Следете не

Кичево

(ФОТО) Кичевската населба „Иванидол“ за 6 месеци го врати стариот лик

Avatar

Објавено пред

на

Просечен кичевчанец се произнесе и прашува: Што се случува со ѓубрето кое само после 6 месеци од граѓанската иницијатива за собирање на отпадоци повторно доминира во оваа населба?!

Кичево

Направи добро дело, дарувај крв денес од 10:00ч во Црвен Крст – Кичево!

Avatar

Објавено пред

на

Извиднички одред Мирко Милески како дел од прославата по повод Светскиот ден на извидниците, 22ри февруари, организира акција за донирање крв во сорaботка со Црвениот Крст на град Кичево. Ова е еден од многуте настани кои се дел од акцијата “Направи добро дело”.

Акцијата “Направи добро дело” претставува низа активности со кои сакаме да прикажеме дел од работата на извидниците и нашата заложба за остварување мисијата – Да креираме подобар свет.

Ги покануваме сите извидници, пријатели на извидниците и граѓани кои сакаат да даруваат крв и да направат добро дело да дојдат во просториите на Црвениот Крст денес петок 21.02.2020 во периодот од 10:00 до 14:00 часот. – стои во нивниот официјален фејсбук настан.

Бидете дел и дарувајте крв!

Прочитај повеќе...

Кичево

Кривична за косовар кој со уште четири лица одзеле накит во кичевска златара

Avatar

Објавено пред

на

Одделението за внатрешни работи Кичево поднесе кривична пријава против Ј.В.(41) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

На 27.03.2013 на ул.ќ „Маршал Тито“ во Кичево пријавениот, заедно со уште четири лица, со употреба на сила и со закана со огнено оружје одзеле поголема количина златен накит и пари од златара, сопственост на Т.М. од Кичево.

Извор: МВР

Прочитај повеќе...

Кичево

Вработените во „Синохидро“ од Кичево стравуваат од коронавирус, кинезите доаѓаат од одмор

Avatar

Објавено пред

на

Стравот меѓу македонските работници на кинеската компанија „Синохидро“ не го намалува ниту тоа што нивните кинески колеги, по враќањето од татковината, меѓу другото, 14 дена треба да поминат во карантин.

Како што се ближи денот за враќање на работниците на кинеската компанија „Синохидро“ од одмор во татковината така расте загриженоста кај нашите работници што заедно со нив се ангажирани во изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Некои од нив дури имаат намера да ја напуштат работата од страв од можна зараза со коронавирусот, кој зимава се појави токму во Кина, а во покраината од каде што доаѓаат кинеските работници досега се регистрирани над сто случаи на заболени.

Стравот не го намалува ниту тоа што работниците од „Синохидро“, пред враќањето во Македонија, 14 дена треба да поминат во карантин, како една од дополнителните мерки за претпазливост за справување со ширење на заразата од коронавирусот, кои неодамна ги утврдиле министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република, Кина Џанг Ѕуо.

– Најавите дека деновиве од родната Кина, каде што беа на зимски одмор, ќе се вратат некои од вработените на „Синохидро“ кај нас предизвикаа оправдан страв, вознемиреност и неспокој, бидејќи се работи за вирус што е лесно пренослив и опасен по нашето здравје. Ако се има предвид и фактот дека во провинцијата од каде што доаѓаат работниците на „Синохидро“ има над сто регистрирани случаи на заразени со овој вирус, тогаш стравот е повеќе од оправдан. И покрај сознанието дека работниците што треба да се вратат во земјава се наоѓаат во двонеделен карантин, сепак и овој факт не нѐ прави да бидеме апсолутно сигурни и целосно заштитени од овој опасен вирус. Соочени со овој животозагрозувачки проблем, дури помислуваме и да ја напуштиме компанијата, бидејќи животот е поскап од секакви пари, а имаме и семејства за кои треба да водиме грижа – велат повеќемина овдешни работници во оваа компанија.

Тие посочуваат дека во оваа фаза од изградбата на автопатот не се неопходни работниците од Кина, бидејќи нивната главна работа се однесуваше на тунелите, кои се речиси целосно завршени.
Од Центарот за јавно здравје – Битола добивме информација дека се прават сите подготовки за да нема опасност од пренос на вирусот од страна на кинеските работници.

– Од првите луѓе на Министерството за здравство имаме информација дека кинеските работници што треба да се вратат во земјава ќе бидат во двонеделен карантин и дека со самото влегување во Македонија најпрво ќе бидат проверени на термалната камера на скопскиот аеродром, а потоа ќе биде следен нивниот натамошен пат. При средбата со нашите вработени во „Синохидро“ им беше посочено, ако во кој било случај имаат сомнеж дека некој од Кинезите е заболен, итно да информираат за болниот веднаш да биде пренесен на инфективното одделение во Скопје.
Исто така, на нашите вработени им укажавме при внес на храна задолжително да ги мијат рацете и да одржуваат редовна хигиена, а при физички контакт со кинеските работници задолжително да носат маски – вели д-р Тони Коњаноски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје – Битола.

Инаку, од новиот тип коронавирус, кој научниците пред некој ден го нарекоа ковид-19, досега починаа над 1.700, а заразени се повеќе од 70.000 луѓе во Кина, а заразата во изминативе неколку недели се прошири речиси низ целиот свет. Особено е драматична ситуација на крузерот „Дајмонд принцес“, закотвен во близината на јапонскиот град Јокохама, каде што според јапонското министерство за здравство, на бродот, во кој има 3.711 патници и членови на екипажот, до вчера беа заразени 454 лица, меѓу кои и еден од тројцата присутни Македонци.

Текст: Зоран Антоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КичевоПред 48 минути

Направи добро дело, дарувај крв денес од 10:00ч во Црвен Крст – Кичево!

Извиднички одред Мирко Милески како дел од прославата по повод Светскиот ден на извидниците, 22ри февруари, организира акција за донирање...

МагазинПред 9 часа

Фчерашни новости ќе формираат циркус за да им парираат на политичарите

Факт е дека веќе подолг период ниту еден циркус не гостувал во нашата држава. Можеби причината за тоа е дека...

ХороскопПред 11 час

Хороскоп за денес (21.02) петок

Oвен  Денес е поволен ден за подобрување на работите на љубовен план. Ако сте во врска, веројатно вашата врска ќе...

ВидеоПред 14 часа

(ВИДЕО) Ова болеше: Мачето на Лила Филиповска се галеше се додека…

Нашата топ ТВ дива ценетата Лила Филиповска речиси и да не очекуваше ваква работа од куќниот-љубимец. View this post on...

Здравје и убавинаПред 16 часа

Природен сок против камен на бубрег

Камењата во бубрег најчесто се состојат од калциум, а можат да бидат предизвикани од премногу сол во исхраната што стимулира...

КичевоПред 18 часа

Кривична за косовар кој со уште четири лица одзеле накит во кичевска златара

Одделението за внатрешни работи Кичево поднесе кривична пријава против Ј.В.(41) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

МакедонијаПред 23 часа

Запленетиот кокаин во Крушопек, дел од пратка со потекло од Колумбија наменет за Словенија

 За полициската акција што синоќа се одвиваше во село Крушопек, во скопски Сарај, при што беше запленет еден килограм од...

СлучувањаПред 23 часа

Трагедија во рудник во Прилеп, почина работник

Несреќа со трагична последица се случила вчера околу 11:15 часот во рудник во Прилеп. Од МВР информираат дека Д.З.(67) од Прилеп,...

СпортПред 23 часа

Хуго Лорис: Не е време да бараме изговори

Голманот на Тотенхем, Хуго Лорис, по дуелот со Лајпциг во првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите (0:1),...

МакедонијаПред 23 часа

Влажни коловози на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...

НАЈЧИТАНИ