Следете не

Случувања

Прогноза: Како ќе изгледа ковид 19 во иднина

Објавено пред

на

Нова студија на американски научници предвидува дека САРС-КоВ-2, вирусот што ја предизвикува болеста ковид 19, со текот на времето ќе станува сè помалку заразен, дека ќе се појави сезонски, заедно со други патогени од семејството на коронавируси кои предизвикуваат лесна настинка. Сепак, прашањето е кога тоа ќе се случи.

Ова ќе се случи само кога САРС-КоВ-2 стане ендемичен вирус, односно кога веќе не предизвикува масовни инфекции или сериозни болести, велат научниците од Државниот универзитет Пен и Емори.

Нивната студија е објавена во списанието „Science“, пренесува N1.

„Кога вирусот ќе достигне ваква ендемична состојба зависи од брзината на неговото ширење и од брзината на вакцинирање“, изјави за New York Time, водечката авторка на студијата Џени Лавин од универзитетот Emory.

„Значи, потребно е сите да се изложат на вакцината што е можно побрзо“, истакна Лавин.

Нивното истражување се заснова на шест човечки коронавируси, од кои четири редовно се шират меѓу луѓето и предизвикуваат само благи симптоми. Другите два, тежок акутен респираторен синдром (САРС) и респираторен синдром на Блискиот исток (МЕРС), се појавија во последно време и резултираат со висока смртност, но имаат слична генетика како коронавирусот што предизвикува ковид.

Научниците сè уште проучуваат колку долго траат антителата и другите имунолошки клетки по прележаниот коронавирус. Досегашните откритија сугерираат дека имунитетот што ја блокира инфекцијата е релативно краток, но затоа имунитетот кој ги ублажува симптомите е долготраен.

Ова значи дека некое лице може да биде заразено со коронавирус неколку пати, но секој следен пат не би бил толку сериозен како првиот, што е слично на влијанието на обичните настинки врз телото.

Кога повеќето луѓе ќе добијат заштита од ковид, или преку природна инфекција или вакцинација, само малите деца ќе бидат изложени на коронавирус, а нивните болести се лесни.

Но, без масовна вакцинација, ќе бидат потребни години со многу смртни случаи, велат научниците.

Дури и во случај на појава на нови видови на вирус, како што е оној што штотуку се шири во Велика Британија, научниците тврдат дека имунитетот стекнат од претходните соеви „е доволно силен за да спречи сериозна болест“. Исто како што е случај со четирите коронавируси кои предизвикуваат настинки во кои имунитетот се зајакнува со секоја нова болест.

Македонија

Денес 227 нови случаи на Ковид, додека 15 починале. Билансот по градови и активни случаи е следен..

Објавено пред

на

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.595 тестирањe, а регистрирани се 227 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 128, Куманово – 15, Прилеп – 12, Штип – 11, Крива Паланка – 9, Кавадарци – 8, Битола и Свети Николе – по 6, Охрид, Струмица и Неготино – по 5, Велес и Пробиштип –  по 4, Тетово – 3, Гевгелија – 2, Кочани, Радовиш, Делчево и Виница – по 1.

Регистрирани сe 111 оздравени пациент од: Куманово – 27, Гостивар – 15, Охрид – 12, Штип – 10, Прилеп – 7, Битола – 6, Скопје – 5, Кочани, Крива Паланка и Пробиштип – по 4, Кичево и Кратово – по 3, Велес, Радовиш и Берово – по 2, Тетово, Делчево, Виница, Демир Хисар и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15  починати лица: 6 починати лица од Скопје (75г,75г,70г,76г,64г и 64г), по едно починато лице од  Прилеп (79г), Битола (88г), Велес (72г), Кавадарци (63г), Охрид (82), Штип (69г), Крива Паланка (41г), Пробиштип (86г), и Кратово (66). Од пријавени лица 14 се починати во болнички услови,а само едно лице е починато дома.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е уште 1 починато лице, со датум на смрт од 23.10.2021 година. Починатотот лице е на возраст од 82 години, од Охрид, починато во домашни услови.

Направени се 2.595 тестови преку: ИЈЗ-57, ЦЈЗ Скопје-14, ЦЈЗ Битола-41, ЦЈЗ Прилеп-0,

ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-30, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–170, Жан Митрев (Филип Втори)-69, Авицена-133, Биотек-107, Систина-38, лабораторија Лаор-0, Синлаб-11, Ремедика-0, Плодност–47, Генеа-2, Никоб лаб-282, ВФВ Медикал-17, Ели Медика-25, Ројал Медика –17, Спектра-ММ-17, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.517.

Досега во земјата се направени вкупно 1.364.488 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.766, бројот на оздравени пациенти е 186.322, на починати е 7.051, а бројот на активни случаи изнесува 6.393.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 87383, Активни 3267

Куманово 12090, Активни 462

Тетово 10949, Активни 104

Прилеп 9375, Активни 258

Гостивар 7997, Активни 25

Битола 7341, Активни 208

Велес 6691, Активни 332

Кавадарци 6188, Активни 192

Охрид 6130, Активни 191

Штип 6065, Активни 212

Струмица 5886, Активни 141

Кичево 4074, Активни 73

Струга 3830, Активни 40

Кочани 3492, Активни 164

Гевгелија 2524, Активни 85

Неготино 2358, Активни 29

Свети Николе 1985, Активни 77

Радовиш 1582, Активни 48

Ресен 1574, Активни 40

Крива Паланка 1582, Активни 125

Дебар 1453, Активни 6

Берово 1227, Активни 15

Делчево 1142, Активни 22

Виница 1077, Активни 34

Пробиштип 994, Активни 64

Валандово 84, Активни4 17

Кратово 633, Активни 35

Богданци 579, Активни 24

Крушево 545, Активни 15

Македонски Брод 476, Активни 2

Демир Хисар 475, Активни 33

Демир Капија 410, Активни 1

Македонска Каменица 353, Активни 46

Пехчево 319, Активни 3

Дојран 143, Активни 3

Прочитај повеќе...

Скопје

Скопјанец лишен од слобода, превезувал мигранти према Гевгелија

Објавено пред

на

На 23.10.2010 19.00 часот на автопатот Скопје – Гевгелија, на место викано „Клучка – с.Смоквица“, полициски сужбеници од Полициската станица за Граничен премин „Богородица“ дале знак за запирање на патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало и продолжило да се движи со голема брзина кон граничениот премин „Богородица“. 

По преземени мерки, во близина на царинскиот терминал биле пронајдени возилото и совозачот Е.Ј.(24) од с.Арачиново, скопско.

Исто така, во близина на возилото биле пронајдени и девет лица мигранти од Индија. Совозачот бил лишен од слобода, а миграните биле спроведени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Извор: МВР

Прочитај повеќе...

Македонија

Прилепчанец фатен жив додека обивал автомобил

Објавено пред

на

На 23.10.2021 во 21.30 часот на ул.„Рампо Левката“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Д.(38) од Прилеп, затоа што бил затекнат додека извршувал тешка кражба во патничко возило „бмв“, со прилепски регистарски ознаки.

Кај него биле пронајдени и одземени предметите кои ги одзел од возилото. И.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: МВР

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 2 минути

Денес 227 нови случаи на Ковид, додека 15 починале. Билансот по градови и активни случаи е следен..

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.595 тестирањe,...

СпортПред 3 часа

Moto GP: Среќен крај и завршница на пиедесталот за Фабио Квартараро

Францускиот мотоциклист Фабио Квартараро денеска ја освои титулата во Мото ГП. Денешната трка за Големата награда на Емилија Ромања ја...

СкопјеПред 7 часа

Скопјанец лишен од слобода, превезувал мигранти према Гевгелија

На 23.10.2010 19.00 часот на автопатот Скопје – Гевгелија, на место викано „Клучка – с.Смоквица“, полициски сужбеници од Полициската станица...

МакедонијаПред 7 часа

Прилепчанец фатен жив додека обивал автомобил

На 23.10.2021 во 21.30 часот на ул.„Рампо Левката“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Д.(38)...

На денешен денПред 12 часа

На денешен ден: 24 октомври

1360.- Англискиот крал Едвард III од Франција и францускиот крал Жан II Бон потпишаа договор во Кале за завршување на...

ХороскопПред 20 часа

Хороскоп за денес (24 октомври) недела

ОВЕН Максимално сте посветени на обврските и работата, одговорни сте и важно ви е да решите некои проблеми. Доколку имате...

ГејмингПред 23 часа

Grand Theft Auto: „The Trilogy – Definitive Edition“ пристигнува во ноември, ова се перформансите кои ќе се потребни на вашиот компјутер

Поминаа неколку недели откако Rockstar официјално го објави Grand Theft Auto: The Trilogy – Definitive Edition. Сега студиото повторно се...

СпортПред 1 ден

(ВО ЖИВО) Репрезентативките до 19 години во поход против Белорусија

Девојките до 19 години денес во 18.00 часот одат по нова победа против домаќинот на квалификацискиот турнир Белорусија 🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰 Гледајте...

БалканПред 1 ден

Состојбата со Ковид-19 на балканот

Во Хрватска, се забележани 3.585 нови случаи на вирусот Корона, а 25 лица починале, објави во саботата на националната цивилна...

Временска прогнозаПред 1 ден

Детали за временската прогноза, ќе биде уште по студено

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно топло со слаб до умерен ветер од...

НАЈЧИТАНИ