Македонија
Состојба на пожарите до 08:00ч | Битолски и Тетовски регион
Битолски регион
Во гаснењето на пожарот пожарот на место викано Кутлино, атар на с.Селце, општина Крушево кој се аткивирал околу 13,00 часот на ден 09.03.2019 г. интервенирале пожарникари и лица од ШС Липа од Крушево. Со гаснењето на пожарот ќе се продолжи и во текот на ден 10.03.2019 г.
Во текот на ден 09.03.2019 г. пријавен е пожар на запалена сува трева и ниско стеблесна шума кај с.Кочишта. Интервенирале лица од ЈП-Липа и пожарникари. Со гаснењето на пожарот ќе се продолжи и во текот на ден 10.03.2019 г.
Тетовски регион
Околу 19:00 часот на ден 09.03.2019г. пријавен е шумски пожар над с.Непроштено. Известени се ТППЕ-Тетово, ПСШ-Лешница како и ЕЛС Теарце. Од ПСШ-Лешница известја дека се работи за приватни шуми. Екипа од ТППЕ-Тетово интервенирале во с.Отуње и истите остануваа на терен и прават напори на гасење на пожарот. Истиот бил делумно локализиран, но во текот на ноќта поради ветерот повторно се активирал. Екипи од ПСШ-Лешница утрово ќе се упатат на терен и се ангажираат во гасење.
На место викано Долги ниви, кај рудникот Пофикс накај с.Митрови Крсти во Гостивар активен е шумски пожар. Екипа од Шар Гостивар биле на терен и изведувале активности во гасење на истиот, но поради ветрот што дува во реонот гасењето е отежнато. Според одговорното лице во ШАР Гостивар зафатена е површина на нискостеблеста шума и сува трева. Пожарот е на локација која е тешко пристапна. ТППЕ-Гостивар утрово ќе излезат на терен за да ја следат состојбата.
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
Македонија
Од ноќеска дизелот ќе биде со намалена цена, додека бензинот минимално се покачува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 85,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа
малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,683 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот
М-1 НС изнесува 45,459 ден/кг, известува РКЕ.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (18 април)
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за петок (19 април)
-
Кичево1 ден
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Кичево23 часа
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Култура4 часа
Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above
-
Хроника1 ден
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
-
Спорт2 дена
Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“
-
Магазин1 ден
Telegram наскоро ќе има повеќе од една милијарда корисници