Занимливости
Хороскоп за денес (15.5) Вторник

Овен (21.03-20.04)
Многу брзате. Воопшто не мислите на тоа дека ќе ја искористите целата енергија и ќе западнете во друга крајност. Кога ни е најдобро, кога сме најајки ни се заканува опасност од падови. Тоа е нормално и секого може да му се случи. Добрите и лошите работи во животот се променуваат, па затоа подгответе се за секакви моменти. Добро би било да можете да комуницирате полежерно и да не одлучувате за важни работи. Ви треба одмор.
Бик (21.04 – 21.05)
Што повеќе луѓе и средби тоа подобро. Комуникативноста денеска е на прв план па ќе настојувате да ја спроведете на дело. Посетете ги вашите стари пријатели, а можете малку и да озборувате, но внимавајте без некому да наштетите. Тоа одлично ќе ве опушти. Нема причина да се чуствувате осамено и несватено. Здраствената состојба ќе биде просечна-внимавајте на крвниот притисок.
Близнаци (21.05 – 22.06)
Денот ќе ви донесе доста возбудувања и настани со кои ќе ја зголемите напнатоста. Повеќе ќе се движите отколку ќе ги решавате проблемите, но сепак од тоа ќе извлечете некаква корист. Ќе мора контактите со луѓето да ги подобрите, а со тоа и ситуацијата на работното место. Бидете внимателни и настојувајте да избегнувате било какви штети. Здравјето ви е одлично.
Немате големи тешкотии, но кај вас ќе биде проблем насобраниот замор и внатрешното незадоволство. Ќе ви се чини како да немате избор и дека другите решаваат за вашата судбина. Во љубовта ќе се зголемат сексуалните апетити, а некои ќе имаат авантура со личност која долго време физички ги привлекува. Ако сте во врска или брак вниманието од вашиот партнер многу ќе ви значи.
Лав (23.07 – 22.08)
Потполно сте запловиле во деловните води. Сте загризале многу цврсто, но се повеќе ви се чини дека стоите в место. Нема да уживате во друштвените контакти, бидејќи ќе мислите дека тоа време можете попаментно да го искористите. Со мислите постојано ќе бидете кон работата. Во љубовните врски ќе почуствувате љубомора од страна на партнерот. Можеби и не е без причина. Чуствително здравје.
Девица (23.08 – 22.09)
Односите со луѓето ќе бидат доста интензивни и интересни, но односите со претпоставените проблематични. Со една личност која многу ви значи како пријатели и авторитет не ќе можите да воспоставите однос како би сакале. Нешто ќе се попречи помеѓу вас. Работниот живот носи нови работни задачи. Ќе бидете заинтересирани за напредување, а тоа ќе ве мотивира. Здравје: одлично.
Вага (23.09 – 22.10)
Работите како што се семејни финансии, наследство, порези алиментација и сл. би можеле сериозно да ве погодат. Вашата подсвест би можела силно да делува врз вашето расположение денеска. Ќе се почуствувате осамени и напуштени. Ослободете се од црните мисли. Правете нешто убаво, договорете средба со пријателите, разговарајте и релаксирајте се. Здравето ви е нестабилно, земајте ги редовно лековите.
Скорпија (23.10-21.11)
Особено поволно ви е нагласено пишувањето и стекнување на материјални богатства. Од вашиот партнер ве очекува материјална подршка. Тој навистина знае да ве мотивира за да го промените својот пристап кон врската и тоа во позитивна смисла, бидејќи пак вие знаете да ги видите сопствените грешки. Здравствената состојба ви е чуствителна внимавајте од воспаленија.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ќе почуствувате потреба за искрен разговор со личност која без страв може да ги открие сите свои тајни. Доколку постои некој таков не се срамете да побарате дел од неговото време. После разговорот ќе се чуствувате подобро и поведро и тоа до толкава мера што вечерта би можеле да тргните во потрага по забава. Здравје:просечно кај хроничните болести повеќе внимание.
Јарец (22.12 – 20.01)
Денеска какви и да се вашите цели и намери ќе приметите дека сите околности ви одат од рака. Бидете што поамбициозни и обидете се да промените нешто во вашата работа и кариера. Потрудете се денеска ако сакате да оставите подобар впечаток на некого кој ви е многу важен. Кога станува збор за вашата финансиска ситуација, вероватно ќе имате некоја случка која доста ќе ве охрабри, па затоа обрнете повеќе внимание на инвестициите.
Водолија (21.01 – 19.02)
Многу лесно воспоставувате контаки и го постигнувате тоа што вас ви е потребно. Ова првенствено се однесува на љубовта. Многу припадници на знаков доживуваат незаборавни моменти опиени од нежните Венерини напитоци. Пожелно би било да не го менувате пијалокот односно да застанете на еден партнер. Здравствената состојба без никакви проблеми.
Риби (20.02 – 20.03)
Ќе се најдете во доста тешки ситуации, но многу успешно ќе ги пребродите. Избегнувајте работи поврзани со недвижнини и немојте да бидете премногу сигурни во вашата мудрост. Нема да имате многу настани, па одморете се и соберете сила која ќе ви биде потребна за наредните денови. Сентименталниот живот ви е доста смирен и стабилен. Здраствената состојба ви се подобрува.
Занимливости
„Станица Стража“ вработува касиери и пица мајстор, кои ќе имаат одлични услови за работа, платен превоз и редовна плата

Реномираниот бренд „Станица Стража“ кој успешно работи тековно во годините има потреба од 4 касиери или касиерки, како и еден пица мајстор, кои ќе бидат во редовен работен однос, платен превоз, редовна плата и одлични услови за работа.
Како што знаеме, се работи за мултифункционалниот објект и бренд кој е посетуван од многу посетители, познат по најубавото кафе, белите пецива, вкусен бурек, во лето незаменлив амбиентален простор и ладовина, додека во зима уникатен и природен снежен гламур, позициониран на превој „Стража“
Сите заинтересирани можат да контактираат повеќе на 075/788-322 или да дојдат во објектот.
Занимливости
Сте се запрашале ли колкав е рокот на трање на вашите очила за сонце?

Очилата за сонце не се само моден детал, туку и ги штитат вашите очи од штетното сончево зрачење, помагаат во борбата против раното стареење, а штитат и од рак на кожа.
Тоа веќе веројатно го знаете, но она што можеби не сте знаеле е дека и очилата за сонце имаат рок на траење. Имено, експертите по спроведување на студијата на Универзитетот во Сао Паоло, предупредуваат дека очилата со време ја губат својата способност за заштита од блокирање на УВ зраците. Со други зборови, вашите очила најверојатно не ве штитат од УВ зрачењето толку добро како и пред неколку години…
Професорот по офталмологија, д-р Мајкл Ерлих вели дека стаклата едноставно ја губат својата ефикасна заштита поради минијатурни оштетувања, кои настануваат со ставање на очилата во футрола, да речеме- тие оштетувања не мораат дури ни да бидат видливи со голо око.
Недостатокот на заштита на очите од зрачење може да биде причина за проблем. Изложеноста на очите на УВ зраци е поврзана со катаракта и окуларен карцином. Исто така, кожата околу очите ќе старее побрзо поради изложеноста на UVA и UVB зраците.
Иако се потребни повеќе истражувања за да се утврди после колку време наочарите стануваат неефикасни, д-р Ерлих советува да ги менувате отприлика на секои две години.
/denar
Занимливости
„SpaceX“ на Илон Маск со четворица членови на екипажот безбедно пристигна на ISS

Леталото, кое беше лансирано од ракетната компанија SpaceX на американскиот милијардер Илон Маск, со четиричлен екипаж безбедно пристигна рано утринава на Меѓународната вселенска станица (ISS) за шестмесечна научна мисија.
Екипажот се состои од руски космонаут, астронаут од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и двајца членови на екипажот од НАСА.
Леталото, наречено Ендевор, се приклучи на вселенската станица денеска, кратко по 06:40 часот по средноевропско време, речиси 25 часа по лансирањето од вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Кејп Канаверал, Флорида.
Приклучувањето беше потврдено кога ISS и капсулата летаа со брзина од 28.164 километри на час на околу 240 километри над Земјата над брегот на Источна Африка, според директен пренос на веб-страницата на НАСА.
Носачот на SpaceX, кој се состои од ракета „Фалкон 9“ на врвот на капсулата „Cru Dragon“ со автономна контрола, полета во 05:34 часот по средноевропско време од вселенскиот центар Кенеди на Флорида.
Лансирањето беше емитувано во живо на веб-страницата на НАСА, а на снимките се гледа како леталото од 25 ката се издигнува од лансираната кула, објави Ројтерс.
Шестмесечната научна мисија на екипажот ќе вклучува околу 200 експерименти и технолошки демонстрации, почнувајќи од истражување за растот на човечките клетки во вселената до контролирање на запаливи материјали во микрогравитација.
Летот дојде 72 часа откако првичниот обид за лансирање рано наутро во понеделникот беше одложен во последен момент поради блокирање на протокот на течноста за палење на моторот.
НАСА објави дека проблемот е решен со замена на затнатиот филтер и чистење на системот, пренесе британската агенција.
/rtv
-
Хороскоп2 дена
Месечен Хороскоп (април 2023)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за недела (2 април)
-
Скопје21 час
Потврдено од МВР. Имало господ! Пронајдени се двете исчезнати дечиња на подрачјето кај Бит Пазар
-
Временска прогноза2 дена
Со зимата не сме завршиле, вонредно метео на Попоски, ова се деталите..
-
Македонија1 ден
Инфо до сите кои патуваат преку „Стража“ до тетовски „Групчин“, во вторник ќе има посебен сообраќаен режим – известуваат од СВР Тетово
-
Занимливости2 дена
„Станица Стража“ вработува касиери и пица мајстор, кои ќе имаат одлични услови за работа, платен превоз и редовна плата
-
Македонија1 ден
(ФОТО) На ГП Табановце пронајдена поголема сума непријавени пари кај турски државјанин
-
Кичево2 дена
Нова неделна супер акција во АТВА Маркети – Кичево, купувајте по одлични цени!