Следете не

Кичево

Понуда плус за ваша сигурна заштеда преку АТВА маркети

Објавено пред

на

Кичево

„Рурална Коалиција“ го уреди дворскиот простор за играње на дечиња од кичевската градинка „Олга Мицеска“

Објавено пред

на

Рурална Коалиција во рамките на проектот за институционално јакнење на организацијата повторно делува на терен и успева да ја мобилизира локалната заедница овој пат за најмалите членови на заедницата. Имено, во период од 3 месеци активно се работеше на уредување на надворешниот простор за игра на децата од градинката „Олга Мицеска“ во Кичево, а на предлог на неформална група на граѓани која што ја предводеше токму директорот на градинката, г-дин Садик Ахмети.

Тој имено напомена дека е повеќе и од важно да се мотивира локалното население и да се активира, а се со цел да придонесе кон зголемување на квалитетот на живот во заедницата затоа што промените треба да дојдат токму од кај нас самите односно граѓаните. Воедно тој ја изрази својата благодарност до Рурална Коалиција и програмата на Цивика Мобилитас за поддршката и придонесот во уредувањето на дворот на градинката со набавка на лизгалка, детски играчки и придонес кон уредување на надворешното окружување во кое што децата ја поминуваат својата игра.

Лилјана Јоноски, пак, извршната директорка на Рурална Коалиција истакна дека ваквите иницијативи на локално ниво ни се и повеќе од потребни затоа што оставаат добар пример, но во исто време и ги мотивира и останатите заедници да се активираат и да придонесат за подобрување на квалитетот на живот во локалната заедница затоа што пак промените се можни само ако самите ги донесеме што е и основното мото на програмата на Цивика Мобилитас, односно „Граѓаните за промена“.

Таа додаде дека поддршката исто така и од страна на донаторите во нашата земја е повеќе и од потребна особено кога се прават вакви акции кои што ги поттикнуваат самите граѓани и кога особено се однесуваат за оние на кои што ја оставаме иднината, ама и кои што се обидуваме да ги задржиме во локалната заедница, а тоа се децата.

Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска

Прочитај повеќе...

Кичево

Бакарди распишува оглас за пица мајстори и келнери за претстојната сезона кои ќе бидат во редовен работен однос

Објавено пред

на

Нашите партнери од Bacardi Lounge Bar – Кичево ве известуваат дека поради проширување на својата дејност и надополнување на својот успешен тим за сезоната која следи, потребно е пополнување на персоналот, односно потребени се работници со искуство на следниве позиции :

☆ Пица мајстор

☆ Келнер 

За информација, лицата кои ќе работат ќе бидат во редовен работен однос.

Сите заинтересирани можат да контактираат на броевите

☎️ 076/980-888 и 075/416-550

Прочитај повеќе...

Кичево

Арсоска и дечињата преку „Little Eco Footprints“ со низа работилници и работна акција во дворот на „О.У. Кузман Јосифоски-Питу“

Објавено пред

на

Месецов на ден 04.06 и 05.06.2021 година се реализираа низа работилници и работна акција во дворот на кичевското „О.У. Кузман Јосифоски-Питу“, како дел од проектот „Little Eco Footprints“ имплементиран од страна на LEAD стипендистката Елена Арсоска од Кичево, додека истиот финансиски поддржан од проектот на „УСАИД“ за граѓанско учество. Едукативната програма беше со тема „Заштита на животната средина, намалување на глобалното затоплување и климатските промени“.

Во текот на работната акција во училишниот двор беа засадени црвени буки, борчиња и повеќегодишни цвеќиња како донација од страна на компаниите „Пакомак“ и „Вардар Доломит“.

Прекрасно е чувството да се сподели една ваква племенита иницијатива инспирирана и имплементирана од млади лидери-кичевчанчиња во нашето општество – на кратко додаде Елена и ветува дека во иднина ќе ги има многу често ваквите акции во најразлични теми.

Во прилог галерија од одржаниот настан:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КичевоПред 34 минути

„Рурална Коалиција“ го уреди дворскиот простор за играње на дечиња од кичевската градинка „Олга Мицеска“

Рурална Коалиција во рамките на проектот за институционално јакнење на организацијата повторно делува на терен и успева да ја мобилизира...

МакедонијаПред 2 часа

Денеска 10 нови случаи на Коронавирус и три починати во болнички услови

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.302 тестирања, а...

Временска прогнозаПред 10 часа

И денес продолжуваат тропските температури со над 40°C

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до...

СкопјеПред 11 часа

Денес и утре делови од Скопје ќе бидат без електрична енергија поради зафати на електродистрибутивната мрежа

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа денес на ден 24.06 – вторник и утре 25.06.2021 година – петок, ЕВН Скопје ќе...

На денешен денПред 16 часа

На денешен ден – 24 јуни

79.- Умре римскиот император Тит Флавиј Веспасијан, основач на династијата Флавијан. За време на неговото владеење, во Рим бил изграден...

ХороскопПред 18 часа

Дневен Хороскоп [ 24 јуни ] четврток

ОВЕН Ќе имате најголема корист од одмор или барем краткорочно менување на животната средина. Ако не можете да си дозволите...

КичевоПред 19 часа

Бакарди распишува оглас за пица мајстори и келнери за претстојната сезона кои ќе бидат во редовен работен однос

Нашите партнери од Bacardi Lounge Bar – Кичево ве известуваат дека поради проширување на својата дејност и надополнување на својот...

МакедонијаПред 1 ден

Денес 5 нови случаи на Ковид-19, 1 починат и 8 оздравени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.466 тестирања, а...

СветПред 1 ден

Вакцината Pfizer и AstraZeneca ефикасна против делта сојот на коронавирус

Вакцините против ковид развиени од Pfizer/BioNTech и AstraZeneca генерално се ефикасни против варијантите на делта и капа на коронавирус, кои...

МакедонијаПред 1 ден

Програмите Vavoom & Pikaboo за сите дечиња достапни на Тотал ТВ

За сите безгрижни дечиња, Vavoom и Pikaboo програмите за деца се дел од Екстра и Премиум пакетите на Тотал ТВ....

НАЈЧИТАНИ