Занимливости
Порта Хороскоп за денес (21.4) Сабота

Овен (21.03-20.04)
Вашата психичка состојба поради разни причини не е најдобра. Самите настани тоа ќе го потврдат. Не ќе можите да се усогласите со личности од спротивниот пол, па вашиот сексулаен живот ќе се најде во мала криза. Немате доволно сила да започнете од почеток. Потребен ви е одмор. Овновите кои се во брак ќе се повлечат во себе, а партнерот ќе превземе се во свои раце. Здравје; солидно.
Бик (21.04 – 21.05)
Денеска можете да очекувате подобрување на финансиската ситуација, што ќе ви претставува големо олеснување на маките кои и без тоа доволно ги имате. Размислете паметно за вишокот на пари и вложете ги во исплатливи работи. Постои можност од некој вознемирувачки настан во вашето семејство, но секако нема да биде многу страшно. Бидете поладнокрвни и обидете се потрезвено да ги решите проблемите.
Близнаци (21.05 – 22.06)
Ве очекува некој проблем на работното место. Обидете се што можете побезболно да го решите, бидејќи во спротивно ќе стане уште полошо. Ќе вложувате голем напор за да ја унапредите работата внимавајте тоа на некои колеги не им се допаѓа, па можно е да ви наштетат. Имате голема подршка од саканата личност, а тоа е доста важно во ваки моменти. Здравје: нежно.
Рак (22.06 – 22.07)
Бидеќи молчите и трпите околината за вас мисли дека вие воопшто немате никакви проблеми. Никој не може да го разбере вашето достоинствено држење во кризните ситуации. Моментално е многу чуствителна вашата финансиска состојба. Каде и да се завртите сите бараат пари, а работните проекти за сега доцнат. Па затоа за денеска се советува само трпение.
Лав (23.07 – 22.08)
Денеска ќе морате посебно внимание да обрнете на тоа што го работите. Ако енергијата ја насочите позитивно, ќе имате успех. Комуникациите ви се одлични, а работната енергија во пораст, но ќе биде зголемена и вашта агресивност. Избегнувајте работи во кои се вртат пари и бидете внимателни со имотот. Што се однесува до љубовта ова е прекрасен ден кој долго ќе го паметите. Здравје: нежно.
Девица (23.08 – 22.09)
На работно место ве очекуваат купови работни задачи повеќето нови, а некои од нив и заостанати од порано. Бидете ефективни. Вашите желби ќе бидат во чекор со моменталните настани. Во љубовната врска ќе изнаоѓате многу недостатоци. Ќе бидете недоверливи. Внимавајте бидејќи партнерот може погрешно да го протолкува вашето однесување. Брзо решете го краткиот спој во врската.
Вага (23.09 – 22.10)
Ќе се обидувате да ја одгатнете емотивна енигма. Бидете трпеливи уште некое време и договорот ќе го добиете со леснотија. Размислувањата за некоја стара љубов не ве водат никаде. Спасувајте ја моменталната врска како знаете и умеете бидејќи е во мала криза. Доколку се чуствувате осамено некои ваши пријатели ќе ви помогнат да не се чуствувате така.
Скорпија (23.10-21.11)
Добро се чувствувате и активно пристапувате кон работните обврски и проблемите. Ќе имате помали проблеми во комуникацијата со околината, посебно родителите. Највероватно тоа ќе бидат вербални препирки кои само ќе го расипат доброто расположение. Не подпаѓајте под изказите на партнерот, концентрирајте се на неговите постапки и чисти емоции. Финансиската состојба нестабилна, а здравјето многу добро.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Целосно ќе им се посветите на работата и воопшто нема да имате време за одмор. Денов е поволен и за сите интелектуални активности. Интересот на јавноста за вашите одлуки и планови ќе биде доста изразен. Љубовниот живот се подобрува. Ве очекува средба со личност од спротивниот пол која може да ви го промени животот. Здравје: многу доборо.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ќе чуствувате внатрешен немир што многу ќе делува врз односот со парнерот. Ќе бидете во неизвесност по прашањето за љубовта бидејќи ќе се најдете во ситуација каде ни самите не ќе знаете што сакате и што чуствувате. Ако постои вистинска љубов во вашата врска партнерот ќе ви даде подршка и ќе се потруди да не покажува дека и тој е напнат и незадоволен. Здравје: нервоза пропратена со галвоболка.
Водолија (21.01 – 19.02)
Вашиот претпоставен или пак личност со авторитет денеска од вас ќе бара малку повеќе внимание од обично, па би било добро повеќе да внимавате на неговите барања. Ако работата ја извршите добро со сите детали целата слика ќе изгледа подобро, а вие на крајот на денот ќе можете да очекувате некој вид на награда. Значи треба само да бидете внимателни, мудри и успехот не ви гини.
Риби (20.02 – 20.03)
Ова не е ден ниту за сонување ниту за одмор. Ќе морате добро да се потрудите за да успеете да ја сочувате вашата позиција и да го одбраните вашето мислење. Ако тоа ви се случи не правете никакви застои. Опуштете се во душтвото на личноста која многу ви значи, бидејќи таа ќе направи се што е во нејзина моќ за да ви помогне во овој нестабилен ден. Здравје: за вашите здраствени проблеми побарајте совет од лекар.
Занимливости
Неколку работи кои треба да ги знаеме пред да купуваме леб

Веројатно знаете барем едно лице кое се откажало од јаглени хидрати за да ја изгуби телесната тежина. Но, вие не мора да кажете „не“ на тостови и сендвичи за да видите како вашите бројки на вагата се движат во вистинската насока.
Во реалноста, ако се држите до цели житарици, лебот може да биде здрав дел од урамнотежена исхрана бидејќи има вредни хранливи состојки и може да содржи влакна што можат да бидат добри за вас, пишува WeightWatchers.
Што е толку супер кај целите зрна? Целите зрна имаат повеќе здравствени придобивки: луѓето кои дневно консумираат најмалку три порции житарици од цели зрна имаат помал ризик од дијабетес и срцеви заболувања. Што да барате?
Повеќето продавници за леб во супермаркетите се преполни со различни опции, па затоа е многу важно внимателно да го прочитате пакувањето. Најдобро место за почеток е листата на состојки, каде што основните состојки се наведени според количината од најмногу до најмалку. Всушност, најдобро е да земете леб со цели зрна. Понекогаш е тешко да се одреди, но во идеален случај барајте 16 грама цели зрна кај лебот.
Што да избегнувате? Кога ја читате етикета, избегнувајте леб направен од “бело брашно”, “збогатено бело брашно” или “пченично брашно”. Сите три термини укажуваат на тоа дека зрното е рафинирано, односно дека му се одземени хранливите материи.
Без да го прочитате пакувањето, тешко е сигурно да знаете точно што добивате со пекарскиот леб. Но, постојат неколку правила: Барајте леб од цела пченица. Прашајте дали можете да го фатите лебот пред да го купите и ако почувствувате дека лебот е како воздух, не го купувајте. Општо земено, колку е покрупен лебот, толку е поголема содржината на целото зрно.
/denar
Занимливости
Колкави плати земаат професионалните „MotoGP“ возачи, според последните информации за 2022-ра година

Секогаш незгодната тема е платата на MotoGP возачите. Некој би рекол недоволно со оглед на ризикот што го преземаат при секое излегување на патеката. Не размислуваме само за ризикот од смрт, туку и за повредите кои можат засекогаш да ги отстранат од моторните спортови.
Возењето на возачите од мотоспортот обично значи дека тие остануваат без занает во нивните раце. Причината лежи во тоа што речиси сите момчиња и девојчиња од мали нозе се занимаваат со мото спорт, па добар дел од нив не го завршиле целосно образованието.
Лавината околу платите започна кога ДОРНА официјално објави дека годинава ќе се одржат 42 трки, односно по две трки по тркачки викенд. Воведувањето на спринтерски трки го зголемува ризикот за возачите и бара дополнителен напор од нив (да бидат физички поподготвени итн.). Бидејќи ДОРНА е иницијатор на дополнителните трки, тимовите побараа ДОРНА да ги сноси трошоците за зголемување на платите.
Во виорот на овие настани, La Gazzetta dello Sport ги претстави платите што ги добија возачите на MotoGP во 2022 година. Ве молиме имајте предвид дека бројките што ги гледате се веројатно само сумите што возачите ги добиваат од тимовите за кои возат. Вкупната заработка е секако поголема, бидејќи возачите имаат приходи и од спонзори.
Плати на возачите на MotoGP за 2022 година (возач: износ во евра):
Марк Маркез: 12.500.000
Маверик Вињалес: 10.000.000
Фабио Квартаро: 6.000.000
Џоан Мир: 6.000.000
Франческо Бањаја: 5.000.000
Какви суми добиваат Еспаргаро, Морбидели, Жарко и други, погледнете овде.
/nova
Занимливости
Сте сѐ запрашале ли дали кивите можат да се јадат како јаболката со се кора?

Една од омилените состојки на витаминското смути и совршен додаток на лути маргарити е специфичното овошје киви.
Меѓутоа, многумина го избегнуваат поради чистење, бидејќи може да одземе многу време, ако не сте вешти во тоа. Така се дошло до поставување на прашањето- дали ова овошје може да се јаде како јаболко? Едноставно да го измиете и веднаш да почнете да го јадете заедно со кората, и не би ви одземало многу време. Одлучивме да дознаеме дали е тоа можно.
Дали кивите може да се јадат со кора? Се разбира. Кората на кивите е целосно јадлива и заедно со месото на овошјето дополнително внесува хранливи материи во организмот. Многу ги јадат така затоа што е ефикасно и брзо, а покрај тоа и една студија открила дека во кората се наоѓаат двојно повеќе влакна отколку во самото месо.
Дали е вкусно? Косата на кората е „големо не“ за многу луѓе, додека други велат дека ситуацијата е слична како кај праската. Што се однесува на вкусот, го има истиот како и месото на овошјето!
Како да се јаде? Едноставно измијте го и гризете како јаболко или целиот плод ставете го во блендер при правење на смути. Се разбира, секогаш со помош на крпа или нож можете да ги отстраните малите влакна, ако ви сметаат.
Сега го знаете одговорот, но, дали ќе пробате да изедете цело киви со кора?
/denar
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за вторник (31 јануари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (30 јануари)
-
Lifestyle1 ден
12 карактеристики на незрели луѓе! Ако забележите дека некој се однесува вака, знајте со кого си имате работа!
-
Временска прогноза1 ден
Снег послабо и за месец февруари, сув студ и силен ветер се она што треба сигурно да се очекува, ова се деталите…
-
Видео1 ден
Фармерот и магарето имаат посебен однос, видеото е прегледано 4 милиони пати
-
Автомобили1 ден
Изгледа дека електричните автомобили не се толку исплатливи
-
Магазин1 ден
Ова се најнестабилните апликации за iPhone и Android
-
Магазин1 ден
Продажбата на телефони во Кина е на историски најниско ниво