Следете не

Македонија

Од ноќеска поскапува дизелот и бензинот, ова е новата цена на дериватите

Avatar

Објавено пред

на

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.09.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 10.09.2019 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95
изнесува 67,50 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.

Македонија

Малолетен кумановец се скарал со девојката, па објавил нејзини експлицитни фотографии на Фејсбук

Avatar

Објавено пред

на

Младо момче од Куманово доби кривична пријава поради тоа што објавувал експлицитни фотографии на својата поранешна девојка.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С.(17) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. Пријавениот, по прекината љубовна врска со 15 – годишна малолетничка, креирал лажен профил на социјалната мрежа Facebook и објавувал фотографии со компромитирачка содржина од малолетничката“, велат од МВР.

/Дневен Билтен

Прочитај повеќе...

Македонија

АМСМ препорачува: Возете внимателно, можна појава на одрони на овие делници

Avatar

Објавено пред

на

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Доо ПРО – ГЕО известува дека согласно на одобрението за времена измена на режим на сообраќај издадено од Министерството за транспорт и врски,со број 11-уп-127/4 од 07.10.2019 год. на автопат А1, А2 и А4, делница Миладиновци – Петровец – Хиподром – Миладиновци, почнувајќи од ден 12.10.2019 год. (сабота) ќе се вршат геодетски мерења согласно добиеното одобрение. Геодетските мерења ќе се вршат секој ден од 07.00 до 18.00 часот почнувајќи од 12.10.2019 год. до 07.11.2019 год.

Од 09.10.2019 (среда) на регионалниот патен правец Р2239 на делницата с. Бродец – с. Танушевци, во периодот од 08:00 ч. – 17:00 ч. се изведуваат градежни работи на пат (асфалтирање) и сообраќајот ќе биде со повремени прекини. Се молат учесниците во сообраќајот на трпеливост и крајна внимателност на оваа делница се до завршување на градежните активности.

На ден 08.10.2019 од 13:00 часот ќе се започне со изведување градежни активности за подобрување на црна точка на дел од регионален пат Р1306, Мало Коњари, делница Прилеп – Крушево – Сладуево, во времетраење од 30 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Поради изведување на асфалтерски работи на регионалниот пат Р 2344 на делницата нас. Чашка – Голозинци од 08.10.2019, секој работен ден освен во недела од 10:00 до 16:00 часот во наредните 12 дена патот ќе биде затворен за сообраќај.

Виадукт трејд – ДООЕЛ известува дека од 04.10.2019 ќе се започне со изведување градежни активности при рехабилитација на магистрален пат А2, делница Гостивар – Кичево на потег од наплатна станица Гостивар до мост кај с.Здуње во времетраење од 60 (шеесет) дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

На регионалниот пат Р-2249 (Мелнички мост – Центар Жупа) делница Брештани – Житинани од 02.10.2019 година поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот повремено (од 20 до 30 минути) ќе биде во прекин. Работите ќе се изведуваат од 09:00 до 17:00 часот во наредните 20 дена. На местото на кое ќе се изведуваат градежните работи ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Oд 17.09.2019 година Фабрика Карпош – АД Скопје известува дека поради градежни активности на магистралниот пат А3, делница Прилеп – Битола кај ТИРЗ Прилеп ќе се изврши пренасочување на сообраќајот на регионалниот пат во траење од три месеци.

Друштвото Асфалт Дооел Скопје известува дека поради изведување градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Демир Капија во периодот 03.09.2019 до 02.03.2020 на магистралниот пат А1 делница Неготино – Гевгелија, наплатна станица Демир Капија, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобрениото за времен режим на сообраќај бр.11-уп-128/4 од 03.09.2019 издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија.

Штрабаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш. Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Од 19.06.2019 се изведуваат градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосницата Другово, на магистрален пат А2, делница Кичево – Охрид, за што има промена на режимот на сообраќај, во времетраење од 6 месеци.

Виадукт трејд од 22.05.2019 г. изведуваат градежни работи на магистрален пат А3, делница Велес – Штип при поставување на електрично осветлување на крстосница Овче Поле во времетраење од 6 (шест) месеци, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Од 09.05.2019 на патниот правец Р1201 Маврово – Дебар кај с. Скудриње, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.

Г. П. Илинден – Струга известува дека од 12.04.2019 поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с. Подмоље – Струга има времен режим на сообраќајот. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Ескаватори Мк известуваат дека поради рехабилитација на регионален пат Р1204, делница Куманово – Свети Николе Л=32 км од 28.03.2019 година има одобрен времен режим на сообраќај.

Од 21.03.2019 (четврток) на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с. Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место e поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.

Штрабаг врши целосна реконструкција на патниот правец Тетово – Попова Шапка, која ќе трае до крајот на 2019 год.

Прочитај повеќе...

Македонија

12 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – кобниот 16.10.2007

Avatar

Објавено пред

на

Цели 12 години без легендата на македонската музика Тоше Проески

Тодор „Тоше“ Проески (25 јануари 1981 – 16 октомври 2007) беше познат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што беше доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнува со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победува изведувајќи ја песната Yesterday од Битлси.

Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998).

Има блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започнува по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година.

Во меѓувреме Тоше станува дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останува се до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година е прогласен за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.

Загина на денешен ден 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија.

Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на Национална Жалост.

Вечна слава ГОЛЕМ ЧОВЕКУ!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КичевоПред 4 часа

Викенд акција на производи во АТВА Маркети – Кичево

Денес и утре продолжуваат акциите на производи по пониски цени! Посетете ги АТВА Маркетите уште веднаш!

МагазинПред 14 часа

Редовен Хороскоп (19.10) Сабота

ОВЕН Иако сакате да ја промените работата, имате впечаток дека сѐ уште не сте сосема подготвени на тој чекор. Не...

КичевоПред 15 часа

(ГАЛЕРИЈА) Вечерва во Кичево беше успешно реализиран хуманитарен концерт наменет за доизградба на црквата „Св.Атанасиј“ од с.Миокази

Денес, петок 18.10.2019 успешно се реализираше хуманитарен концерт чии финансиски средства од продадените карти директно се наменети за доизградба на...

КичевоПред 19 часа

Кичевчани спремно е се за одржување на Хуманитарен концерт, повелете

Спремно е се за реализација на Хуманитарниот концерт за доизградба на светиот храм во с.Миокази – Св.Атанасиј. Настанот ќе го...

ВидеоПред 2 дена

(ВИДЕО) На ракија проба да јава коњ, но некако не му одеше…

Кутриот „малку“ се напил и не може сега ниту да се качи на коњот. Очигледно сега се му е недостижно:

ХороскопПред 2 дена

Денешен Хороскоп (18.10) Петок

ОВЕН Може да очекувате фаза која ќе биде многу поволна за вас. Ќе успеете да остварите стабилизација на работа. Ве...

Живот и стилПред 2 дена

Обратна психологија на жените: Вака се врти маж на мал прст

Не за џабе се вели: „Мажот е главата на семејството, но жената е вратот”. Таа е таа која има способност...

КичевоПред 2 дена

(ФОТО) Конечно се започна со „асфалтирање“ магистралниот пат на излез од Кичево

После речиси месец и половина возење како „по шини“ врз огромен број концентрирани честички „прашина“ денес механизацијата започна да го...

СпортПред 2 дена

Ла Лига повторно со иницијатива да се играат првенствени натпревари надвор од Шпанија

Раководството на шпанската Ла Лига не се откажува од идејата да се игра првенствен натпревар во друга земја. Според објавеното...

БалканПред 2 дена

Малолетничка си го убила бебето – и помогнала мајка и

Уапсена е малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а во тоа и помогнала и нејзината мајка. Според неофицијални...

НАЈЧИТАНИ