Следете не

Без категорија

Правата вистина од експерти за користењето стапчиња за чистење на ушите

Објавено пред

на

Стапчињата за уши предизвикуваат штета со туркањето на восокот во ушниот канал и наместо да го извадат ушниот восок тие го потиснуваат уште подлабоко во каналот.

Националниот институт за здравје и нега во Велика Британија вели дека и испирањето на ушите со голем метален шприц кој со вода го чисти восокот е потенцијално штетен и дека не смее да се спроведува.

Експертите наведуваат дека ушниот канал сам се чисти, а дека вишокот восок отпаѓа, и дека површината на увото треба да се чисти единствено и исклучиво со влажен пешкир.

Рачното чистење предизвикува траума и иритација на увото, а тоа го потврди и студијата која ја спроведе Институтот.

„Совет за сите е да не ставаат ништо во ушниот канал бидејќи тој сам се чисти, а се што е пожелно е со влажен пешкир само да поминете преку површината“, се наведува во соопштението.

Без категорија

АТВА Маркети со нова акција на производи по екстра намалени цени

Објавено пред

на

Производи на акција по супер неодоливи цени, само во АТВА маркети – Кичево

Прочитај повеќе...

Без категорија

Денес е големиот празник „Александрија“, со векови чествуван во кичевска Белица

Објавено пред

на

Кичевска Белица, денес 26 мај го празнува празникот Александрија кој е посветен на светецот-маченик Свети Александар.

Празнувањето кога не би била ситуацијата со пандемијата од Ковид-19 би започнало најпрво со одењето на жените ден порано во малото црквиче кое го носи името на светецот, ќе одржат молитва за своите најблиски и ќе се дружат.

На денот на празнувањето 26 мај, во црквичето се одржува утринска литургија, па крштевка, па венчавка и во 14 часот ќе започнеше долго очекуваната народна веселба со музичка група.

За оваа веселба секогаш била обезбедена храна и пијалоци. Поканети се сите, особено оние кои го носат името Александар и Александра.

Свети Александар е светец-маченик од Македонија кој служел како војник во војската на римскиот император Максимијан. Пострадал како христијанин кратко пред да биде озаконето христијанството во римското царство. Неговата мајка го зела телото и го погребала.

Празникот Свети Александар (Александрија) се празнува во Белица со векови, а над селото постои мала црквичка, сега обновена, изградена во поново време врз темели на постара базилика која датира од доцноримско време.

Постои претпоставка дека токму таа да ги крие моштите на светецот, а самиот светец да потекнува од ова село кое е доста старо.

Нека ви е честит и вековит празникот наши пријатели беличани и кичевчани!

ФОТО: Архива / porta.mk

Прочитај повеќе...

Без категорија

25. коло во 2. МФЛ ќе се одигра в сабота. ФФМ ги покрива трошоците за тестирање

Објавено пред

на

Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука сите натпревари од 25. коло од Втора МФЛ – Исток и Запад да бидат одиграни на 01. мај 2021 (сабота) со почеток во 13:00 часот.

Фудбалската федерација на Македонија согласно одлуката од Владата на Република С. Македонија за изменување и дополнување на одлуката за превентивни препораки, член 1, објавена во СЛУЖБЕН ВЕСНИК ќе спроведе ТЕСТИРАЊЕ – Молекуларна RT – PCR Детекција на SARS-CoV-2 (Covid-19) во лабораторијата БИОТЕК во Скопје.

ФФМ го подмирува тестирањето за 25 лица по екипа (18 фудбалери и членови на стручен штаб) и официјални лица на натпревар се додека е на сила мерката за задолжително тестирање пред секој натпревар со Молекуларна RT – PCR Детекција на SARS-CoV-2 (Covid-19).

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогнозаПред 2 часа

Покачување на дневните температури, во попладневните периоди продолжува нестабилното време

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со умерена локална облачност. Попладне особено во планинските региони ќе има...

СпортПред 3 часа

Алиоски: Точно знаеме што да подобриме, најважно е да веруваме во себе и во тимот, одиме на победа!

Македонската А репрезентација на 17. јуни ја очекува вториот натпревар од Европското првенство. Украина е селекцијата на која ќе им...

На денешен денПред 3 часа

На денешен ден – 16 јуни

1671 година – Водачот на востанието Дон Козак и селанец, Степан Стењака Тимофејевиќ Разин, беше јавно погубен во Москва. Во...

ХороскопПред 10 часа

Хороскоп за денес (16 јуни) среда

ОВЕН Можно е да ве преплавуваат негативни мисли, ќе бидете особено нетрпеливи овие два дена. Вашата ароганција може да ве...

ЗанимливостиПред 13 часа

Студија тврди дека пронајдени биле „вселенски печурки“ на Марс

Една неодамнешна студија тврди дека пронашла докази за форми на живот слични на габи на површината на Марс. „Вселенските печурки“...

МакедонијаПред 16 часа

Ковид-19 денес: 29 нови случаи, 9 од Скопје, 5 од Кичево..

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 29 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се...

КичевоПред 17 часа

Бакарди: Потребни се работници со искуство за претстојната сезона

Нашите партнери од Bacardi Lounge Bar – Кичево ве известуваат дека поради проширување на својата дејност и надополнување на својот...

АвтомобилиПред 20 часа

Црни кутии во автомобилите во ЕУ од 2022 година: Ќе снима брзина, време на сопирање и други параметри

Сепак, тоа нема да ги замени форензичарите, затоа што секогаш ќе биде потребен човечки фактор за читање на податоците. Како...

МагазинПред 21 час

Microsoft го објави датумот на крај на Windows 10

Популарниот оперативен систем ќе престане да постои по животниот циклус од точно 10 години Microsoft штотуку објави датум за завршување...

LifestyleПред 21 час

Бангладеш: Откриено како да се претвори пластиката во ванила

Научниците во Бангладеш откриле начин како да се претвори употребената пластична амбалажа во арома на ванила, користејќи генетски модифицирани бактерии....

НАЈЧИТАНИ