Кичево Случувања

При пожар во куќа во Кичевско, изгоре и голема сума на пари

На 27.04.2018 година во 09,30 часот било пријавено дека во с.Србица-кичевско, избувнал пожар на првиот кат во куќата сопственост на М.Л. (46). Пожарот бил изгаснат од страна на Територијална противпожарна единица -Кичево. Во пожарот опожарени биле мебелот и покуќнината во спалната соба, како и 21.500 евра и 30.000 швајцарски франци.

Извршен бил увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Извор: МВР

Close