Lifestyle
Подгответе се за плажа: Симнете 10 цм од половината за само 4 дена!

Звучи неверојатно, но сосема е изводливо доколку малку се помачите и се одречете од секакви благи работи, грицки, мрсна и калорична храна во текот на четири дена и се задржите на здрави намирници.
Топлото време и поплавата од понуди на туристичките агенции асоцираат на годишен одмор, а тоа неминовно асоцира на вашето појавување на некоја плажа во бикини и шорц. И веќе размислувате која диета да ја спроведете за да изгледате што поубаво …
Добрата вест овој пат е дека нема да морате многу да се потите во теретана или да гладувате. Решението доаѓа од нутриционисткатаСинтијаСас која направила рецепт за диетален пијалак со помош на кој можете да го намалите обемот на половината за дури 10 сантиметри, што е пропорционално на губење на околу 3 килограми, и тоа за само 4 дена!
За подготовката на овој волшебен пијалак ќе ви биде потребно: 2 литра вода, 1 краставица, 1 лимон, лажичка ѓумбир во прав и 12 листови нане.
Измијте го убаво лимонот и заедно со кората исечете го на тенки кругови и ставете го во соодветен сад со 2 литри вода. Исто така измијте ја и краставицата, исечете ја на кругови и додадете ја во водата, а потоа додадете ги и листовите мента и ѓумбир. Измешајте ги убаво состојките, поклопете и оставете во фрижидер во текот на ноќта.
Наутро кога ќе станете напијте се од пијалакот и испијте ја целата количина во текот на денот. Вечерта подготвувате нова доза за следниот ден. Треба да го пиете пијалакот барем 4 дена и да не пиете никакви други течности за да ги постигнете предвидените резултати.
Пијалакот толку многу ќе ви се допадне што ќе продолжите и понатаму да си го пиете …
Lifestyle
Моторџиите и оваа година ќе го одбележат 8-ми септември ден на „Независноста на Македонија“ по триесет и првиот пат со мото турнеа

Единствен настан кој излезе поотпорен од пандемијата е мото релито во честа на „Независноста на Македонија“ кој не престана да се одржува од осамостојувањето. Оваа година по триесет и прв пат ќе се одржи релито со старт на плоштадот Македонија во Скопје, а трасата кој ќе ве води низ нашите градови ќе се извози во 3 етапи, односно во 3 дена по следниот распоред:
Почеток во 10 часот од Плоштадот Македонија во Скопје (02.09.2022)
Ден 1: Скопје – Куманово – Свети Николе – Кочани пауза, Доручек-Виница – Берово – Струмица пауза за освежување – Дојран – Ноќевање. Вечера 20.00ч на плажа “Стејџ” каде ќе има организирана забава
Ден 2: Дојран – Гевгелија – Неготино – Кавадарци – пауза освежување – Прилеп – Битола – Ресен – Охрид – Ноќевање. Вечера во ресторан Бонанца до Хотел Силекс Охрид во 20.00 час.
Ден 3: Охрид – Кичево пауза освежување – Стража – Тетово – Скопје
Финиш во Скопје пред Спортска сала Борис Трајковски.
Котизацијата за учество во настанот изнесува 1.200 денари за возачот и 1.000 денари за совозач доколку го има. Пријавувањето е најдоцна до 26-ти август на следната сметка или во просториите на Федерацијата:
Жиро сметка: 210-0629307701-96
Назнака: Котизација за Рели Македонија 2020
Мотоциклистичка Федерација на Македонија
Банка: НЛБ Тутунска Банка Скопје.
Порта.мк ќе учествува на турнеата, така што заедно со Мотори ќе го покриваат настанот со убави фотографии!
Повеќе инфо: ТУКА
Lifestyle
(ВИДЕО) Лозано: Дома си е дома, „Ја излези Ѓурѓо“ од многу грла во еден глас ❤️ Кичево!

Нашиот Лозано е секогаш добро решение за ноќниот живот во Кичево, баш како и што доликува, резервирано до последно место помеѓу своите кичевчани кои секогаш ја даваат безрезервната поддршка на секој негов настап или концерт.
„Ја излези Ѓурѓо“ во живо и мал дел од атмосферата помината викендов во кичевскиот „Институт“
Lifestyle
(ВИДЕО) Теа Таировиќ се оправда и распали со нашата „Македонско девојче“ – нема поубаво од Македонче!

Теа Таировиќ распали со знамето и нашата безременска „Македонско девојче“
p.s. По социјалните мрежи коментираат Теа простено тие за песната отпеана кај соседите која крена бура од оправдани реакции
Видео: ТУКА
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (19 август)
-
Хороскоп3 часа
Викенд Хороскоп (сабота 20 август)
-
Временска прогноза7 часа
Попоски најавува големо невреме, ова се најновите информации
-
Магазин14 часа
„Apple“ откри безбедносна дупка во системот, им препорача на корисниците ажурирање
-
Македонија15 часа
Старица од Охрид била измамена дека нејзината ќерка направила сообраќајка и дека било потребно пари
-
Македонија1 ден
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, бензините остануваат непроменети
-
Автомобили13 часа
Дали знаете како е создадена мерката – коњска сила?
-
Свет14 часа
Од Лондон до Мајами за помалку од 5 часа? Се враќаат суперсонични авиони