Македонија
Поскапуваат горивата од ноќеска, ова е новата цена

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 3,23 отсто во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 1 јуни.
Од вечерва на полноќ малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 денар/литар и сега малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 50,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 39,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,353 ден/кг и ќе изнесува 24,613 ден/кг.
Македонија
(ВИДЕО) Огромен пожар во Струмица, помеѓу Софилар – Баница, ветерот дополнително го отежнува дејствувањето, за состојбата се огласи и градоначалникот

Огромна огнена стихија настана во Струмица, потточно во реонот помеѓу месноста Софилар, Градски гробишта и Баница. На три страни се распламтува пожарот. Како што се наведува во изворот, ТППЕ Струмица се вече на терен, но ветерот прави дополнителен проблем, пишуваат колегите од Радио „СтрумицаНет“.
Видео во прилог:
Првиот човек на град Струмица, Костадин Костадинов предмалку излезе со свој натпис на социјалната мрежа и вели:
– Предмалку го локализиравме пожарот на струмичка страна и повеќе нема опасност за куќите во Баница. Благодарност до екипата на ТППЕ и секој струмички пожарникар и до сите кои се вклучија во гаснењето. Пред неколку недели реков дека ги знаеме и дека ги гониме оние кои подметнуваат пожари. Лично ќе се заложам до крај сите да одговараат.
Македонија
Министерството за здравство: „Ги следиме потребите на локалното население во Кочани, зајакнати се медицинските тимови и се на терен“

Министерството за здравство е во постојана комуникација со кочанската болница и ги става на располагање сите расположливи ресурси според потребите на локалното население, особено денес, за време на погребот.
Во соработка со Клиниката за психијатрија, испратени се специјалисти психијатри за поддршка на граѓаните во овие тешки моменти. Во соработка со здравствените установи и Црвен крст е организирано и засилено присуство на медицински тимови, кои се достапни во текот на денешниот ден.
Министерството за здравство останува во комуникација со сите засегнати страни, постојано ги следи потребите на локалното население и реагира соодветно на барањата на граѓаните. Апелираме за внимателно и етичко информирање во овие моменти на жалост, со емпатија, хуманост и солидарност.
Апел и за проверка на информациите со надлежните институции, бидејќи неточното информирање може да предизвика дополнителна вознемиреност.
Министерството за здравство повторно изразува благодарност до сите поединци и субјекти, како и здравствените работници од државава и странство што го даваат својот максимум за соодветно справување со овој предизвик, преку интегрално соопштение истакна Министерството за здравство.
Македонија
ЗНМ со уште еден апел до колегите новинари кои известуваат од Кочани

ЗНМ потсетува дека известувањето од денешниот погреб мора да биде во согласност со претходно утврдениот протокол и со основните принципи на професионалната етика.
⛔Објавувањето на фотографии и видеа со гробни места, блиски членови на семејствата и приватни моменти претставува директно кршење на препораките за етичко известување и нарушување на достоинството на засегнатите лица.
📣Ги повикуваме оние неколку медиумски работници и редакции кои отстапуваат од протоколот, да покажат почит и одговорност, да не објавуваат содржини што можат да предизвикаат дополнителна болка и да се придржуваат кон стандардите на етичко новинарство.
🛑 Новинарството е во служба на јавниот интерес, но никогаш на сметка на човечкото достоинство.
-
Хроника2 дена
Странските медиуми со траорни фотографии и директни преноси известуваат од Кочани и покрај најострата и недвосмислена осуда на Владата!
-
Хроника2 дена
МВР ги овјави имињата на трагично загинатите во Кочани
-
Кичево2 дена
В сабота во нашиот храм Св. Петар и Павле – Кичево, ќе се богослужи Заупокоена Литургија, поради смртта на трагично загинатите во Кочани
-
Кичево23 часа
Со едногласна одлука советот на Општина Кичево изгласа финансиска помош за настраданите во Кочани
-
Македонија14 часа
(ВИДЕО) Огромен пожар во Струмица, помеѓу Софилар – Баница, ветерот дополнително го отежнува дејствувањето, за состојбата се огласи и градоначалникот
-
Скопје2 дена
(ФОТО) На „Бит Пазар“ пронајдени и одземени 10,000 пиротехнички средства наменети за продажба
-
Македонија2 дена
ЗНМ со уште еден апел до колегите новинари кои известуваат од Кочани
-
Временска прогноза12 часа
Доаѓа медитерантски циклон кој носи големо количество на врнежи од дожд