Македонија Случувања

Од полноќ поевтинуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Од полноќ, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 51,00 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39,50 ден/лит.

Leave a Comment