Свет Случувања

Намерно потонат бродот од филмот „Совршена бура“

Бродот, кој славата ја стекна преку книгата и филмот „Совршена бура“, намерно е потопен кај брегот на Њу Џерси, за да биде дел од вештачки гребен.

„Тамароа“, 62 метри долг брод на Крајбрежната стража е потопен на околу 61 километри од брегот на Кејп Кеј во Њу Џерси, на длабочина од околу 36 метри.

Бродот претходно е испразнет, од него е повлечена цела столарија, изолација и исчистен од гориво и други течности.

„Тамароа“ првпат заплови во 1934 година под името „Зуни“ и учествуваше во Втората светска војна, така што ги влечеше бродовите оштетени од борбата преку Пацификот.

Во грајбрежната стража е префрлен во 1946 година и тука, под ново име, продолжи да служи се до 1994 година.

Најзначајната мисија овој брод ја имаше во 1991 година, кога во многу голема бура и бранови високи 12 метри, неговиот екипаж успеа да спаси три лица од едрилица пред да потонат и четворица членови од екипажот на хеликоптер на Националната гарда, кој исто така тргна во спасувачка акција.

Овие случувања се опишани во книгата на Себастијан Јунгер „„Совршена бура“ од 1997 година, а истоимениот филм каде главната улога ја игра Џорџ Клуни и донесе на „Тамарои“ на светска слава.

Leave a Comment