Следете не

Кичево

Полна сала и успешна промоцијата на книгата „Кичевска нахија според извори на османски јазик“ од нашата драга кичевчанка Викторија Алексоска“

Објавено пред

на

Вчера на 16.11.2019 во НУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Кичево се одржа промоција на книгата „Кичевската нахија според извори на османски јазик“ од авторката Викторија Алексоска. Рецензенти на настанот беа м-р Неџад Мехмедовиќ, асистент-истражувач во институтот за национална историја од Скопје и Оливера Ширговска – претседател на литературниот клуб во Кичево.

„Со оваа книга се обидов да направам едно истражување за мојот роден град Кичево, кое што досега воопшто не било тема на разработка во ниедно друго дело, односна темата на овој научен труд е “Кичевската нахија според извори на османски јазик (XV-XVII век)“. До оваа идеја дојдов додека бев на пост-дипломски студии по османистика-туркологија во Центарот за источни јазици и култури на катедрата по туркологија и алтаистика на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ во Софија, Република Бугарија. За истите добив целосна стипендија од Министерството за образование и наука на Македонија.

Во еден разговор со мојот ментор, односно научен раководител проф. д-р Стојанка Кендерова изразив желба дека сакам да истражувам за мојот роден крај и темата за одбрана на магистерска да ми биде токму за Кичево. Таа беше воодушевена и ми кажа каде можам да најдам оргинални документи напишани на османски јазик од периодот на османското владеење. Ме упати во Националната библиотека во Софија, каде со посебни процедури имав пристап до голем број на документи во ориенталскиот оддел. Со оглед на тоа што требаше да одберам конкретен период и тема, се одлучив тоа да бидат финансиски регистри за собирање на данокот џизие кои ги покажуваат резултатите од собирањето на задолжителниот данок џизие, наметнат врз немуслиманското население во Османската империја (христијани и евреи). Разработив еден документ од XV век, каде се претставени некои села од нахијата Кичево, додека пак другите се од XVII век, каде Кичево се споменува како вилает Крчова.

Значаен документ кој го претставувам во книгата е ферман од селото Брждани – Кичевско, кој претставува заповед од султанот Абдул Азиз со кој се овозможува да се изгради разрушената црква „Св. Никола“ во селото Брждани. Интересно е тоа што вакви султански фермани ретко се преведени, а истите докажуваат дека Османската империја имала почит кон другите народи кои биле со различна религија од нив да им овозможат да изградат свои светилишта, а исто така било строго забрането да се попречува нивниот процес на изградба или реновирање. Ова е еден голем знак дека уште во тоа време Османската империја функционирала како што денес функионира една секуларна држава.

При самата разработка користени се различни методи, како што се табеларни пресметки, статистика за сумите на данокот џизие и превод и транскрипција на оригиналите. Исто така, вклучени се и текстови на зачувани до денес легенди и преданија поврзани со минатото на Кичево, како и фотографии. Користени се научни публикации и референтни дела од македонски, бугарски, турски и автори од западните земји, а истите се прикажани во библиографијата на крајот од книгата.

Со оглед на тоа што документите за данокот џизие се напишани на писмото сијакат, кое претставува писмо кое е најтешко за расчитување, можам да кажам дека нивното пренесување на арабица, како и транскрипцијата која ја направив беа еден предизвик за мене, затоа што токму тој дел беше најтешкиот за мене од ова истражување.“ – за нашиот портал вели Викторија Алексоска

„Врз основа на османските документи, извлечени се важни заклучоци за демографската состојба во Кичевската Нахија во наведениот период. Се разбира, овие заклучоци и забелешки треба да продолжат, привлекувајќи нови, неискористени извори. Со својата иницијатива и енергија, Викторија Алекоска докажува дека е подготвена да ја продолжи својата работа во оваа област. Таа дефинитивно покажува приврзаност кон родниот крај и желба да даде свој скромен придонес во откривањето на неговото минато.“ изјавува – проф. д-р Стојанка Кендерова од Софија, Р. Бугарија.

„Книгата е значајна како за историчатите и османистите, така и за општата читателска јавност. Истата е посебно значајна за кичевчани со оглед на тоа што ни дава до сега не објавени оригинални податоци за демографската структура на Кичевската нахија, но и многу други значајни, до сега не објавени податоци за кичевско. Секој автор е по малку пристрасен кога пишува за својот роден крај, но тоа не е случај со авторката Алексоска. Таа во делото многу реално ја прикажува општествената состојба на Кичевската нахија при што ги зема во предвид сите значајни фактори кои влијаеле на процесите во периодот за кој трудот се однесува.“ м-р Неџад Мехмедовиќ, асистент-истражувач од Институтот за национална историја Скопје.

„Ова дело на младата Викторија , ќе остави траен белег како националното богатство на нашиот народ , низ страниците и архивските податоци се забележува огромната желба на нашиот народ за зачувување на својата историска определба , желбата за зачувување на мајчиниот јазик и културните вредности кои ги имал и поседувал во тој период . Многу архивски податоци и веродостојни документи ќе бидат мотив за ова научно истражување каде авторката ќе го долови и самиот зародиш на градот Кичево.“ додава – Оливера Ширговска, претседател на литературниот клуб од Кичево

Кичево

Утрово се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Гостивар

Објавено пред

на

porta.mk

Доцна ноќеска на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на бензинска пумпа, се случила тешка сообраќајна несреќа, која како што дознава Порта.мк од терен во неа учествувале две пмв. марка Пежо и Голф.

Дополнителни првични информации за здравјето на учесниците немаме, причинета е материјална штета.

– Од неофицијални извори молкскавично се шири информација дека има жртви и учесници кои се тешко повредени.

Повеќе информации очекуваме во текот на денешниот ден, односно во дневниот билтен од СВР Охрид.

Прочитај повеќе...

Кичево

Во петок сите патишта водат на хуманитарниот концерт за Владо Симјановски, бидете дел и уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост на дело!

Објавено пред

на

©porta.mk

На ден 05.04.2024 петок со почеток од 19:00 фолклорниот оддел на Државното Музичко училиште од Струга ќе одржи хуманитарен концерт за нашиот сограѓанин Владо Симјановски, за кој како што знаеме сеуште збираме донации за неговото лекување во болницата „Меморијал“ – Република Турција.

Концертот е закажан да се одржи во Дом на Култура „Кочо Рацин“ – Кичево, бидете дел и конечно да ја направиме оваа вечер финална за нашиот кичевчанец кој е на чекор до излекување на тешката болест!

Сите се добредојдени, да играме и да пееме за нашиот Владо, а воедно и да ги поддржиме нашите млади таленти. Исто така оваа прилика преку нашиот медиум кој како што знаете секогаш е на страната на хуманоста – ја користиме можноста да се заблагодариме на г-дин Мазлам Османи, директор на НЦУК „Кочо Рацин“ и сите вработени, хотел „Куќа на Уметноста“, Печатница „Лик“ и КУД „Младост“ кои несебично придонесоа за реализација на овој проект.

Додека ја читате оваа вест, одложете го вашето кафе и донирајте 100 денари преку македонските оператори

Донации повици преку мрежата на „Телеком“ и „А1 Македонија“ , еден повик – „100 денари

Телеком ☎️: 143 – 414

А1 ☎️: 143 – 666

Донации преку трансакциска сметка за Македонија

Име на банка: Комерцијална Банка АД Скопје
Број: 300017025428784
Име/Презиме: Владо Симјановски

Донации преку девизна сметка за странство

Fist Name/Last name: Slavica Avramoska
Address: s.Tuin – Kichevo
Acc no: 0230706863422
IBAN Code: MK07300307068634267
BIC/SWIFT Code: KOBSMK2XOHB
Bank name: Komercijalna Banka AD Skopje

Прочитај повеќе...

Кичево

МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед

Објавено пред

на

porta.mk

На 27.03.2024 на подрачјето на СВР Охрид извршена е контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници – автобуси и такси возила.

Притоа, контролирани се вкупно 101 возило  (Охрид-68, Струга-11, Кичево-15, Дебар-07), од кои кај едно возило во Охрид и едно во Струга, констатирана е техничка неисправност на системот за сопирање.

NПо целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево3 часа

Утрово се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Гостивар

Доцна ноќеска на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на бензинска пумпа, се случила тешка сообраќајна несреќа, која како што дознава...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за петок (29 март)

ОВЕН Прилично сте дипломатични и на шармантен начин ги постигнувате деловните цели. Обожавате се кај партнерто и имате чувство дека...

Спорт14 часа

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 на почетокот од месец април ќе земе учество на меѓународен турнир „Истра Куп 2024“ во Хрватска

Младата македонска футсал репрезентација на Македонија во периодот од 1. до 7. април ќе земе учество на силниот меѓународен турнир...

Спорт14 часа

Денес беа извлечени паровите на полуфиналето во Купот на Македонија за младиснки категории

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, се одржа ждрепка на која беа извлечени паровите за полуфиналете во рамките...

Кичево17 часа

Во петок сите патишта водат на хуманитарниот концерт за Владо Симјановски, бидете дел и уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост на дело!

На ден 05.04.2024 петок со почеток од 19:00 фолклорниот оддел на Државното Музичко училиште од Струга ќе одржи хуманитарен концерт...

Кичево23 часа

МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед

На 27.03.2024 на подрачјето на СВР Охрид извршена е контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници – автобуси...

Магазин24 часа

Рендерите на Google Pixel 9 откриваат промени во дизајнот на претстојниот телефон

Во новите CAD-слики или рендери, Google Pixel 9 има ново, ревидирано куќиште на камерата што сега има овална форма, без...

Магазин1 ден

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI доаѓа на избрани Galaxy уреди денес

Новото ажурирање One UI 6.1 ја носи револуционерната мобилна вештачка интелигенција Galaxy AI на уште повеќе корисници на уреди Samsung...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (28 март)

ОВЕН Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем....

Кичево2 дена

„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата

Граѓаните против корупцијата во рамките на програмата овој петок на 29-ти март во Кичево потточно пред Музеј на „НОБ Запад“...

НАЈЧИТАНИ