Спорт
Поради влошената ситуација со Ковид-19 на праг да се откаже последната трка во МотоГП за големата награда на Португалија?

Поради влошувањето на епидемиолошката ситуација во земјата Владата на Португалија е на праг да ја откаже трката во МотоГП шампионатот. Пред една седмица токму во Португалија беше одржана трка во Ф1, каде веднаш по неа 14 членови на тимовите биле позитивни на Коронавирус.
Бројот постојано расте, додека надлежните органи веќе сериозно размислуваат да го откажат МотоГП викендов, а според медиумската фела можно е откажување и на сите јавни настани.
Како што знаеме трката за големата награда на Португалија е практично последна во календарот, а закажана е на 22-ри ноември, што ќе биде останува да видиме…
Спорт
ФФМ: Дисквалификувана екипата на Вардар Форино од натпреварувањето во Втора МФЛ – Запад

Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија според член 82. од Правилникот за натпреварување на ФФМ донесе одлука за дисквалификација на екипата на ФК Вардар с. Форино од понатамошно натпреварување во Втора МФЛ – Запад поради неоправдано непојавување на натпреварот од 17. коло на Втора МФЛ – Запад помеѓу ФК Вардар с.Форино – КФГ Гостивар закажан на 27. февруари 2021 година во Гостивар. Комисијата за натпреварување овој натпревар го регистрираше со службени 0:3 за екипата на КФГ Гостивар.
Екипата на ФК Вардар с.Форино се враќа во најнизок степен на натпреварување во Општинскиот сојуз каде што припаѓа – ОФС Гостивар.
Спорт
Хаос во Барселона, денес уапсен поранешниот претседател Бартомеу, по предходен претрес на канцелариите од финансиската полиција

Во акцијата на шпанската полиција по претресот во канцелариите, денес бил уапсен поранешниот претседател на фудбалскиот клуб Барселона – Хосеп Марија Бартомеу, а по претресот во канцелариите, објави шпанското радио Кадена Сер.
Регионалната полиција потврди дека се уапсени неколку лица, а по истрагата на финансиската полиција, пренесува Ројтерс.
Барселона потврди дека биле извршени претреси во канцелариите на клубот, но повеќе детали за самата акција не биле откриени.
Шпанските медиуми објавија дека операцијата е поврзана со минатогодишниот „Барсаж“, во кој клупските власти беа обвинети за одредена кампања на сегашни и поранешни играчи кои беа критички настроени кон клубот и тогашниот претседател Хосеп Марија Бартомеу.
Бартомеу и неговиот одбор на директори минатата година поднесоа оставки поради полемиката околу Лионел Меси.
Новиот претседател на Барселона ќе биде избран следната недела.
ФОТО: metro.co.uk
Спорт
(ВИДЕО) Ноќеска од мексиканската лига го имаме евроголот на годината од 45 метри

Двата водечки клуба во Мексико остварија победи во 8. коло. Клуб Америка ја пречека Пачука и славеше со 2:0 (2:0), додека Круз Азул покажа зошто е лидер на шампионатот, па успеа да го победи Леон на гости со 0:1 (0:0).
Санчез виде дека гостинскиот голман Устари излезе повеќе отколку што требаше, па го совлада од скоро половина терен. Од оддалеченост од околу 45 метри со прекрасен удар стави гол за паметење…
После тој погодок, Акино ги постави конечните 2:0, а интересно е што стрелецот на овој одличен погодок Санчез, доби црвен картон на крајот од мечот.
Погледнете ги највозбудливите моменти од натпреварот, додека евроголот е на 1 минута и 40 секунди во видеото:
-
Македонија1 ден
Хороскоп за денес (02.03) вторник
-
Кичево3 дена
Кичево и статистички на прво место во регионот за непочитување закон за маски, за 7 дена напишани дури 183 казни
-
Кичево3 дена
ДПИ Кичево: При проверка на угостителски објекти, еден не ги почитувал мерките за заштита од Ковид-19
-
Временска прогноза2 дена
Месечна временска прогноза – Снегот сеуште неизвесен, март месец може вистински да не изненади
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за (1-ви март) понеделник
-
Македонија15 часа
Нови 726 случаи на Ковид-19, починале 7 лица од кои 2 се од Кичево
-
Временска прогноза2 дена
Стабилно и суво со ниски температури во текот на ноќта и утрото, следната седмица се очекуваат врнежи од дожд, ова се деталите..
-
Временска прогноза16 часа
Следува промена на времето и пад на утринските температури, за време на викендот дожд на секаде во државата, детали..