Спорт
После 10 години пауза Кичево добива ракомет, доаѓа РК „Кичево“ кој ќе се натпреварува во првата македонска лига!
После 10 години пауза во Кичево,ракометот ќе добие градски клуб под името Рк Кичево 2020, кој ќе се натпреварува во Првата Македонска лига.
Тоа значи дека ракометот во Кичево се враќа, додека од клубот велат дека ќе се пријави екипата во првата лига и со натпревари ќе се започне од есен, но исто така најавија дека ќе почнуваат со тренинзи од март да се тренира скоро цело лето, за да бидат спремни за првата лига, како што најавија од клубот исто така ќе има и млади категории како пионери,кадети и младинци.
Од клубот велат ако се има поголем буџет и ако помогнат градските фирми да застанат зад клубот ќе атакуваат и за суперлига,исто така екипата ќе се состои од играчи од академијата,неколку поранешни играчи на Кичево.
Клубот за сега добива голема поддршка и од општина Кичево.
Со среќа нека е!
Спорт
Во недела град Велес е домаќин на футсал финале во рамките на „Купот на Македонија“, за трофејот ќе се борат „Клими“ и „Форца 2015“
Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македонија. Финалната пресметка помеѓу Клими и Форца 2015 ќе биде одиграна на 21. април во недела.
Домаќин на финалниот натпревар ќе биде градот Велес, а мечот ќе биде одигран во спортскиот центар Гемиџии.
Финалниот футсал натпревар помеѓу Клими и Форца 2015 ќе започне со почеток во 18. часот.
Спорт
(ФОТО) ФФМ и ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ втор пат по ред организираа инклузивен фудбалски турнир
На тренинг центарот „Петар Милошевски”, втора година по ред Фудбалската федерација на Македонија во соработка со ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, организираше инклузивен фудбалски турнир со цел заеднички да испратиме порака дека е важен пристапот и вклученоста на лицата со попреченост на спортските терени.
-ООУ „Марко Цепенков“ – Скопје со една женска екипа
-ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје со машка екипа
– ДСУ „Искра“ – Штип со една машка и една женска екипа
– ДСУ „ Св. Наум Охридски“ – Скопје со две машки екипи и една женска екипа
– ОУРЦ „Маца Овчарова“ – Велес со една машка екипа
Mенаџерот на секторот „Поддршка” во рамките на Фудбалската федерација на Македонија, Горанчо Костовски, заедно со претставникот на училиштето „Св. Наум Охридски“, Станислав Мирчевски го отворија денешниот турнир и им додели симболични награди и признанија на учесниците.
„Почитувани фудбалери и почитувани присутни,особено ми е драго што веќе втора година ФФМ го поддржува фудбалскиот проект на училиштето Свети Наум Охридски и по втор пат сме покровители на Инклузивниот фудбалски турнир. Со овој проект се покажува дека фудбалот покрај спортскиот и натпреварувачкиот дел, служи и како интегративна алатка која го обогатува животот на нашите фудбалери.Ви посакувам да се гледаме почесто.” – за медиумите, преку ФФМА изјави Горанчо Костовски.
Официјална фотогалерија од ФФМ, од самиот настан:
Спорт
Младата женска фудбалска репрезентација учествува на турнир во БиХ ќе одиграат мечеви со Словенија, Украина и домаќинот БиХ
Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 16 до 24 април учествува на меѓународниот Уефа развоен турнир што се одржува во Босна и Херцеговина, така што нашите млади фудбалерки ќе одиграат три натпревари, а за противници ќе ги имаат селекциите на Словенија, Украина и домаќинот БиХ.
Првиот натпревар го играме против домаќинот на турнирот, селекцијата на БиХ. Во втората пресметка ќе се соочиме со Украина. Во последното коло играме против селекцијата на Словенија.
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 16 години Катерина Милеска, за развојниот турнир, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
ГОЛМАНИ:
Теа Сапунџиев Истатов
Евгенија Вењановска Скопје
ОДБРАНА:
Арба Мерко Ас Јунајтед
Јована Јованоска Цевитана
Андреа Коловска Љуботен
Искра Смилевска Скопје
Михаела Марковска Топ Гол
Теодора Јоновска Топ Гол
Ема Нановска Истатов
Лина Луканова Ас Јунајтед
СРЕДЕН РЕД:
Леонтина Пржолева Тиверија
Теона Галабовска Тиверија
Ева Величковска Љуботен
Блехана Алиевска Топ Гол
Теодора Настова Скопје
НАПАД:
Настасја Накова Скопје
Розита Пецева Тиверија
Уна Јосевска Скопје
Меланија Грозданова Скопје
Ана Марија Цветкова Лангус, Холандија
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (18 април)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за петок (19 април)
-
Кичево1 ден
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Култура7 часа
Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Хроника1 ден
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
-
Lifestyle7 часа
Дали витаминот Д може да го запре процесот на стареење?
-
Спорт2 дена
Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“