Временска прогноза Македонија Случувања

Денес променливо облачно со сончеви периоди

Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југозападен ветер.

По одделни котлини ќе има слаба магла,  особено во утринските часови.

Утринската температура ќе се спушти во интервалот од -1 до 4, а највисоката температура ќе достигне  од 7 до 16 степени.