Временска прогноза
Променливо облачно и нестабилно време
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Понестабилно ќе биде во западните и крајните источни делови, особено во попладневните часови, а најмалку врнежи ќе има долж Повардарието каде ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 20 до 32 степена.
УВ-индексот ќе изнесува 5.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 28 степени.
Во наредните денови дневната температура ќе биде малку под просекот за овој период од годината.
Временска прогноза
Попоски најавува големо невреме, ова се најновите информации

Во следните денови времето ќе биде многу нестабилно и на многу места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има појава на големо НЕВРЕМЕ проследено со интензивни врнежи од дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.
Можни се локални поплавувања и не се исклучува можноста во Македонија да се повтори невремето како што беше неодамна од Кавадарци и Неготино, и каде што имаше многу штети.
Затоа граѓаните треба да бидат крајно внимателни, за Еспресо вели метеопрогнозерот Попоски и додава дека температурите дека ќе се намалат дури за околу 10 степени во споредба на оние кои ги имаме сега.
Временска прогноза
На повидок нов топлотен бран, температури некаде и до 40 степени – ова се најновите метео информации

Оваа недела не чека претежно стабилно и суво време со голем пораст на температурите, за Еспресо истакна метеопрогнозерот Славчо Попоски. Се очекуваат температури насекаде низ Македонија да надминуваат 30 степени, а во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до 40 степени, потенцира метеопрогнозерот.
Попоски додава дека исто така се очекува и висок УВ индекс, па затоа граѓаните да пијат повеќе течности во текот на жешките денови пред нас.
Временска прогноза
Конечно стабилизација на времето со исклучок само на еден ден

Следува период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе биде утрешниот ден кога во попладневните и во вечерните часови ќе има појава на локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Температурите и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка ќе бележат тенденцја на значителен и брз пораст, а особено топло ќе биде од средината на оваа седмица кога температурите насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели истите се очекува да се искачат до околу 40 степени.
Во Скопје и околината исто така времето ќе биде стабилно, суво и сончево, додека утре попладне има услови за краткотрајна и локална нестабилност. Температурите ќе бележат тенденција на значителен и брз пораст и во следните денови тие ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 30 и 37 степени, за Еспресо вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (19 август)
-
Хороскоп3 часа
Викенд Хороскоп (сабота 20 август)
-
Временска прогноза7 часа
Попоски најавува големо невреме, ова се најновите информации
-
Магазин14 часа
„Apple“ откри безбедносна дупка во системот, им препорача на корисниците ажурирање
-
Македонија15 часа
Старица од Охрид била измамена дека нејзината ќерка направила сообраќајка и дека било потребно пари
-
Македонија1 ден
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, бензините остануваат непроменети
-
Автомобили13 часа
Дали знаете како е создадена мерката – коњска сила?
-
Свет14 часа
Од Лондон до Мајами за помалку од 5 часа? Се враќаат суперсонични авиони