делот на евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, а во делот на човечки ресурси и материјално-технички средства состојбата е како и во најголемиот дел од организациските единици“, за медиумите истакна министерот Тошковски.

ФОТО:

Извор: Министерство за внатрешни работи

Прочитај повеќе...

Кичево

ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“

Објавено пред

на

©porta.mk

Кичевското осново училиште Д-р „Владимир Полежиноски“ оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска во рамките на проектот „Размислувам, избирам, учествувам, Ученикот како активен граѓанин.“

Утре петок, 19.04.2024, со почеток од 11:00 до 13:00 часот во училиштето ке се одржи „Safe Spot Festival“ со тема – Интернет безбедност, така што колегиумот упатува покануваме до сите, да присуствуваат на овој настан, ќе биде забавно.

Прочитај повеќе...

Кичево

Вчера двајца малолетници од Кичево нарушиле јавен ред и мир со физичка пресметка

Објавено пред

на

porta.mk

На 12.04.2024 година во 21.50 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во близина на угостителски објект на улицата „Рудничка“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од еден врз друг малолетник, двајцата од Кичево.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за петок (19 април)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

Кичево9 часа

(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас

Мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи Кичево и Полициските одделенија...

Спорт11 часа

(ФОТО) ФФМ и ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ втор пат по ред организираа инклузивен фудбалски турнир

На тренинг центарот „Петар Милошевски”, втора година по ред Фудбалската федерација на Македонија во соработка со ДСУ за рехабилитација и...

Кичево12 часа

ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“

Кичевското осново училиште Д-р „Владимир Полежиноски“ оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска во рамките на...

Хроника14 часа

Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На 17.04.2024 во 19.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Скопје, кај с.Ново Село,...

Lifestyle15 часа

Растение кое ќе ги растера инсектите од вашиот дом – од молци до смрдливи бубачки

Лавандата ги одбива инсектите во сите форми, од култивирано растение до сушено цвеќе и есенцијално масло. Лавандата е украсно растение...

Магазин15 часа

Три причини зошто роботите наскоро ќе станат значително покорисни

Намалувањето на цените на роботите им овозможува на истражувачите полесно да пристапат до напредната технологија Роботиката е на прагот на...

Магазин15 часа

Telegram наскоро ќе има повеќе од една милијарда корисници

Основачот на платформата, Павел Дуров, признава дека некои влади се обиделе да извршат притисок врз него, но тврди дека апликацијата...

Магазин15 часа

Microsoft објави крај на поддршката за Office 2016 и Office 2019

Ако сè уште користите Office 2016 или Office 2019, можеби е време да размислите за нивна замена. Microsoft потсети дека...

Спорт1 ден

Младата женска фудбалска репрезентација учествува на турнир во БиХ ќе одиграат мечеви со Словенија, Украина и домаќинот БиХ

Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 16 до 24 април учествува на меѓународниот Уефа развоен...

НАЈЧИТАНИ