Спорт
Стадионот „Петар Милошевски“ во Битола летово ќе добие рефлекторско осветлување, истакна претседателот на Фудбалската федерација на Македонија – Сејдини на средба со градоначалникот Коњановски
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини и членовите на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, Владимир Гашевски и Златко Талевски денеска остварија работна средба со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
На средбата се разговараше за повеќе важни прашања поврзани со инфраструктурните услови за напредокот на фудбалот во Битола.
Меѓу приоритетните прашања, главен акцент беше ставен на поставувањето на рефлекторското осветлување на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, обезбедено од страна на ФФМ во рамки на програмата „Хет – трик четири“. На состанокот е договорено во периодот што следува да бидат финализирани потребните постапки и рефлекторите да бидат поставени и ставени во функција во месец јуни.
Претставниците на Фудбалската федерација на Македонија, исто така, покажаа подготвеност за поддршка на општина Битола за реализација на нови фудбалски проекти и активности, меѓу кои, како посебно важен беше истакнат проектот за реконструкција на јужната трибина, со што комплетно би се заокружил проектот за стадионот во Битола.
– „Со градоначалникот Коњановски остваривме конструктивен разговор и навистина верувам дека меѓусебно можеме многу да си помогнеме за развој на фудбалот и инфраструктурата во Битола.
Со претходниот проект од „хет-трик“ програмата, ние веќе целосно го реконструиравме теренот со поставување на модерен дренажен систем, а по финализирањето на постапката ќе започне и поставувањето на рефлекторите на стадионот кое очекуваме да биде во функција веќе во месец јуни.
Многу поголем и позначаен проект е реконструкцијата на јужната трибина, но уверен сум дека заеднички можеме да направиме нови големи работи за стадионот во Битола, како еден од нашите најголеми фудбалски центри.
Општинскиот фудбалски Сојуз – Битола е еден од најголемите во нашата држава и благодарение и на нивната работа и посветеност, фудбалот ни е заеднички јазик во вистинска смисла и со раководните луѓе во локалната самоуправа. А, тоа е важно за подобрување на условите и напредокот. Општина Битола е пример за добра соработка и потврда дека само со заеднички напори можеме да го оствариме зацртаното“, за медиумите изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
Првиот човек на општина Битола, Тони Коњановски искажа голема благодарност до Фудбалската федерација на Македонија за активностите кои досега се реализирани, истакнувајќи дека во наредниот период како општина и во соработка со федерацијата, ќе се преземат сите обврски за заокружување на репрезентативна инфраструктура која би претставувала гордост за градот и ФК Пелистер, како еден од најголемите фудбалски брендови во државата.
На денешната средбата, присуствуваше и претседателот на Фудбалскиот клуб „Пелистер“, Митко Стојковски, кој ја нагласи големата поддршка од општината за фудбалскиот клуб и ги посочи активностите на клубот, насочени кон негова стабилизација. Нашиот легендарен фудбалер, иста така, ја нагласи големата помош која Фудбалската федерација на Македонија ја дава за подобрување на условите на стадионот во Битола изразувајќи благодарност и уверување дека ќе се продолжи во таа насока.
Спорт
Младата женска фудбалска репрезентација учествува на турнир во БиХ ќе одиграат мечеви со Словенија, Украина и домаќинот БиХ
Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 16 до 24 април учествува на меѓународниот Уефа развоен турнир што се одржува во Босна и Херцеговина, така што нашите млади фудбалерки ќе одиграат три натпревари, а за противници ќе ги имаат селекциите на Словенија, Украина и домаќинот БиХ.
Првиот натпревар го играме против домаќинот на турнирот, селекцијата на БиХ. Во втората пресметка ќе се соочиме со Украина. Во последното коло играме против селекцијата на Словенија.
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 16 години Катерина Милеска, за развојниот турнир, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
ГОЛМАНИ:
Теа Сапунџиев Истатов
Евгенија Вењановска Скопје
ОДБРАНА:
Арба Мерко Ас Јунајтед
Јована Јованоска Цевитана
Андреа Коловска Љуботен
Искра Смилевска Скопје
Михаела Марковска Топ Гол
Теодора Јоновска Топ Гол
Ема Нановска Истатов
Лина Луканова Ас Јунајтед
СРЕДЕН РЕД:
Леонтина Пржолева Тиверија
Теона Галабовска Тиверија
Ева Величковска Љуботен
Блехана Алиевска Топ Гол
Теодора Настова Скопје
НАПАД:
Настасја Накова Скопје
Розита Пецева Тиверија
Уна Јосевска Скопје
Меланија Грозданова Скопје
Ана Марија Цветкова Лангус, Холандија
Спорт
Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“
По 3:3 дома и 1:1 во Манчестер, Кралскиот клуб играше продолженија со Сити на „Етихад“, но бидејќи и по 120 минути немаше победник, решија пенали, а Реал победи со 4:3. Така Реал успеа да ја продолжи одличната серија и по шести пат успеа да се избори за победа во нокаут фазата против бранителот на титулата.
Начо Фернандеш брилијантно го чуваше најопасниот играч на Сити, Ерлинг Халанд.
– „Страдавме многу затоа што многу те притискаа, но ние сме Реал и се бориме до крај, најважно е што сме во полуфинале. Не сме навикнати на притисок, обично сме тие што го туркаат противникот, сепак, и покажавме на другата страна, дека знаеме да се браниме спектакуларно, тој средно-низок блок ни направи неверојатна работа“, смета дефанзивецот на Реал.
Халанд едноставно немаше решенија во дуелите со него.
– „Бевме добри во дефанзива, исто така и на индивидуален план. Ова се магични ноќи, само од се станувам посилен, ова е она за што сонувавте како дете. Лошо ја започнавме сезоната, но свртевме сè, овој тим е неверојатно горд што сè уште сум во борба“. По нив следува Ел Класико. Мора да го славиме ова, а од утре размислуваме само за Ел Класико и се што не очекува во лигата“, заклучи Нацо.
Извор: b92.net
Спорт
Фудбалските федерации во регионот, вклучувајќи ја и нашата дадоа своја безусловна поддршка за актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин
На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусловно изразија поддршка за претседателот на УЕФА, Чеферин и неговата администрација.
Додека нашата, Фудбалската федерација на Македонија заедно со десет национални асоцијации членки на УЕФА од Југоисточна Европа денеска на состанок во Тирана ја потврдија безусловната поддршка за претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
На регионалниот состанок чиј домаќин беше Албанската фудбалска Асоцијација, главниот фокус се однесуваше на критичните аспекти на стратегијата за развој на фудбалот на УЕФА како што се: идниот формат на клупските натпреварувања на УЕФА по 2024 година и новата програма за солидарност.
Исто така, се дискутираше за прашања кои се однесуваат на судењето на натпреварите, споделување податоци и финансиски анализи, потоа предизвици околу првенствата кои влегуваат во системите за обложување и можности кои се појавуваат за државите / асоцијациите.
Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Грција, Косово, Црна Гора, Македонија, Србија, Словенија, Турција и Албанија со свои претставници беа дел од регионалниот состанок во Тирана.
По дискусиите за наведените теми, националните асоцијации навлегоа во дискусии за иднината на европскиот фудбал. Сите присутни едногласно изразија непоколеблива поддршка за претседателот Чеферин и администрацијата на УЕФА.
Фудбалската федерација на Македонија на состанокот во Тирана беше претставувана од претседателот, Муамед Сејдини, генералниот секретар, Наталиа Илиевска Божиновска и членот на Управниот одбор, Владимир Гашевски, за јавноста истакнаа од Федерацијата.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (17 април)
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за четврток (18 април)
-
Магазин18 часа
Социјалната мрежа X воведува претплата за нови корисници
-
Спорт1 ден
Фудбалските федерации во регионот, вклучувајќи ја и нашата дадоа своја безусловна поддршка за актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин
-
Магазин17 часа
Кинескиот одговор на ChatGPT достигна 200 милиони корисници
-
Магазин17 часа
Samsung Galaxy Z Fold 6 ќе биде потенок и полесен од Fold 5
-
Технологија2 дена
Незаменлив дел од нашите животи, 20 години „Gmail“
-
Автомобили1 ден
(ФОТО) Произведен последниот легендарен „Bizzarrini 5300 GT“ revival едиција