Кичево Случувања

Вчера: Во близина на с.Подвис возач изгуби контрола врз своето возило и излета од патот, детали..

Вчера на 07.09.2018 година во 12:50 часот на патот Кичево – Охрид кај село Подвис П.Б.(67) од Скопје управувајќи патничко моторно возило “Пежо Партнер” со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал во нива.

На П.Б. му е укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е препратен на лекување во Комплекс клинки “Мајка Тереза ” во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.

Извор: МВР /билтен