Следете не

Живот и стил

Притисокот кој родителите од Кина го вршат врз своите ќерки за да се омажат до 25-тата година

Avatar

Објавено пред

на

Видео со моќна порака го прикажува притисокот кој родителите од Кина го вршат врз своите ќерки за да се омажат до 25-тата година од животот.

4-минутното видео започнува со реченици на родители упатени кон нивните ќерки, како „Нема да почивам во мир сè дури не се омажиш“„Премногу си пребирлива“ и „Тврдоглава си“.

Фразата „Sheng nu“, која кај нас би се поврзала со терминот „стара мома“, во Кина се користи за девојките кои се сингл во доцните 20-ти години.

„Таа има само просечен изглед. Не е многу убава, затоа е стара мома“ – вели една мајка за својата ќерка, која со солзи во очите седи веднаш до неа.

Во продолжението на видеото, родителите посетуваат „пазари за брак“ и ги изложуваат профилите на своите деца, со цел да им пронајдат соодветен партнер.

Сакајќи да добијат разбирање и поддршка од своите родители, немажените девојки го преплавуваат пазарот со свои фотографии на кои оставаат важни пораки преку кои ги искажуваат своите ставови и чувства. „Не сакам да се омажам само заради тоа да бидам во брак. На тој начин нема да бидам среќна“, „Дури и ако останам сама ќе бидам среќна, самоуверена и ќе имам добар живот“, „Ми треба повеќе време за да ја најдам совршената личност“.

„Не дозволувај притисокот да ја диктира твојата иднина“ – се вели на крајот…

Живот и стил

Докажано на што паѓаат мажите во поглед на жените, ова се првите работи

Avatar

Објавено пред

на

Привлечноста е многу индивидуална работа, но постојат одредени „точки“ на женското тело кои веднаш предизвикуваат интерес кај машкиот пол.

Анкета спроведена на пет илјади мажи во која испитаниците мораа да одговорат на прашањето „Што прво забележувате кај жена која ве привлекува физички“ донесе интересни резултати.

Иако мислевме дека градите и задникот сигурно ќе бидат на прво место, одговорите сѐ уште беа малку поимагинативни, а според тоа и симпатични.

Така, на прво место се очите, односно погледот, а на на второ место насмевката.

Прочитај повеќе...

Живот и стил

ФОТО: Ова се најбараните сандали, месечно на Интернет се пребарувани 60.500 пати

Avatar

Објавено пред

на

Нивната популарност ги сруши рекордите на најпознатите светски брендови.

Модната креаторка Амина Муади преку ноќ стана позната. Благодарение на чевлите со кои ги освои апсолутно сите жени и познати дали од црвениот тепих, Амина донесе целосно нов тренд.

Таа успеа да ја реализира соработката и со брендот на Ријана.

Модната платформа Lyst ги анализираше пребарувањата по разни он-лајн шопинг страници и откри ги откри најпосакуваните модни парчиња. Меѓу најбараните се сандалите Gilda со потпис на креаторката Муади.

Во просек, меѓу октомври и декември, тие се пребарувани 60.500 пати месечно. Иако на оваа листа се наоѓаат првпат, веднаш успеале да ја загрозар водеќката позиција на планетарно популарниот Гучи.

Благодарение на необичните потпетици, сандалите ги освоија срцата на бројните трендсетерки како Џиџи Хадид, Дуа Лупа, Кејти Холмс и Ријана.

Нивната редовна цена е 815 евра.

Прочитај повеќе...

Живот и стил

Родителска рубрика: За мајките кои имаат синови

Avatar

Објавено пред

на

Има многу животни правила кои родителите треба да ги пренест на своите деца – да бидат љубезни, да не фрлаат ѓубре, да веруваат во себе, но некои од нив се исклучиво само за момчиња. Еве што мајките треба да ги научат своите синови пред да пораснат…

Во ред е ако не си спортски тип. Не е спортот за сите мажи. Некои го сакаат, некои едноставно не се за тоа. Ако не сакаш да се занимаваш со спорт, пронајди нешто друго во што ќе уживаш и ќе бидеш среќен.

Научи да готвиш и да чистиш. Верувај, за ова еден ден ќе ми бидеш благодарен. Ќе знаеш да се грижиш за себе, а сите твои партнерки ќе ти бидат благодарни бидејќи си ги совладал сите техники на преживувањето. Ова те става на листата на посакувани мажи. Немој да бидеш насилник! Немој да бидеш маж кој користи физичка сила за да демонстрираш моќ или пак да понижиш некого. Биди секогаш маж кој ќе им помага на послабите.

Користи презерватив. Немој да правиш деца освен ако… не си врска со жена која тоа го сака и сто проценти си уверен дека можеш да ја превземеш одговорноста за тоа суштество. Или барем тоа навистина го сакаш.

Не, значи не. Никогаш не преиспитувај што значи не. Прифати го одговорот и продолжи понатаму.

Биди нежен. Малите момчиња сакаат да се мазат, бакнуваат и прегрнуваат. Немој никогаш да го изгубиш тоа. Кога ти е тешко да се изразиш, прегратката е посилна од секој збор. Пријателот ти е загрижен. Прегрни го. Девојката ти е тажна. Прегрни ја.

Животот не е каталог на “Викторија Сикрет”. Повеќето жени не носат спарени градници и гаќички. Вистинските гради паѓаат на страна кога жената ќе легне и не се сосема еднакви. Вистинските жени не се фотошопирани убавици. Стриите се составен дел од животот. Исто како и целулитот, вишокот на килограми и влакненцата.

Побарај ме. Нема засекогаш да живееме под ист покрив и многу често ќе ми недостасуваш. Знам дека ќе бидеш возбуден заради новиот живот, независноста, слободата, но сакам да ти го слушнам гласот – барем еднаш во неделата.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КичевоПред 45 минути

Направи добро дело, дарувај крв денес од 10:00ч во Црвен Крст – Кичево!

Извиднички одред Мирко Милески како дел од прославата по повод Светскиот ден на извидниците, 22ри февруари, организира акција за донирање...

МагазинПред 9 часа

Фчерашни новости ќе формираат циркус за да им парираат на политичарите

Факт е дека веќе подолг период ниту еден циркус не гостувал во нашата држава. Можеби причината за тоа е дека...

ХороскопПред 11 час

Хороскоп за денес (21.02) петок

Oвен  Денес е поволен ден за подобрување на работите на љубовен план. Ако сте во врска, веројатно вашата врска ќе...

ВидеоПред 14 часа

(ВИДЕО) Ова болеше: Мачето на Лила Филиповска се галеше се додека…

Нашата топ ТВ дива ценетата Лила Филиповска речиси и да не очекуваше ваква работа од куќниот-љубимец. View this post on...

Здравје и убавинаПред 16 часа

Природен сок против камен на бубрег

Камењата во бубрег најчесто се состојат од калциум, а можат да бидат предизвикани од премногу сол во исхраната што стимулира...

КичевоПред 18 часа

Кривична за косовар кој со уште четири лица одзеле накит во кичевска златара

Одделението за внатрешни работи Кичево поднесе кривична пријава против Ј.В.(41) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

МакедонијаПред 23 часа

Запленетиот кокаин во Крушопек, дел од пратка со потекло од Колумбија наменет за Словенија

 За полициската акција што синоќа се одвиваше во село Крушопек, во скопски Сарај, при што беше запленет еден килограм од...

СлучувањаПред 23 часа

Трагедија во рудник во Прилеп, почина работник

Несреќа со трагична последица се случила вчера околу 11:15 часот во рудник во Прилеп. Од МВР информираат дека Д.З.(67) од Прилеп,...

СпортПред 23 часа

Хуго Лорис: Не е време да бараме изговори

Голманот на Тотенхем, Хуго Лорис, по дуелот со Лајпциг во првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите (0:1),...

МакедонијаПред 23 часа

Влажни коловози на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...

НАЈЧИТАНИ