Следете не

Кичево

(ФОТО) Поинакви пакетчиња од домашни производи и за дечињата од кичевската градинка „Олга Мицеска“ во организација на „Рурална Коалиција“

Објавено пред

на

Едни поинакви пакетчиња за дечињата од кичевската градинка Олга Мицеска од невладината организација „Рурална Коалиција“. Имено пакетчиња за разлика од другите се поинакви, направени од овошје на домашни производители со што се промовира домашното производство на здрава храна.

Оваа година се вртиме кон локалното, кон домашното, кон нашето производство и тоа од повеќе причини: дури 84% од земjоделците почутвувале негативни последици од Корона кризата, за дел од нив приходите оваа година им се намалени дури за 60% поради затворањето на пазарите, затворањето на границите, намаленото производство поради стравот за пласман итн., додека пак жените од руралните средини го имаа наjголемиот товар во текот на пандемиjата каде што освен грижата за производството и домот, се зголеми и грижата за децата, за постарите лица, се зголеми психолошкиот притисок се да се постигне на време, а на краj останаа и без планираната заработка од продажбата на своите производи. Ваквата промоција добива уште повеќе на тежина ако станува збор за нивна консумација од страна на најмалите, односно децата од претшколска возраст кои што сеуште ги формираат своите навики за исхрана. За таа цел граѓанските организации овој пат во соработка со локалните институции се обединуваат во еден нов и поинаков потфат овоj пат за наjмалите. Доаѓа Нова година, доаѓа време на радости за секоj, а наjмногу за децата. Доаѓа време за пакечтиња. Но, како што ништо не е исто од претходната година, па така ни пакетчињата нема да бидат – за нашиот портал велат од организацијата..

Инаку пакетчињата се обезбедени од програмата на Цивика мобилитас, која е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.

 

Кичево

Кичевчани дел од најпознатата „ATM Chiptuning Performance“ тјунинг куќа, најдоброто решение за вашиот автомобил, сега достапно и кај нас!..

Објавено пред

на

©porta.mk

Веќе нешто повеќе од една година ултра популарниот „ATM Chiptuning Performance“, инаку светски позната тјунинг куќа која е синоним за квалитет и експертиза, во својот тим има млади и талентирани луѓе, сертифицирани професионалци кои 2023-та година ја одбележаа со над 500 тјунирани возила. За среќа на сите љубители на модифицираните возила, тие се од нашиот град Кичево, односно Илија Божиноски и неговиот партнер Костадин Крстески со нивната „Car Coding Pro“ под закрила на „ATM Chiptuning Performance“ од Црна Гора се веќе дел од големото „ATM“ семејство.

Оваа реномирана куќа обезбедувајќи врвни услуги во софтверска модификација на автомобили носи нова перспектива и иновативен пристап во тјунинг индустријата. Нивната работа одразува високо ниво на стручност и посветеност.

„Car Coding Pro“ ви ги нуди сите специјализирани софтверски модификации како што е „Chiptuning“ (Stage 1/Stage 2/Stage 3), обезбедувајќи на возилата зголемена моќност на моторот и намалена потрошувачка на гориво. Со овие искусни експерти, ветуваат целосна трансформација на вашиот автомобил.

Покрај тоа, „Car Coding Pro“ преку „ATM“ ви нуди решенија за вообичаените проблеми на поновите возила, како што се „EGR OFF, DPF OFF, AdBlue OFF“ и други.

Рејтингот на ваков модел на модифицирање на вашето возило, кажуваат и бројните задоволни клиенти кои непристрасно возат возила кои достигнуваат извонредни резултати со услугите на оваа тјунинг компанија. Нивната прецизност и внимание на деталите ги прават едни од најдобрите во автомобилската/софтверската индустрија.

Закажете термин на 071/331-894 или 071/506-400 и контактирајте ги за повеќе информации, додека со сите новости може да бидете во тек доколку ги заследите на нивните социјални мрежи на фејсбук ТУКА и инстаграм ТУКА

Мал дел од задоволните клиенти:

 

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Прва фотографија од превој „Пресека“ према Охрид, алармантно!

Објавено пред

на

Предмалку пристигна нашиот тим на превој „Пресека“ према Охрид од Кичево и може да се забележи алармантна состојба.

Многу проаѓачи со летни пневматици возат споро и сообраќајот се одвива во крајно зимски услови, речиси како да е месец декември.

Апелираме за поголемо внимание, доколку немате во случај зимски гуми, воопшто да не помислувате да проаѓате преку превоите.

За сега нема активни забрани за тешки товарни возила.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..

Објавено пред

на

©porta.mk

После солистичкиот концерт на 22.12.2023 со мотото „Stars without a Sky“, тимот на Лука Лазарески продолжува со макотрпна работа, сега со креирање на аудио и видео записи. Во агендата ова е прво видео, додека на плејадата се токму 8.

Овој млад виртуоз кој ја има поддршката речиси од сите, се разбира и од нас како медиумски покровители, несомнено ќе биде еден од истакнатите ликови кој Македонија ќе се гордее кога е во прашање пијаното, така што додека неговата работа ја следат токму сите светски и реномирани компании, вредно е преку нашиот веб простор да им се заблагодариме во име на тимот на Лука, а тоа се: „iStyle Premium, Atlantic Grupa, „ATVA“ Residence, Маркети „АТВА“ и останати“

Сега, ве препуштаме да уживате во одличниот видео запис и прекрасната „Spring Waltz“, отсвирена на 8-ми мај 2022 година во чест на Владиката Партениј, Игумен на Бигорската обител, на големиот Велигденски концерт во Кичево – „На многаја лета, Владико на нашите срца!

Повеќе за неговиот концерт ќе најдете на официјалниот линк ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин6 часа

iPhone 16 може да остане без физички копчиња

Претстојните телефони од серијата iPhone 16 на Apple би можеле целосно да ги заменат физичките копчиња, сугерираат најновите гласини Apple...

Магазин6 часа

Meta се затвора во Турција

Од 29 април Meta нема да биде достапна во Турција. Meta планира „привремено“ да се затвори во Турција од 29...

Хороскоп18 часа

Хороскоп за вторник (23 април)

ОВЕН Само кога ќе помислите дека сте сфатиле сè, ќе откриете како се појави нешто ново. Слободно обрнете внимание на...

Македонија1 ден

Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Lifestyle1 ден

Колку долго можеме да ја чуваме мократа облека во машината за перење?

Времето кога ја вклучувате машината за перење секогаш може да го искористите за извршување други задачи, но и за одмор....

Магазин1 ден

Netflix налути многу корисници со еден потег, но се покажа како одлична одлука

Иако го одложија воведувањето на промени кои нема да им се допаднат на корисниците, сепак на крајот нивниот потег доведе...

Автомобили1 ден

Tesla отпушта повеќе од 10 отсто од својата работна сила

Tesla отпушта илјадници вработени. Со цел да ги намали трошоците и да ја зголеми продуктивноста, Tesla отпушта илјадници работници. Според...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за понеделник (22 април)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

Автомобили2 дена

„Toyota“ спрема нешто големо во автомобилизмот, еве за што станува збор..

Кога „Toyota“ подготвува нешто, секогаш е големо и го привлекува вниманието на целиот свет. Сега побара помош од две кинески...

Кичево2 дена

Кичевчани дел од најпознатата „ATM Chiptuning Performance“ тјунинг куќа, најдоброто решение за вашиот автомобил, сега достапно и кај нас!..

Веќе нешто повеќе од една година ултра популарниот „ATM Chiptuning Performance“, инаку светски позната тјунинг куќа која е синоним за...

НАЈЧИТАНИ